Connect with us

Бизнис

АЕТМ и Агенција за пошти заедно ќе работат на намалување на сивата економија во е-трговијата

Објавено

на

Претседателката на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, д-р Нина Ангеловска Станков и директорот на Агенција за пошти д-р Сретен Миладиноски, потпишаа Меморандум за соработка,  преку кој двете страни заеднички ќе се залагаат и ќе придонесуваат кон намалување на сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи во Македонија.

Сивата економија во е-трговијата и нерегистрираните онлајн продавачи (кои најчесто ги продаваат своите производи преку социјални медиуми) претставуваат нелојална конкуренција на регистрираните е-трговци кои што работат согласно законските прописи, се штетни за репутацијата на целиот сектор со е-трговија и влијаат на губењето на довербата на потрошувачите во онлајн купувањето поради несигурните производи и услуги што ги продаваат, неиздавањето на фискална сметка, како и неможноста секогаш да се остварат потрошувачките права за рефундација на средствата или замена за производите. Намалувањето на сивата економија во е-трговијата и на бројот на нерегистрираните онлајн продавачи се од клучно значење за обезбедување на здрав и одржлив екосистем за е-трговија. 

АЕТМ во последните години преку најразлични активности, меѓу кои и потпишување на меморандуми за соработка со различни релевантни институции, активно придонесува кон намалување на сивата економија во е-трговијата и зголемувањето на дигиталната писменост на населението. Воедно, АЕТМ  постојано се обидува да ги едуцира граѓаните да купуваат само од регистрирани е-трговци кои се достапни во бесплатниот Регистар на регистрирани е-трговци на кој што  АЕТМ работеше изминатата година, а преку многу други активности ќе продолжи да го прави тоа и во иднина.

Е-трговијата е комплексен екосистем кој го сочинуваат бројни страни кои треба да го дадат својот придонес за целокупен напредок на секторот. Давателите на поштенски услуги играат исклучително важна улога во тој синџир. Нивната услуга и квалитетот при обезбедувањето на услугите влијаат на целокупното задоволство на купувачот и успешното работење на е-продавачот. Во контекст на сивата економија нивната улога е исклучително важна од аспект и на детектирање на ‘нерегистрираните испраќачи’, односно тие имаат евиденција за податоците на испраќачот на пратката согласно насоките на Агенцијата за пошти. Има бројни предизвици кои заедно со Агенцијата за пошти сакаме да ги детектираме и ќе се стремиме да придонесеме за промени каде што се потребни и подобрувања во насока на развојот на е-трговијата и намалување на сивата економија во е-трговијата.“ – вели д-р Нина Ангеловска Станков

Агенцијата за пошти, пак, најавува зголемени проверки врз работењето на давателите на поштенски услуги во однос на пратките со откуп, односно за пратките за кои се плаќа во готово при нивно преземање (cash on delivery) и препораки за охрабрување на зголемено безготовинско плаќање (банкарски трансфер при пратки со откуп) со цел намалување на готовинските плаќања, како и вршење на увид за правилно пополнување на адресниците и подобрување на податоците кои се прибираат за пратките од е-трговијата, со цел подобрување на корисничкото искуство од онлајн пазарење.

Агенцијата за пошти ја поздравува посветеноста на АЕТМ, и како и до сега ќе продолжи да презема активности и да ги реализира своите планови кои се во насока на спречување и намалување на сивата економија. Агенцијата е партнер на секоја институција која се бори против оваа појава. Наш приоритет е креирање, одржување и развој на амбиент кој овозможува обезбедување на сигурни, квалитетни и модерни поштенски услуги за сите корисници.“ – вели д-р Сретен Миладиноски, Директор на Агенција за пошти

Преку потпишувањето на овој Меморандум за соработка, АЕТМ и Агенцијата за пошти заеднички ќе работат креирајќи мерки и активности кои ќе помогнат во намалувањето на сивата економија, ќе се стремат кон развивање на способностите, дигиталната писменост на граѓаните и градење на капацитетен пазар на труд во секторот за е-трговија преку споделување релевантни информации од областа на е-трговија од заеднички интерес и споделување на тековни и нови искуства, релевантни за нивната област на дејствување.

Бизнис

ТРОЈЦА ЛАУРЕАТИ ЈА ДОБИЈА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ЕКОНОМИЈА

Објавено

на

Овогодишната Нобелова награда за економија им беше доделена на Џоел Мокир, Филип Агион и Питер Хјуит, за нивниот истражувачки придонес во разбирањето на економскиот раст управуван од иновации. Едната половина од наградата ја доби Мокир „за идентификување на предусловите за одржлив раст преку технолошки напредок“, додека другата половина ја делат Агион и Хјуит „за теоријата за одржлив раст преку креативно уништување“.

Според Шведската академија на науките, овогодишните лауреати ја истакнуваат суштината на иновациите како движечка сила на економскиот напредок. Технологијата брзо се развива и создава нови производи и производствени методи кои ја заменуваат старите, во постојан циклус на иновација. Овој процес е основата за одржлив економски раст, што директно се одразува на подобар животен стандард, здравје и квалитет на животот.

Историски контекст: од стагнација до индустриска револуција

Како што објаснуваат експертите, економскиот раст не бил секогаш само по себе разбирлив или автоматски. „Стагнацијата била норма во поголемиот дел од човечката историја. И покрај важните откритија, кои понекогаш воделе до повисоки приходи и подобри услови за живот, растот секогаш на крајот се стабилизирал“, наведува академијата.

Џоел Мокир ја користел историјата како клучен извор за разбирање на одржливиот раст. Тој покажал дека за иновациите да генерираат самогенерирачки економски процес, потребно е не само да се знае дека нешто функционира, туку и да се разбере научниот принцип зад тоа. Недостатокот на научни објаснувања пред индустриската револуција го отежнувал градењето врз претходни откритија. Мокир исто така нагласува дека општеството мора да биде отворено за нови идеи и да дозволува промени за да се овозможи долгорочен раст.

Креативното уништување: двигател на современиот пазар

Филип Агион и Питер Хјуит се фокусирале на механизмите што лежат зад одржливиот раст преку концептот на креативното уништување. Во својот труд од 1992 година, тие развиле математички модел кој објаснува дека кога на пазарот ќе се појави нов и подобар производ, компаниите што нудат постари технологии или производи губат. Иновацијата е „креативна“ бидејќи создава нови можности, но и „деструктивна“ бидејќи ги преминува и заменува постоечките решенија.

Агион и Хјуит покажуваат дека оваа динамика создава конфликти кои мора да се управуваат конструктивно. Без поддршка за процесот на креативно уништување, постоечките компании и интересни групи можат да блокираат иновации, што го успорува економскиот раст.

Импликации за финансискиот сектор и банкарството

Работата на лауреатите има директни импликации за банкарскиот и финансискиот сектор:

  1. Поддршка на иновации – Банкарските институции и инвестициските фондови треба да обезбедат механизми кои овозможуваат раст на нови компании и технологии, дури и ако тоа значи краткорочни загуби за постоечките играчи.
  2. Управување со ризикот од „деструктивни“ иновации – Инвеститорите и менаџерите мора да ги разберат долгосрочните придобивки од трансформацијата на пазарот и да ги прифатат промените како неизбежен дел од економскиот развој.
  3. Финансиска стабилност и раст – Иновациите го зголемуваат продуктивноста и создаваат нови пазари, што во комбинација со ефикасни финансиски системи ја поддржува стабилноста и одржливиот економски раст.

Како што истакна Џон Хаслер, претседател на Комитетот за наградата за економски науки: „Работата на лауреатите покажува дека економскиот раст не може да се зема здраво за готово. Мораме да ги поддржиме механизмите што лежат во основата на креативното уништување, за да не се вратиме во стагнација.“

Нобеловата награда за економија 2025 година ја потврдува суштинската улога на иновациите и научните истражувања во креирањето на долгорочен економски напредок. За банкарскиот сектор, ова значи и понатамошна стимулација на инвестициски стратегии кои ја поддржуваат трансформацијата на пазарот и создавањето нови финансиски можности.

Продолжи со читање

Бизнис

Е-ФАКТУРИТЕ СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ!? – УЈП и Стопанската комора во заедничка мисија за успешна имплементација на системот е-фактура

Објавено

на

Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката Елена Петрова, оствари средба со претседателот Бранко Азески и претставници на Стопанската комора на Северна Македонија на која биле презентирани активностите и динамиката за воведување на системот за е-фактурирање, како една од клучните реформи во процесот на дигитализација на даночниот систем.

Како што соопштија од УЈП, на состанокот двете страни се согласиле за интензивна соработка и активно вклучување на ресурсите и капацитетите на Комората, со цел навремено информирање и подготовка на компаниите за практична примена на новиот систем.

„Соговорниците оценија дека проектот има значајно влијание врз македонското стопанство, преку унапредување на деловната транспарентност, намалување на административните трошоци и ефикасна борба против сивата економија. Управата за јавни приходи останува доследна на својата определба за јакнење на партнерскиот однос со даночните обврзници, кои се рамноправни чинители на даночниот систем и клучни носители на економскиот развој“, стои во соопштението од УЈП.

Продолжи со читање

Бизнис

Штедете сигурно, инвестирајте паметно со P2P Safe

Објавено

на

Дали некогаш сте се запрашале: „Што ако моето штедење не е доволно за да обезбедам сигурна иднина за моето семејство?“

Во октомври, месецот на штедење, токму ова прашање станува посебно важно. Додека банкарските штедни книшки изгледаат сигурни, тие носат минимална добивка. Сите сакаме да заштедиме повеќе, но и да знаеме дека нашите најблиски се заштитени.

Тука доаѓа решението што ја менува играта: P2P Safe – уникатна понуда која ја комбинира сигурноста на стабилни инвестиции со бесплатно животно осигурување. Со P2P Safe, не само што инвестирате и заработувате, туку истовремено го обезбедувате мирот и сигурноста на вашето семејство.

Зошто P2P Safe е вистинскиот избор за месецот на штедење?

Октомври е совршен потсетник дека штедењето не е само дисциплина, туку и стратегија за иднината. P2P Safe е повеќе од само уште еден начин за инвестирање. Оваа понуда е создадена специјално за сите кои сакаат повеќе од обично штедење:

  • Сигурност – вашите инвестиции се стабилни и предвидливи.
  • Дополнителна заштита – бесплатно животно осигурување во соработка со Минт Инс Осигурителен Брокер, со покриеност до 10.000 евра.
  • Пасивен приход – вашата заштеда расте преку сигурен и структуриран план.

Со други зборови – вашиот капитал не само што е сигурен, туку и работи за вас.

Како функционира P2P Safe?

Со P2P Safe, инвестирате во флексибилни пакети кои се прилагодени на вашите можности и цели:

  • Регистрирајте се на P2P.mk – потребни се само неколку минути.
  • Одберете ја P2P Safe понудата – дизајнирана за инвеститори кои сакаат сигурност и стабилност.
  • Изберете да инвестирате во флексибилни пакети со износи од 2000, 4000 или 6000 МКД месечно.
  • Одлучете за период од 36 или 60 месеци – во зависност од тоа колку долгорочно сакате да планирате.
  • За целиот период на инвестицијата, автоматски добивате бесплатно животно осигурување со покриеност до 10.000 евра.

Со ова, P2P Safe е повеќе од инвестиција – тоа е план за финансиска стабилност и сигурност на вашите најблиски.

Штедење + Безбедност + Осигурување = Мир на умот

Она што ја прави оваа понуда навистина посебна е комбинацијата од раст на заштедата и заштита на семејството. Многу инвестиции носат заработка, но ретко која нуди и дополнителен слој на сигурност како P2P Safe.

Со секој пакет, вие не само што обезбедувате поврат на вложеното, туку и добивате гаранција дека, без оглед на околностите, вашето семејство ќе биде финансиски заштитено.

Совети за паметно штедење и инвестирање со P2P Safe
  • Поставете цел – дали штедите за патување, образование, дом или иднина без грижи?
  • Изберете го пакетот што најмногу ви одговара – дури и со минималниот износ од 2000 МКД месечно, градите сигурна основа за иднината.
  • Размислувајте долгорочно – 36 или 60 месеци може да изгледаат многу, но вистинската добивка се гледа токму кога инвестицијата има време да расте.
  • Комбинирајте штедење и заштита – со P2P Safe добивате двојна корист: раст на пари и семејна сигурност. 
  • Искористете го месецот на штедење – сега е совршен момент да започнете со нова стратегија за штедење за иднината.
Зошто да го изберете P2P Safe токму сега?

Месецот на штедење е вистинскиот момент да направите чекор кон посигурна иднина. Со P2P Safe, добивате комбинација од сигурност и профитабилност што ретко може да ја најдете на друго место.

  • Финансиска стабилност.
  • Принос како паметна инвестиција.
  • Заштита каква што може да ви даде само животно осигурување.

Овој октомври, подарете си мир на умот и сигурност за иднината.

P2P Safe – Вашата иднина заслужува подобро

Со P2P Safe, не треба да бирате меѓу штедење, инвестиција или заштита. Ги имате сите три во една понуда. Вашите пари растат, вашето семејство е заштитено, а вие уживате во спокојството што го носи финансиската стабилност.

Октомври, месецот на штедење, е совршен момент да го направите овој паметен потег. Изберете P2P Safe – безбедната страна на инвестирањето, со сигурност за вашето семејство и финансиските средства.

Започнете денес на P2P.mk и направете паметен чекор кон иднината.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange