Лични финансии
Следната недела ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост
Следната недела, од 26 до 28 ноември, ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување.
Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи, ќе ги информираат граѓаните за активностите и за настаните што се планираат, известувајќи и за начинот на пријавување на секој заинтересиран граѓанин.
Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Конкретно, Народната банка организира Јавен повик до јавноста за земање учество на повеќе едукативни активности. На првиот ден, Народната банка ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани лица коишто ќе можат да се информираат за правата на потрошувачите на финансиските услуги. Вториот ден ќе бидат организирани три он-лајн предавања на три теми: „Во светот на финансиите – Финансиска едукација за средношколци“, „Заштитни елементи на македонските пари“ и „Платежна сметка со основни функции“. Во текот на третиот ден ќе биде организиран студентски час во просториите на Народната банка наменет за студентите од факултетите во земјата на следните три теми: „Монетарната политика на Народната банка“, „Улогата и значењето на статистичките податоци на Народната банка“ од страна на претставници на Народната банка и „Младите и финансиската едукација“ во соработка со Здружението Алпбах.
Во текот на годинава, финансиските регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. За следниот период се очекува дополнително засилување на ваквите активности, имајќи го предвид спроведувањето на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.
Банки
Денови на финансиска писменост: Како да ги заштитиш личните финансиски податоци од онлајн измами?
Темата за заштита на личните финансиски податоци е секогаш актуелна во „Финансиската училница“ на Комерцијална банка, која има нова лекција по повод Деновите на финансиска писменост – Како да ги заштитиш личните финансиски податоци од онлајн измами?
Заштитата на личните финансиски податоци е клучна за избегнување измами и други форми на финансиска злоупотреба на Интернет платформите. Сигурно често вршите онлајн трансакции, а тоа значи дека треба да бидете внимателни кога бирате каде и како ќе го извршите онлајн плаќањето.
За да не бидат злоупотребени вашите лични финансиски податоци, се грижи Комерцијална банка, но треба да се грижите и вие.
Лични финансии
Народната банка со препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување
Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на личните финансии е од суштинско значење.
Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.
„Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет – купувајте паметно, останете заштитени!“, препорачуваат од Народната банка.
Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по драстично намалени цени.
Лични финансии
Кој е најдобриот начин за отплата на долгот и намалување на презадолженоста?
Сведоци сме дека живееме во време кога населението се повеќе го зголемува долгот кон банките и кон финансиските институции, пред се поради неможноста од месечните приходи да ги задоволи сите свои потреби. Но, се поголемото задолжување наметнува низа прашања во врска со способноста да се отплати долгот навреме.(повеќе…)
- Банкипред 7 дена
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Банкипред 3 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 2 месеци
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Банкипред 7 дена
ТТК Банка започна со исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита
- Бизниспред 1 месец
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година