Connect with us

Анализи

АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?

Објавено

на

Колкави се разликите во каматите за штедење во различни банки? За една година може да заработите минимални 3.300 денари, но вашата заработка може да достигне и 23.171 денар!

Повеќе од сигурно е дека штедењето станува исплатлива инвестиција затоа што каматните стапки од почетокот на годината значително се зголемија. Факт е дека сите банки во земјава ги зголемија каматните стапки за штедење во денари и во евра, но сепак постојат големи разлики помеѓу нив кога станува збор за висината на каматните стапки. Тоа го прави штедењето вистински предизвик за граѓаните.

Тргнувајќи од значајните промени и големите разлики кај каматните стапки за штедење, Банкарство.мк ги анализира каматите за орочен депозит во денари со рок од 12 или 13 месеци, како промотивен период на орочување карактеристичен за одредени банки. За пример зедовме депозит од 600.000 денари и пресметавме колкав износ на камата ќе добиете за орочениот депозит. Ги анализиравме најповолните депозитни производи на претходно наведените рочности од секоја банка.

Што покажа нашата анализа? Најголемиот износ на камата што ќе го добиете за орочување на 600.000 денари на 12 месеци (односно 13 месеци кај некои банки) изнесува 23.171 денар, а најмалиот 3.300 денари!

Еве што покажа нашата анализа:

Централна кооперативна банка – Супер депозит (13 месеци)
Износ на камата: 23.171 денари
Висина на годишна к.с.: 3,40%
Исплата на камата: по истек на орочување.

Шпаркасе банка – Депозит плус (13 месеци)
Износ на камата: 19.874 денари
Висина на годишна к.с.: 3,1% фиксна
Исплата на камата: по истек на орочување.

Уни банка – Депозит фикс (12 месеци)
Износ на камата: 18.600 денари
Висина на годишна к.с. денари
Висина на годишна к.с.: 3,10%
Исплата на камата: по истек на орочување.

Прокредит банка – Орочен депозит (13 месеци)
Износ на камата: 18.200денари
Висина на годишна к.с.: 2,8%
Исплата на камата: месечно во промотивен период.

Халкбанка банка – Промо летен депозит (12 месеци)
Износ на камата: 18.000 денари
Висина на годишна к.с.: 3,00% фиксна
Исплата на камата: по истек на орочување или месечно.

Стопанска банка Битола – Депозит со антиципативна исплата на камата (12 месеци)
Износ на камата: 16.800 денари
Висина на годишна к.с.: 2,80%
Исплата на камата: на денот на уплата на влогот.

НЛБ банка – Супер депозит (13 месеци)
Износ на камата: 17.309 денари
Висина на годишна к.с.: 2,70%
Исплата на камата: месечно или по истек на орочување

Стопанска банка Скопје – Депозит со антиципативна исплата на камата (12 месеци)
Износ на камата: 15.041 денари
Висина на годишна к.с.: 2,50%
Исплата на камата: на денот на уплата на влогот.

Комерцијална банка – Стандардно орочено штедење (12 месеци)
Износ на камата: 6.016 денари
Висина на годишна к.с.: 1,00%
Исплата на камата: по истек на орочување.

ТТК банка – Стандарден депозит (12 месеци)
Износ на камата: 3.300 денари
Висина на годишна к.с.: 0,55%
Исплата на камата: месечно.

Анализи

ММФ предвидува раст од 3,2% за македонската економија во 2025 година

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов извештај објавен во рамки на Пролетните средби во Вашингтон, предвидува економски раст на Северна Македонија од 3,2% за тековната 2025 година, како и за 2026 година.

Позитивната проекција е придружена со проценка дека инфлацијата ќе достигне 3,4% годинава, а веќе во 2026 година ќе се намали на 2,2%, што укажува на стабилизирање на ценовниот притисок во економијата.

Во регионален контекст, ММФ очекува слична или повисока стапка на раст во неколку соседни земји: Косово (4%), Албанија (3,8%), Србија (3,5%), Црна Гора (3,2%) и Босна и Херцеговина (2,8%).

Сепак, извештајот од ММФ сигнализира глобални ризици. Ревидираната глобална прогноза предвидува раст од 2,8% за 2025 година – што е пад за 0,5 процентни поени во однос на јануарската проценка. Факторите што влијаат на ваквото забавување се поврзани со повисоки давачки, зголемена неизвесност и геополитички тензии.

Во САД, најголемата светска економија, се очекува раст од 1,8%, намалено од претходните 2,7%. Слично, прогнозите за Велика Британија се намалени од 1,6% на 1,1%.

ММФ ги повикува владите ширум светот на претпазливост, реформи и зголемена поддршка за одржлив развој, особено во услови на забавен глобален економски раст и нестабилна меѓународна сцена.

Продолжи со читање

Анализи

ММФ со песимистичка прогноза: светската економија забавува во 2025 година поради зголемената неизвесност

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше надолу својата прогноза за економскиот раст во 2025 година, предупредувајќи дека глобалната економија се соочува со „значително забавување“, главно поради зголемените фискални трошоци и политичката и трговската несигурност што преовладува на светската сцена.

Во својот најнов Глобален економски изглед, ММФ предвидува раст на светската економија од 2,8%, што е за 0,5 процентни поени пониско од јануарската проекција (3,3%).

Главни промени по региони:

  • САД: Проекцијата за најголемата светска економија е намалена од 2,7% на 1,8% за 2025 година, додека во 2026 се очекува натамошно забавување на растот до 1,7%, како резултат на политичка неизвесност и трговски тензии.
  • Кина: Се предвидува раст од 4% во 2025 и 2026 година, што е ревизија надолу од јануарските прогнози (4,6% и 4,5%).
  • Еврозоната: Активноста треба да порасне за 0,8% оваа година и 1,2% во 2026, со благо намалување од 0,2 процентни поени.
  • Велика Британија: Новата проекција е 1,1%, наместо претходните 1,6%.
  • Јапонија: Очекуван раст од 0,6% во 2025 и 2026 година, под влијание на зголемени царини и нестабилна надворешна трговија.
  • Индија: Иако останува една од најбрзорастечките економии, прогнозите се намалени на 6,2% за 2025 и 6,3% за 2026 година.
  • Русија: Проекцијата за 2025 година е раст од 1,5%, но веќе следната година се очекува забавување до 0,9%.

ММФ предупредува дека неизвесноста и геополитичките тензии би можеле дополнително да ја нарушат економската стабилност и да создадат нови притисоци врз инфлацијата и пазарите на труд.

Продолжи со читање

Анализи

Просечната нето-плата во февруари достигна 43.053 денари – раст од 9,6% на годишно ниво

Објавено

на

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2025 година изнесува 43.053 денари, што претставува зголемување од 9,6 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Овој пораст, како што објаснуваат од Државниот завод за статистика (ДЗС), се должи главно на зголемувањето на платите во неколку клучни економски сектори. Најголем раст е забележан во:

  • Дејности во врска со недвижен имот – 16,6%,
  • Преработувачка индустрија – 11,5%,
  • Образование – 11,4%.

Во однос на јануари 2025 година, исто така се забележува позитивен тренд. Најголем месечен раст на платите е евидентиран во секторите:

  • Информации и комуникации – 4%,
  • Недвижнини – 3,9%,
  • Преработувачка индустрија – 2,5%.

Паралелно, просечната бруто-плата во февруари изнесува 64.634 денари, што го одразува континуираниот тренд на раст на примањата, особено во сектори кои се двигатели на дигитализацијата, производството и јавните услуги.

Овие бројки даваат јасна слика за придвижувањето на пазарот на труд и покажуваат дека платите во земјава продолжуваат да растат и покрај предизвиците со инфлацијата и трошоците за живот.

Продолжи со читање

Популарно