Connect with us

Бизнис

Голема наградна игра на Иуте Македонија – Со Иуте секогаш повеќе

Објавено

на

Иуте Македонија уште еднаш покажува дека финансиската поддршка може да биде истовремено и возбудлива!

Со новата голема наградна игра „Со Иуте секогаш повеќе“, компанијата им овозможува на сите свои корисници можност не само полесно да ги остварат своите финансиски цели, туку и да добијат вредни награди.

Со секој одобрен потрошувачки кредит во периодот од 10 октомври до 30 ноември, корисниците стануваат потенцијални добитници на многу награди:

  • Apple iPhone 16 Pro Max 256 GB
  • Apple iPad A16
  • Ваучери за патување од туристичка агенција Магелан Травел (со слободен избор на дестинација и термин)

Во наградната игра учествуваат сите полнолетни државјани на Р. Северна Македонија кои ќе аплицираат за ненаменски потрошувачки кредит од 150.000 до 600.000 денари, со рок на отплата од 24 до 60 месеци и на коишто кредитот ќе им биде одобрен и исплатен во наведениот период.

Дополнително, Иуте во моментов нуди потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од само 2,9% и најповолни услови на пазарот – што jaправи оваа понуда уште поатрактивна.

Аплицирањето е достапно онлајн, преку мобилната апликација Myiute, со посета на најблиската експозитура на Иуте,  или преку контакт центарот за корисници на 13 333.

Повеќе информации за наградната игра, како и правилата на учество се достапни тука.

Остварете ги своите цели. Со Иуте секогаш добивате повеќе.

ПР објава

Бизнис

iuteMarket со попуст од 27% за обновен iPhone 15 Pro

Објавено

на

iute Macedonia објави нова понуда во рамки на iuteMarket за обновен Apple iPhone 15 Pro со 128 GB меморија во црна боја, кој е достапен со попуст од 27 проценти.

Како што информираат од компанијата, со купувањето корисниците добиваат и подарок безжичен полнач и држач за телефон, како и бесплатна достава.

Понудата е достапна преку апликацијата Myiute, во делот iuteMarket.

Продолжи со читање

Бизнис

iuteMarket со понуда за ученици и оние кои работат од дома: Биро и столица со 33 отсто попуст

Објавено

на

iute Macedonia нуди промотивна понуда преку iuteMarket, наменета за сите кои сакаат да создадат практично и удобно место за учење или работа.

Во рамки на понудата, STUDY MATE бирото и столицата се достапни со 33 отсто попуст, а купувачите добиваат и масичка за лаптоп на подарок.

Од компанијата посочуваат дека производите може лесно да се купат преку iuteMarket во апликацијата Myiute.

Понудата е насочена кон ученици, студенти, но и сите кои работат од дома и сакаат да го организираат својот работен простор со функционален мебел и дополнителна опрема.

Продолжи со читање

Бизнис

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за еден денар

Објавено

на

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за цените на нафтените деривати, со која од 1 септември малопродажните цени во просек се намалуваат за 2,06 проценти во однос на претходната одлука од 24 август.

Од 00:01 часот на 1 септември, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 94 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 96 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе изнесува 95 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 97 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе се продава по цена од 44,410 денари за килограм.

Со новата одлука, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за еден денар за литар. Дизелот, пак, поевтинува за 6,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло се намалува за 3,50 денари за литар. Мазутот поевтинува за 1,166 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека утврдените износи се максимални цени, а трговците можат нафтените деривати и горивата за транспорт да ги продаваат и по пониски цени.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange