Connect with us

Банки

Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот

Објавено

на

Индексот на финансискиот развој на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој го отсликува опсегот, пристапот и ефикасноста на финансиските институции и финансиските пазари, за нашата земја изнесува 0,26, што не позиционира меѓу најдобро рангираните во регионот. Ова покажува забележителен напредок во нивото на финансиското посредување и неговото унапредување. Сепак се уште постои јаз во однос на земјите од Европската Унија, што укажува на потребата за понатамошно финансиско продлабочување, преку коешто ќе се забрза и процесот на доходна конвергенција кон ЕУ “. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот Фадил Бајрами учествуваше на конференцијата „Премостување граници, градење иднина: интеграција во СЕПА за финансиска инклузија“, којашто се одржа во Приштина, Косово, во организација на Централната банка на Косово по повод 25-годишнината од нејзиното формирање.

Гувернерката посочи дека банкарскиот сектор остана потпора на економиите во регионот и за време на последната инфлациска криза. Зборувајќи за домашниот банкарски сектор, Ангеловска-Бежоска истакна дека тој оствари  највисок раст на адекватноста на капиталот во регионот, нефункционалните кредити се на историски најниски нивоа, додека ликвидноста останува висока. Сепак, за да се постигне побрза конвергенција и за да се зголеми потенцијалот за економски раст, потребен е понатамошен развој на финансискиот систем со повеќе алтернативи за финансирање.

Земјите во регионот имаат релативно ниска стапка на домашно штедење, при што домашните пазари на капитал се плитки и не нудат доволно финансиски алтернативи. Оттука, финансирањето на структурната трансформација на економиите наметнува потреба од дополнителни извори, како на пример влез на странски капитал, вклучително и во банкарскиот систем, поттикнување на домашното штедење, искористување на странската готовина во оптек во овие земји за продуктивни цели, меѓународно финансирање. Во овој контекст, понатамошната консолидација и дигитализација на банкарскиот систем, како и понатамошното усогласување со европските стандарди ќе ја зголеми неговата конкурентност, овозможувајќи побрза интеграција со финансиските системи во ЕУ“, порача гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека земјите од регионот се посветени на овој процес преку пристапувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА).

Претставниците на меѓународните финансиски институции коишто присуствуваа на конференцијата искажаа поддршка за заложбите на централните банки од регионот за усогласување на националната правна рамка со европската, што е предуслов за пристапувањето во СЕПА.

На конференцијата, беше ставен фокус и на модернизацијата на платните системи кои се клучни за јакнењето на економските врски помеѓу државите во регионот. Членството во СЕПА, носи мноштво на придобивки, како за граѓаните, така и за стопанството преку намалување на трошоците и времето за прекуграничните трансакции. Нашата земја, Албанија и Црна Гора имаат висок степен на усогласеност со правната рамка на ЕУ и се првите три земји од Западен Балкан коишто наскоро очекуваат одговор на барањата за скорешно пристапување во СЕПА.

Банки

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Објавено

на

Нови 16 здруженија и асоцијации на лица со попреченост ќе добијат грантови од Стопанска банка АД – Скопје за реализација на проекти кои ја поттикнуваат инклузијата и ги подобруваат условите за нив во заедницата. Стопанска банка ги објави добитниците на грантовите во вкупна вредност од 30.000 евра, како дел од годинешното издание на општествениот проект на Банката, „Сонуваме.Менуваме“ vol.7 кој од 2016 година ја подигнува јавната свест за поголема инклузија на лицата со попреченост и помага во градењето на подобро општество за сите.   

Оваа година на јавниот повик на Стопанска банка се пријавија 28 здруженија и асоцијации од земјава кои аплицираа со конкретни проекти. Посебно формирана комисија во Банката ги оценуваше пристигнатите проекти, при што се вреднуваше бројот на лица што ги опфаќа проектот, дали овозможуваат континуирана работа со лицата со попреченост преку нови едукативни, инклузивни или физиотерапевтски методи или пак овозможува нивна поголема слобода при движењето и извршувањето на секојдневните активности. Комисијата селектираше 16 проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од Банката за нивна реализација.

„Им благодариме на сите здруженија и асоцијации кои испратија барања и одговорија на повикот. Нѐ радува фактот што со годинешниот буџет достигнуваме 150.000 евра донирани во проекти кои значително го подобруваат секојдневието на лицата со попреченост“ – истакнуваат од Стопанска банка.

Преку платформата „Сонуваме.Менуваме“, во оваа и претходните години, Стопанска банка финансиски има поддржано реализација на околу 80 инклузивни проекти. „Сонуваме.Менуваме“ продолжува да биде платформа преку која Банката промовира инклузија на лицата со попреченост во општеството преку кампања, инклузивни музичко театарски претстави и донации.

Музичко-театарските претстави за деца кои се значаен и видлив дел од оваа општествено-одговорна кампања, покрај во Скопје, се прикажуваат годинава во Велес и во Битола, ширејќи ја на интересен и приемчив начин пораката за значењето на инклузијата.

Продолжи со читање

Банки

Во чест на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Халкбанк со хумана донација: Електрични колички за поголема независност на лицата со попреченост

Објавено

на

Во чест на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Халкбанк АД Скопје реализираше значајна општествено одговорна активност, донирајќи електрични инвалидски колички на SOS Vita, здружение кое активно обезбедува поддршка, грижа и подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Со оваа донација, Халкбанк испраќа јасна порака за важноста на инклузијата и еднаквите можности, овозможувајќи им на корисниците поголема самостојност, мобилност и полесно секојдневно функционирање.

Оваа иницијатива претставува дел од континуираните активности на Банката во насока на поддршка на ранливите категории и унапредување на општествената благосостојба.

Халкбанк продолжува да инвестира во заедницата и да создава позитивни промени преку конкретни и долгорочни проекти.

Продолжи со читање

Банки

4 Декември е меѓународен ден на банките: Признание за довербата, стабилноста и развојот

Објавено

на

Меѓународниот ден на банките се одбележува секој 4 декември, ден прогласен од Обединетите нации во 2019 година со цел да се препознае клучната улога на банките во економскиот развој, финансиската стабилност и општествениот напредок. Овој ден служи како потсетник за значењето на безбедните, транспарентни и достапни финансиски услуги кои претставуваат темел без кој модерните економии не можат да функционираат.

Како се одбележува во Европа и светот?

Во Европа, одбележувањето на Меѓународниот ден на банките најчесто е фокусирано на финансиска едукација, дигитална трансформација и заштита на потрошувачите. Банкарските здруженија и централните банки организираат панели, конференции и јавни дебати за улогата на банкарскиот сектор во развојот на економијата, како и за новите трендови – инстант плаќањата, дигиталните иновации и сајбер-безбедноста.

Во некои земји се организираат и отворени денови во банките, каде граѓаните имаат можност поблиску да се запознаат со банкарските услуги, да добијат совети за лично финансиско планирање и да се информираат за програмите за поддршка на претприемачите.

На глобално ниво, Обединетите нации и меѓународните финансиски институции ја нагласуваат важноста на финансиската инклузија, со посебен акцент на поддршка на малите бизниси, одржливи проекти и зајакнување на пристапот до финансии во земјите во развој.

Што претставува денот?

Денот е признание за:

Улогата на банките во стабилноста на финансискиот систем;

Поддршката што ја даваат на компаниите, семејствата и инвеститорите;

Инвестициите во дигитализација и иновативни решенија;

Одговорноста што ја имаат кон потрошувачите и заштитата на нивните права.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на банките е можност да се потсетиме дека современата економија се потпира на силен, стабилен и инклузивен банкарски сектор кој создава вредност за целото општество.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange