Банки
Донација на НЛБ Банка за Клиниката за гинекологија и акушерство
Во месецот кога се одбележува Светскиот ден на предвремено родените бебиња, 17 ноември, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство официјално го пушти во употреба интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени, донација од НЛБ Банка, реализирана во рамките на проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“.
Интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија на новородени е прв и единствен на државните клиники во земјава со чија употреба значително ќе се подобрат резултатите за време на „златниот час“ – првиот час по раѓањето на новороденчето, транспортната патека и престојот во Одделението за интензивна нега при неонатолошкото одделение. Овој медицински апарат е најнова иновација кој овозможува примена на вистинска заштитна стратегија за вентилација на белите дробови и мозокот, сè со цел да се спречат повреди на белите дробови, хемодинамски и невролошки оштетувања кај новороденчето.

„Искрена благодарност до НЛБ Банка за оваа значајна донација. Кога велам значајна, навистина мислам така бидејќи со овој апарат се обезбедува заштитна нега и средина која одговара на потребите на бебето и се зголемуваат шансите за намалување на бројот на респираторни компликации и смртни случаи кај предвремено родените бебиња.“ – истакнува Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Проф. Д-р. Ирена Алексиоска Папестиев и појаснува: „Недоносените доенчиња се особено изложени на зголемен ризик од морбидитет и морталитет поради незрелоста на нивните телесни системи. Неонаталната вентилација е важен дел од грижата што се обезбедува во единицата за неонатална интензивна нега. Но, вентилацијата на новороденчињата е значителен предизвик во периодот по реанимација до сместување во инкубатор. Интраклиничкиот транспортен систем за респираторна терапија овозможува пренос на новородените до одделението со респираторна поддршка, што е многу значајно, бидејќи иако се работи за само неколку минути, без респираторна поддршка доаѓа до респираторната инсуфициенција која е една од главните причини за неонатална смртност или можни компликации.“
Инаку, проектот „Свет полн со добрина е свет полн со можности“ во рамките на кој е и оваа донација беше реализиран како дел од голема регионална донаторска акција на НЛБ Групацијата кога беа донирани вкупно 1,35 милиони евра на сите пазари каде што е присутна Групацијата.

„Кога велиме „Свет полн со добрина е свет полн со можности“, веруваме во можности за сите! Оваа донација им дава можност на „малите херои“ да се изборат за воздух и да зачекорат низ животот, охрабрувајќи ги нивните семејства дека има надеж. Квалитетна медицинска нега и грижа е значаен столб за одржливо здравство. Како општествено одговорна компанија, ние сме силно посветени на одржливи проекти, со посебен фокус на организации и институции од јавен карактер кои имаат витална улога и придонесуваат за добробит на заедницата, на што остануваме посветени и во иднина“. – истакнува по повод донацијата Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

Светскиот ден на предвремено родените бебиња се одбележува секоја година на 17 ноември со цел да се подигне свеста за предвременото раѓање и загриженоста на нивните семејства ширум светот. Статистиките говорат дека приближно 15 милиони бебиња се раѓаат предвремено годишно, а предвременото породување е водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години во светот. Во Македонија е значително зголемен бројот на прематури – предвремено родени бебиња. За илустрација, според последните информации од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, на Одделението за интензивна нега при неонатолошкото одделение голем дел од предвреме родените бебиња се екстремни прематури, родени пред 27 гестациска недела со исклучително мала родилна тежина.
Банки
УНИБанка со промотивни каматни стапки за штедење во евра
УНИБанка нуди промотивни каматни стапки за депозитниот производ „Депозит Фикс“ и штедење во евра, со пократки рочности од 3, 6 и 12 месеци.
Од банката информираат дека понудата е насочена кон клиенти кои бараат флексибилни и сигурни начини за штедење, со можност средствата да растат и на краток рок.
Новите услови овозможуваат избор на рочност според индивидуалните потреби, атрактивни каматни стапки и сигурност при штедењето во евра.
Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат да го оптимизираат своето штедење, без разлика дали станува збор за краткорочни планови или за постепено зголемување на средствата.
Банки
Капитал Банка нуди долгорочни кредити за инвестиции за компании
Капитал Банка АД Скопје во својата понуда има долгорочни кредити за инвестиции наменети за правни лица, како поддршка за развој и унапредување на бизнисите.
Од банката посочуваат дека капиталните вложувања се важен чекор за зголемување на деловниот капацитет, подобрување на ефикасноста и зацврстување на пазарната позиција на компаниите.
Кредитот се одликува со фиксна каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 144 месеци и грејс период до 12 месеци. Воедно, не се предвидени дополнителни трошоци.
Оваа финансиска можност е наменета за компании кои сакаат да изградат стабилна финансиска основа и да ги реализираат своите инвестициски планови.
Банки
Цената на златото расте, но притисокот сè уште е присутен
Цената на златото забележа раст во текот на последното тргување, поддржана од задржувањето над нивото на поддршка од 54.700, кое беше очекувана цел во претходните анализи. Ова овозможи позитивен импулс и делумно закрепнување од претходните загуби, во услови кога индикаторите за релативна сила покажуваат подобрување по излегувањето од зоната на препродаденост.
Сепак, и покрај ова закрепнување, притисокот за пад останува. Цената го проби краткорочниот растечки корективен тренд, а воедно се движи и под 50-дневниот експоненцијален подвижен просек (EMA50), што го ограничува потенцијалот за посилен раст во блиска иднина.
Еврото со мешани сигнали во однос на доларот
Валутниот пар EUR/USD покажува нестабилност во последното тргување, со поддршка околу нивото од 1,1730. Ова ниво обезбеди одреден позитивен импулс, при што индикаторите за релативна сила сигнализираат почеток на нагорен пресек по излегувањето од зоната на препродаденост.
И покрај тоа, краткорочниот притисок за пад останува поради доминацијата на корективен надолен бран, а цената продолжува да се движи под EMA50. Сепак, ова не го поништува поширокиот нагорен тренд, бидејќи движењето и понатаму се одвива по поддржувачка тренд-линија, оставајќи можност за нов раст во наредниот период.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно


