Connect with us

Бизнис

Брзи, сигурни, одговорни: новата формула на финансискиот сектор

Објавено

на

Финансиската индустрија минува низ најголемата трансформација досега. Дигитализацијата веќе не е избор, туку нужност. Но, во свет каде сè станува автоматизирано, вистинската битка не се води за технологија, туку за доверба.

Иднината на финансискиот сектор ја гледам во комбинација од дигитализација, персонализирани услуги и ESG стандарди,“ вели Горан Арсов, ко-сопственик на Flex Group, компанија што веќе неколку години се издвојува како пример за тоа како технологијата може да ја засили, а не да ја замени човечката врска.

Кога финтек станува фер-тек

Клиентите денес бараат сè: брзина, сигурност, флексибилност, но и чувство дека компаниите со кои соработуваат делат исти вредности. Flex Group токму таму ја гледа својата предност. „Подготвуваме нови дигитални алатки кои ќе овозможат полесно управување со кредити, целосна транспарентност и мобилни услуги за брзо плаќање,“ вели Арсов.

Платформата Flex Pay веќе е конкретен пример за финтек решенија што носат вистинска вредност за клиентите. Со неа, дигиталните трансакции стануваат побрзи, поедноставни и побезбедни, но не и безлични. „Автоматизацијата никогаш не смее целосно да ги исклучи разбирањето и поддршката што произлегуваат од контакт со човек,“ додава Арсов.

Регулација, транспарентност и фер конкуренција

Според него, пазарот сè повеќе се прочистува од краткорочни играчи без визија, додека институциите создаваат фер услови за оние што градат доверба. „Веќе се донесени редица мерки и правилници со чија примена сериозните компании добиваат простор да растат, а несериозните постепено исчезнуваат од пазарот,“ истакнува тој.

Иднината: технологија со човечко лице

Flex Group го докажува токму тоа — дека модерното и одговорното можат да одат рака под рака. „Верувам дека комбинацијата од технологија, персонализација и одговорност ќе стане нов стандард,“ заклучува Арсов. „Нашата обврска е постојано да бидеме чекор пред времето и да покажеме дека финансиските услуги можат да бидат и модерни, и фер, и општествено одговорни.

Овој текст е изработен од Флекс Груп. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

Бизнис

Доларот закрепна откако се намалија очекувањата за зголемување на каматите во САД

Објавено

на

Американскиот долар во петокот зајакна во однос на повеќето водечки светски валути, делумно надоместувајќи ги големите загуби забележани по последниот состанок на Федералните резерви.

Доларот порасна за околу 0,3 проценти, откако во четвртокот загуби речиси 2,4 проценти, што беше негов најголем дневен пад од јануари 2023 година, објави „Economies.com“.

Федералните резерви на состанокот во средата ги задржаа каматните стапки непроменети. Претседателот на ФЕД, Кевин Ворш, ја повтори посветеноста на централната банка кон намалување на инфлацијата, но пазарите останаа неизвесни во однос на идната монетарна политика.

Според алатката „FedWatch“ на CME Group, инвеститорите сега проценуваат 63-процентна веројатност за зголемување на каматните стапки на состанокот на ФЕД во септември, наспроти повеќе од 80 проценти една недела претходно.

Податоците објавени во четвртокот покажаа дека инфлацијата во САД забавила во јуни. Сепак, повисоките цени на нафтата, предизвикани од обновените тензии на Блискиот Исток, повторно ги засилија стравувањата од инфлација и очекувањата дека каматните стапки ќе останат високи.

Јапонскиот јен накратко зајакна за 0,6 проценти, до 158,535 јени за долар, по интервенцијата на јапонските власти на девизниот пазар. Подоцна валутата повторно ослабе и се тргуваше по 159,905 јени за долар.

Банката на Јапонија ја задржа краткорочната каматна стапка на еден процент, но сигнализираше дека е можно дополнително заострување на монетарната политика, поради ризикот инфлацијата да ја надмине целта.

Продолжи со читање

Бизнис

Ферари ги зголеми прогнозите благодарение на богатите купувачи од секторот за вештачка интелигенција

Објавено

на

„Ферари“ ги зголеми прогнозите за добивката за оваа година, откако силната побарувачка за персонализација на автомобилите ја подобри профитабилноста на компанијата, и покрај падот на испораките.

Италијанскиот производител на луксузни автомобили сега очекува приспособена оперативна добивка од најмалку 2,26 милијарди евра, во споредба со претходната прогноза од 2,22 милијарди евра. Оперативната маржа се очекува да изнесува најмалку 29,5 отсто.

Во вториот квартал, „Ферари“ испорача 3.366 возила, што е за 3,7 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. Сепак, оперативната добивка се зголеми за 10 отсто, на 605 милиони евра, главно поради повисоката потрошувачка на купувачите за дополнителна опрема и персонализација.

Персонализацијата опфаќа избор на посебни материјали, бои, кожа, внатрешен дизајн и технолошки функции. Финансискиот директор Антонио Пика Пикон проценува дека овие услуги би можеле да учествуваат со повеќе од 20 отсто во годишните приходи на компанијата.

Главниот извршен директор Бенедето Виња изјави дека растот на богатството поврзан со секторот за вештачка интелигенција претставува добра можност за „Ферари“. Сепак, тој нагласи дека интересот за персонализација расте кај сите купувачи, а не само кај оние од технолошкиот сектор.

Аналитичарите оценуваат дека компанијата особено успешно ја користи новата побарувачка во САД, каде што растот на вредноста на акциите поврзани со вештачката интелигенција создаде нова група исклучително богати купувачи.

Книгата на нарачки на „Ферари“ е пополнета за цела 2027 година, а компанијата е единствениот голем европски производител на автомобили што ја зголеми годишната прогноза.

Од компанијата наведуваат и дека се задоволни од интересот за првиот електричен модел на „Ферари“, иако не откриваат колку примероци досега се продадени.

Извор: Finansije.hr

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте Македонија нуди кредит до 300.000 денари со фиксна месечна рата

Објавено

на

Иуте Македонија информира дека во рамките на својата понуда корисниците можат да аплицираат за готовински кредит во износ до 300.000 денари.

Според објавените информации, кредитот се отплаќа со фиксна месечна рата во текот на целиот период, со што корисниците однапред можат да ги планираат своите трошоци и обврски.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Иуте Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange