Connect with us

Останато

Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии

Објавено

на

Експерти од Трезорот на САД ќе дадат поддршка за унапредувањето на капацитетите на Трезорот на Министерството за финансии. Во Вашингтон, министерот за финансии, Фатмир Бесими потпиша спогодба со заменик помошник секретарот на Трезорот на САД, Џејсон Орландо, со кој се овозможува техничка помош за поддршка на јакнењето на капацитетите во нашиот трезор.

Како што соопшти Министерството за финансии, експертите кои ќе работат со колегите од трезорот, ќе дадат поддршка во области како формулирање и реализација на буџет, индикатори на успех, проекции на готовински текови и слично. Експертската поддршка ќе стартува од септември годинава.

Залагањата на Министерството за финансии се преку континуирано јакнење на своите капацитети да придонесува кон унапредување во управувањето со јавните финансии. Оттаму, ќе се потпишат договори за експертска поддршка и во други две сфери, стои во соопштението на Министерството.

Минатата година со носењето и почетокот на имплементацијата на новиот Закон за буџети, започна најголемата реформа во јавните финансии од осамостојувањето на државата, која предвидува интегрираностна финансисиите, индикатори на успех, и управување со финансиите водено од резултати, додаваат од Министерството.

Останато

Фискалниот совет предлага од 2026 година зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години

Објавено

на

Од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање за мажи и жени на 67 години и истовремено да се зголеми стапката за пензинско осигурување за 0,7 процентни поени, односно да изнесува 19,5 проценти, препорачува Фискалниот совет како предлог на Фискалната стратегија 2025-2029 година. 

Од Фискалниот совет, кој е е независно тело што изработува анализи и мислења за макроекономските и за фискалните претпоставки користени за изработка на Буџетот на државата и фискалната стратегија, нагласуваат дека ваквите мерки се потребни за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и за консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период. 

„Фискалниот совет е на мислење дека за одржување на Фондот на ПИОМ, намалување на фискалните ризици и консолидација на буџетот во наредниот среднорочен период, потребни се дополнителни мерки како зголемување на работниот век на вработените и постепено зголемување на придонесот на пензиско и инвалидиско осоригување (тековно е на 18,8 проценти што е намалување од 2,4 проценти во однос на 2008 година кога изнесуваше 21,2 проценти). Кога на тоа би се додало старењеето на населението, а со тоа и секоја година зголемувањето на бројот на пензионери за околу 1500-1700 нови пензионери секоја година, придружувано и со преференцата за емигрирање на младите во странство, а со тоа и релативно намалување на покриеноста на пензионите приходи со наплатените придонеси, проблемот уште повеќе станува комплексен. Оттука фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ претставува посебен фискален ризик“, се наведува во мислењето од Фискалниот совет. 

Во однос на зголемувањето на стапката за пензиско осигурување, од Фискалниот совет препорачуваат во 2027 година да се направи анализа за фискалната одржливост на Фондот на ПИОМ и во зависност од трендот и потребата, постепено да се зголемува придонесот до 21 проценти до 2029 година.

За ваквите предлози на Фискалниот совет денеска реагираа од „Левица“. 

„Ја предупредуваме оваа, како и секоја идна Влада да не си игра со маката на работниот народ. Доколку сакаат да интервенираат во ФПИОМ, тогаш нека почнат од нивните функционери кои го доведоа во ваква состојба! Повикуваме, Фискалниот совет да ги преиспита своите мислења. Потребно е спроведување стратешки политики во реалниот сектор кои ја подобруваат положбата на работниците, во спротивно бранот на иселување на млада и стручна работна сила нема да биде спречен, а со тоа нема да се спречи и намалувањето на придонесот во ФПИОМ“, велат од Левица.

Продолжи со читање

Останато

Во третиот квартал имало 10.010 слободни работни места

Објавено

на

Во третиот квартал годинава во државава имало 10.010 слободни работни места, а најголем број односно 1.950 во услужните дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика.

Во групата Стручњаци и научници се регистрирани 1.909 слободни работни места, а следни се Елементарни занимања, 1.781, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 1313, Ракувачи и составувачи на машини и постројки, 1.114, Техничари и сродни занимања, 1.001. Во групата Државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори имало 33 слободни работни места, 28  во Воени занимања, 15 во Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот. 

Како што објави ДЗС, во третото тримесечје од годинава, стапката на слободни работни места изнесува 2,02  проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.11  проценти.

Деловните субјекти, со број на вработени од 10 до 49, имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 3.06  проценти.

Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, односно 2.34 проценти.

Пополнети се  486 515 работни места.

Продолжи со читање

Останато

Компаниите до крајот на месецов задолжително треба да исплатат К-15, колку пари треба да им легнат на сметките на вработените!?

Објавено

на

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор, попознат како К-15. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.

Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината, иако законски може да почне да се извршува од мај. Услов за исплата на регресот е работникот да работи најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. Регрес им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Продолжи со читање

Популарно