Банки
Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Дојче веле“: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава
Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ќе биде најважно за домашната инфлација. Исто така, мерките коишто ги презема Народната банка треба да придонесат за стабилизирање на инфлациските очекувања, како значаен фактор којшто влијае врз инфлацијата, а ќе делуваат и кај еден дел од инфлацискиот индекс, оној којшто е почувствителен на промените во побарувачката.
Со оглед на проекциите на меѓународните финансиски институции за стабилизација на цените на примарните производи на светските берзи и очекувањата за водење претпазливи макроекономски политики, се проектира забавување на инфлацијата со што оваа година таа би се свела на 8 до 9%, а на среден рок, инфлацијата и натаму ќе се намалува, сведувајќи се на нивото од 2,4% и 2% во 2024 и 2025 година, посочува Ангеловска-Бежоска и додава дека очекувањата се во согласност со проекциите на меѓународните институции за намалување на глобалната и на домашната инфлацијата годинава.
Во однос на мерките коишто се преземаат од страна на Народната банка, гувернерката истакнува дека централната банка уште кон крајот на 2021 година започнала со преземање повеќе мерки со оглед на присутните ценовни притисоци, но и притисоците на девизниот пазар, при монетарна стратегија на одржување стабилен курс на денарот.
„Општо е познато дека инфлацијата го намалува реалниот расположлив доход на домаќинствата, особено на оние со пониски примања, ја зголемува неизвесноста и со тоа неповолно делува и на потрошувачките и на инвестициските одлуки, односно на условите за раст. Оттаму, централните банки ширум светот се посветени на одржување на ценовната стабилност, на среден рок. Начинот и интензитетот на реакциите на централните банки зависат од природата на инфлацијата, односно од придонесот на одделните фактори коишто влијаат врз неа, од монетарната стратегија и од инструментите со кои располагаат“, вели Ангеловска-Бежоска.
Ризиците за овие проекции, особено во поглед на идните движења на цените на енергијата и храната, и натаму се значително изразени, поради неизвесноста во однос на времетраењето на војната во Украина, како и поради можните натамошни неповолни ефекти од пандемијата којашто сѐ уште трае, со што неизвесноста околу проекциите на инфлацијата и натаму е висока, се посочува во интервјуто.
Банки
НЛБ Банка со најмасовно учество на Виз Ер Скопскиот маратон меѓу финансиските институции
Викендов се одржа јубилејниот 20-ти Скопски Виз Ер маратон, на кој учествуваа рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји кои ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица.
НЛБ Банка АД Скопје со рекордни 190 учесници го одбележаа јубилејниот 20-ти Скопски маратон и беа најмасовни меѓу финансиските институции. Банката е горда на својот тим кој не само што учествуваше во дисциплините – штефетна трка, полумаратон и тим билдинг трка на 5 километри, туку постигнаа одлични резултати.
На штафетната трка тимот на НЛБ Банка Штафета 1 го освои одличното петто место благодарение на Миланчо Гинов, Маја Ѓорѓевска, Радмила Јованова и Иван Јовановски, додека НЛБ Штафета 2 го освоија 18-то место благодарение Тамара Ѓорѓиева, Сандра Укајдари, Игор Кузевски и Владимир Дојчинов што е личен успех на НЛБ Банка бидејќи беа за 3 места побрзи од минатата година.
Покрај штафетните трки вработените во НЛБ Банка успеаа да освојат солиден пласман и на полумаратонот и трката на 5 километри.
Банки
Стопанска банка АД – Скопје го обои Скопје во магента на 20-тиот Виз Ер маратон
Тимот на Стопанска банка АД – Скопје со 80 учесници зеде учество на јубилејниот 20-ти Виз Ер Скопски Маратон, носејќи ја препознатливата магента низ улиците на градот. Тимот се натпреваруваше во две дисциплини – полумаратон и тим билдинг трка на 5 километри.
Посебна гордост за тимот на Стопанска банка АД – Скопје беше постигнувањето на вработениот Марко Ташков, кој забележа најдобро време во својата категорија на трката од 5 км, што донесе дополнителен повод за славење.
По завршувањето на трките, вработените на Стопанска банка АД – Скопје имаа можност за дружење со менаџерскиот тим, споделувајќи ги своите искуства од овој значаен спортски настан кој го претставува Скопје на најмасовен начин.
Банки
Дел од вработените во Шпаркасе банка учествуваа на годинешниот јубилеен Скопски маратон!
Викендов се одржа јубилејниот 20-ти Скопски Виз Ер Маратон, на кој учествуваа рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји кои ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу ведри и задоволни лица.
Меѓу учесниците беа и вработени во Шпаркасе Банка АД Скопје кои учествуваа во дисциплините – полумаратон и тим билдинг трка на 5 километри.
Шпаркасе Банка е горда на своите вработени кои учествуваа на годинешниот 20-ти Скопски Виз Ер Маратон. Вработените од Шпаркасе Банка со позитивна енергија и страст кон спортот ја демонстрираа корпоративната култура за промоција на здрави навики, подигнување на свеста за активен живот и инвестирање во иднината.
Шпаркасе Банка преку платформата за општествена одговорност SparkasseLife, продолжува да го гради тимскиот дух и заедно со своите вработени да остварува нови успеси за подобро утре!
- Банкипред 1 недела
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 6 дена
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 7 дена
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 7 дена
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Продуктипред 1 недела
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 недела
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 2 месеци
Промени во Управниот одбор на една од најголемите банки во земјава!?
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје