Connect with us

Банки

Нов успех и медали за тимот на Комерцијална банка на спортските игри по повод Денот на штедењето

Објавено

на

Вработените во Комерцијална банка уште еднаш го покажаа својот тимски дух, спортски елан и посветеност, освојувајќи златен медал во одбојка и сребрен медал во куглање на традиционалните спортски игри по повод Денот на штедењето.

Настанот, организиран од Синдикатот на финансиски организации на Македонија – СФОМ, ги обедини вработените од повеќе финансиски институции, кои се натпреваруваа во духот на спортот, соработката и пријателството.

Со освоените медали, КБ тимот уште еднаш потврди дека тимската работа, меѓусебната поддршка и позитивниот дух се вредности кои ја водат Банката и во работниот процес и надвор од него.

„Им честитаме на нашите колеги за заслужените медали и им посакуваме уште многу успеси“ – порачаа од Комерцијална банка.

Банки

Нова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје.

Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото.

Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, како и земјоделска и градежна механизација, но и друга опрема и машини.

Оперативниот модел на друштвото е насочен кон развој на иновативни и едноставни решенија со цел обезбедување подобро корисничко искуство и дигитализација на процесите. Активностите на компанијата опфаќаат широк спектар на лизинг решенија, како и дополнителни услуги поврзани со користењето на возилата и опремата кои се предмет на финансиски лизинг или закуп.

Продолжи со читање

Business Woman

Стопанска банка АД – Скопје и довери нов четиригодишен мандат на Милица Чапаровска – Јовановска во Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ја реизбра Милица Чапаровска – Јовановска за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор на Банката, со нов четиригодишен мандат.

Одлуката за повторното именување е донесена од Надзорниот одбор на Банката на 6 февруари 2026 година, а стапи во сила по добиената согласност од Народната банка.

„Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно Одлуката за повторно именување од страна на Надзорниот одбор бр. 10/2026 од 6.2.2026 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-4890/6 од 23.04.2026 година (примено на 24.4.2026 година) г-ѓа Милица Чапаровска – Јовановска се именува за Генерален директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години.“, информира Банката преку соопштение објавено на Македонска берза.

Со оваа одлука, Чапаровска – Јовановска ќе продолжи да ја извршува функцијата Генерален директор за банкарство на мало и член на Управниот одбор во наредните четири години.

Продолжи со читање

Банки

Државата одбележа 34 години монетарна самостојност: Денарот останува стабилен столб

Објавено

на

Државата одбележа 34 години од воспоставувањето на монетарната самостојност и воведувањето на македонскиот денар, соопшти Министерство за финансии.

Во објавата се наведува дека македонскиот денар низ годините успешно се справувал со бројни економски предизвици и се изгради како стабилна и сигурна валута, која претставува важен столб на националната економија.

Од Министерството посочуваат дека зачувувањето на стабилноста на денарот останува врвен приоритет, бидејќи токму таа стабилност е клучна за обезбедување на поширока економска сигурност.

Воедно, се нагласува дека институцијата е посветена на одржување на макроекономската и фискалната стабилност, како основа за повисок економски раст, зголемување на инвестициите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange