Продукти
Остануваат уште само неколку денови за гласање за најдобрите е-продавници за 2023 година
Гласањето од јавноста за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година, кое се прави бесплатно на официјалната веб страница на овогодинешните награди за е-трговија – ecommerceawards.mk, ќе трае до 10 февруари (сабота) до крајот
на денот. По завршување на гласањето од јавноста, ќе следува гласање од жири комисија составена од ескперти во различни области поврзани со е-трговијата. На официјалната веб страница веќе се објавени членовите од жири комисијата кои ќе ги оценуваат е- трговците со најмногу собрани поени од јавноста на претстојните Награди за е-трговија –E-commerce Awards 2023.
Жири комисијатата, која оваа година се состои од 12 членови, ќе гласа индивидуално за финалистите со најмногу гласови од сите 24 категории, освен за категоријата „Најпопуларна е-продавница” за која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста. За сите останати категории, одредувањето на победници ќе биде направено врз основа на однапред утврдена методологија за пресметка утврдена во Правилникот на наградите, земајќи ги предвид гласовите од јавноста и од жири комисијата, при што поените од публиката (јавноста) ќе бидат вреднувани со 40%, додека поените од жири комисијата со 60%. Секој финалист ќе добие вкупен број на гласови кои ќе го одредат неговото рангирање во соодветната категорија во која што е номиниран.
Инаку, на гласањето од јавноста кое е отворено до сабота, 10.02. до 23:59 часот, досега имаат гласано над 6500 граѓани, а се очекува овој број значително да порасне до крајниот рок. Едно лице може да гласа само еднаш и при тоа, гласа во категории по сопствен избор и може да даде еден глас во секоја категорија. Две категории се задолжителни за гласање: „Е-трговец на годината“ и „Најпопуларна е-продавница“, додека сите други категории се опционални.
Прогласувањето на најдобрите македонски е-трговци за 2023 година и доделувањето на наградите ќе се одржи на свечена манифестација на 14-ти март 2024 година. Овогодинешниот избор за најдобрите е-трговци за 2023 година се реализира со поддршка на златните партнери – НЛБ Банка и Иуте, организацискиот партнер – Халк Банка и генералниот партнер – Мастеркард.
Банки
Шпаркасе Банка ја лансираше VibeOnEdu.mk – првата платформа за финансиска едукација за млади во земјата
Шпаркасе Банка ја претстави првата и единствена платформа за финансиска едукација во земјата, VibeOnEdu.mk – револуционерна иницијатива што им овозможува на младите бесплатно да стекнат финансиско знаење преку интерактивни онлајн курсеви. Нејзината мисија е да им помогне на младите да ја изградат својата самодоверба во управувањето со личните и со деловните финансии и да носат паметни финансиски одлуки во иднина.
Платформата содржи 15 внимателно осмислени курсеви, поделени во два главни модули: „Научи за себе“ (11 курсеви): покрива теми какви што се буџетирање, штедење и основи на инвестирање; и „Научи за својот бизнис“ (4 курсеви): вклучува упатства за изработка на бизнис-план, финансиско планирање и управување со бизнис-финансии. Секој курс нуди интерактивни лекции, проверка на знаењето преку квизови и сертификат за успешно завршување, што го прави учењето практично и мотивациско.
Платформата беше лансирана за време на настанот „Финансиска едукација за млади“ организиран од Шпаркасе Банка, каде што преку два инспиративни панели, врвни финансиски експерти ги споделија своите искуства и совети за младите, за менаџирање со личните финансии и за започнување сопствен бизнис. Дополнително, на настанот беше претставена новата стрип-брошура „Твојот вајб за финансии“ – практичен водич за секој млад човек што сака да научи како да управува со своите финансии и да го креира својот пат кон успехот.
„VibeOnEdu.mk ја изразува нашата заложба за поддршка на младите генерации. Веруваме дека финансиската едукација е основата за остварување успешни финансиски цели, па затоа создадовме проект што ќе остави трајни вредности за сите сегашни и идни генерации. Ги охрабруваме сите млади да ја искористат оваа единствена можност и да го направат првиот чекор кон подобра финансиска иднина“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации на Шпаркасе Банка.
Платформата е бесплатна, интерактивна и дизајнирана според потребите на младите. Шпаркасе Банка ги пресретнува потребите на младите луѓе, кои се основата на VibeOn семејството што брои повеќе од 35.000 млади лица. Во процесот на развивање на платформата, покрај експертскиот тим на Шпаркасе Банка, беа вклучени повеќе од 250 млади, кои директно придонесоа за нејзиниот визуелен изглед и структура, обезбедувајќи таа да одговара на реалните потреби на корисниците.
Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка поставува нови стандарди во поддршката за младите, овозможувајќи долгорочен позитивен ефект врз нивната финансиска едукација и успех.
ВерувајВоИднината #ТвојотВајбЗаФинансии #ВерувајВоСебе
Продукти
Промотивно големи поволности за сите корисници на Visa картички од Централна кооперативна банка!
За празничните моменти да бидат уште подобри, Visa и ЦКБ овозможуваат многу поволности за плаќање со ЦКБ Visa картичките:
- Секоја среда во Cineplexx, при купување билет со ЦКБ Visa картичка, вториот билет го добивате бесплатно. (до 31.12.2024);
- Попуст од 2.000 МКД за секоја онлајн трансакција повисока од 9.999 МКД во веб-продавницата на Neptun. (до 31.01.2025);
- До 6% инстант награда при резервација на Booking.com. (до 31.12.2024);
- 15% попуст при нарачка на достава од Екологистик сервис со плаќање со ЦКБ Visa картичка. (до 31.01.2025).
Понудите важат до наведениот датум или до целосно искористување на средствата предвидени за промоцијата.
Плаќајте со Visa картичките – брзо, лесно и безбедно.
За повеќе информации за празничните поволности од ЦКБ при плаќање со картичките Visa, посетете: https://www.visasoutheasteurope.com/macedonia/xmas.html
Продукти
Промо депозит на Халкбанк – Вашиот клуч до финансиска слобода
Во современиот свет на економски предизвици, штедењето се наметнува како суштинска потреба за градење стабилна иднина. Сè повеќе луѓе сфаќаат дека патот до финансиска независност започнува со мудри одлуки за штедење. Без разлика дали сакате да создадете сигурносен фонд, планирате големи животни чекори или градите долгорочна финансиска стабилност – паметното штедење е темелот на секој успешен финансиски план.
Размислувате за штедење, но не знаете од каде да започнете? Халкбанк има решение. Промо депозитот е создаден токму за оние кои бараат сигурен начин да ги оплодат своите финансии. Комбинацијата на конкурентни каматни стапки и сигурноста на Вашите средства е она што го издвојува и истакнува овој производ.
Со почетен влог од 30.000 денари или 500 евра, Промо депозитот е достапен за секој кој планира да инвестира во својата иднина. Изберете го периодот на орочување што најдобро одговара на вашите планови – 13 или 25 месеци, со привлечни фиксни каматни стапки што гарантираат сигурен принос. На пример, за рок на орочување од 13 месеци, годишната каматна стапка е 3,30% за депозити во МКД и 2,30% за депозити во ЕУР, додека за 25 месеци овие стапки достигнуваат 3,80% за МКД и 2,80% за ЕУР.
Контролата е целосно во ваши раце – вие одлучувате дали сакате месечна исплата на каматата или на крајот на периодот на орочување.
Финансиските експерти се едногласни – сегашниот момент е идеален за започнување со штедење. Промо Депозитот на Халкбанк не е само банкарски производ – тоа е ваша алатка за градење на постабилна финансиска иднина.
Вашата финансиска сигурност започнува со една мудра одлука. Направете го првиот чекор кон поголема финансиска слобода со Промо депозитот на Халкбанк. Оваа понуда важи до 31.12.2024 година.
- Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Business Womanпред 3 недели
Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење
- Банкипред 3 недели
Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања
- Банкипред 1 недела
Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 4 недели
Дигитална зона 24/7 и нов современ изглед доби Филијалата на Комерцијална банка во Струмица
- Банкипред 4 недели
Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот
- Фондовипред 1 месец
КБ Прво пензиско друштво наградено со престижното признание за „Најдобро пасивно управување со инвестиции“
- Банкипред 1 месец
Ангеловска-Бежоска: Потребни се квалитетни инвестиции и зголемување на продуктивноста за подигнување на потенцијалот за раст на економијата