Останато
ПРОДОЛЖУВА ПАДОТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД – намалена за цел процентен поен при што достигна ниво од пет проценти
Годишната стапка на инфлација во март во САД падна на пет проценти, што е најниско од септември 2021 година и е во согласност со прогнозите.
Во февруари инфлацијата изнесуваше 6 проценти, додека пак во јануари таа беше на нивото од 6,4 проценти.
Цените на храната се зголемени и се на нивото од 8,5 проценти во однос на 9,5% колку што изнесуваше во претходниот месец.
Исто така, цените на енергенсите значително се намалија и сега се на ниво од -6,4 проценти на годишно ниво во однос на 5,2 проценти претходниот месец, а особено гасот кој е намален за 17,4% и горивото за 14,2%.
Од друга страна, струјата е намалена за 12,9 отсто, за еден процентен поен повеќе од јануари.
Базичната инфлација, кога се исклучени цените на енергијата и храната, се зголеми од 5,5 проценти на 5,6 проценти на годишно ниво и 0,4% на месечно ниво, согласно предвидувањата и очекувањата.
Федералните резерви на САД официјално таргетираат годишно ниво на инфлација од два проценти.
Останато
Претставници од Бордот на ЕБОР во посета на Македонија
Претставници од Бордот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска пристигнуваат во петдневна посета на Македонија. Како што е најавено, за време на посетата ќе се сретнат со владини претставници, претставници од граѓанскиот сектор, инвеститори и претприемачи.
Целта на посетата, како што соопштуваат од Европската банка за обнова и развој, е да се запознаат со економската и инвестициона клима и да ги идентификуваат клучните области на ангажманот на ЕБОР, во насока на интензивирање на деловниот и политичкиот дијалог.
Домаќин на делегацијата е Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Македонија.
Бордот на ЕБОР ќе биде претставуван од Шун Цучида, советник на Бордот за Јапонија, Инка Мулерова, советник на Бордот за Чешка, Диого Лопез Монтеиро, советник на Бордот за Португалија, Ариана Калиари, советник на Бордот за Италија, Енрике Мадерел, советник на Бордот за Северна Македонија, Холандија, Кина, Монголија и Арменија.
Советниците на Бордот, како што е наведено во соопштението, ќе се сретнат со министерката за енергија, рударство и минерали Сања Божиновска, со државната советничка во Министерството за енергија Елена Ивановска, со претставничките на Народната Банка, вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска и со генералниот директор на Одделот за супервизија Викторија Глигорова.
Делегацијата ќе оствари средби и со претставници на меѓународните финансиски институции, комерцијални банки и енергетски компании (МЕПСО, ЕСМ и НОМАГАС), како и претставници на граѓанскиот сектор и дипломатската заедница.
До денес Банката има инвестирано над 2,9 милијарди евра во 196 проекти во земјава. Последната стратегија на ЕБОР за земјата е одобрена во 2019 година.
„ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија и до денес има инвестирано над 2.9 милијарди евра во 196 проекти, фокусирајќи се на поддршка на конкурентноста преку зајакнување на ланецот на вредности, надградба на вештините на работната сила, зајакнување на управувањето, унапредување на регионалната интеграција и поврзување на меките вештини, поддршка на доближување до Европската Унија и натамошна транзиција на зелената економија преку поодржлива комбинација на енергии и поголема ефикасност на ресурсите“ – се наведува во соопштението.
Останато
Објава на Нобеловата награда за економија 2024: Најпрестижната награда во областа на економските науки
Денеска ќе биде објавен добитникот на Нобеловата награда за економија (официјално позната како “Наградата за економски науки во спомен на Алфред Нобел”), што традиционално се прогласува последна, според програмата на организаторите за 2024 година.
Таа награда е единствената што не била вклучена во тестаментот на шведскиот индустријалец и филантроп Алфред Нобел. Востановена е во негово сеќавање речиси 70 години по другите престижни награди во негово име дури во 1969 година од страна на Шведската централна банка.
Како и останатите Нобелови награди, наградата за економија или поточно наградата за економски науки се доделува од Кралската шведска академија на науките и е најпрестижна награда во областа на економските науки. Секој победник се избира врз основа на нивните извонредни придонеси во теоријата, истражувањата или применетите економски практики.
Останато
Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, а се очекува да бидат достапни до Нова година
Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите.
Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава.
„Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Ние ќе ги префрлиме парите кон Развојната банка на принцип на позајмица и таа понатаму ќе ги пласира. Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска на прес-конференција во Владата.
Се очекува парите од кредитот, што на 8 октомври беше потпишан во Будимпешта, да бидат достапни за компаниите пред Нова Година.
Министерката вели дека такви се очекувањата, но дека се ќе зависи од ангажманот на сите институции инволвирани во процесот.
„Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да ви кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година“, рече Димитриеска-Кочовска.
Министерката не открива детали за Предлог-буџетот за 2025 година, но вели дека пари за ЕСМ во новиот буџет не се планирани.
Парите ќе треба ЕСМ да ги обезбеди преку комерцијалните банки, а министерката за финансии вели дека банките го поддржуваат секој што има визија и план.
„Останувам на ставот дека пари од Буџетот нема да одат кон ЕСМ, а понатаму ќе видиме дали комерцијалните банки ќе одобрат или нема да одобрат кредити. Мислам дека тоа е веќе договорено и дека помина и на последната владина седница. Бидејќи бев во Будимпешта и целосно посветена на потпишувањето на кредитот, не ја следев комплетно ситуацијата, односно состојбата и одлуките на Владата, но, по мои информации, требаше да биде помината информација за ЕСМ дека ќе си ги обезбедат средствата од синдицирани заеми од комерцијалните банки. Јас воопшто не се сомневам дека имаат можности. Страшното е кога немате план и визија,тогаш ниедна банка не ве поддржува, но ако имате добри бизнис планови како ја гледате иднината на компанијата, тогаш банките може да го сменат размислувањето и да ве поддржат. Суштината е во тоа како ве гледаат и оценуваат банките. Доколку имаат доверба во вас не значи тоа што компанијата е толку задолжена. Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат“, истакна Димитриеска-Кочовска.
- Банкипред 2 недели
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 2 недели
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 недели
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 недели
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 недели
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 4 дена
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Банкипред 2 недели
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 6 дена
АНТОНИО АРГИР СО УШТЕ ЕДНА ВИСОКО-РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ВО НЛБ ГРУПАЦИЈАТА – ќе биде и претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина