Продукти
Како да штедите во време на предизвици
Организацијата на личните финансии е своевидна умешност која може да ја совладате со промени во навиките и пристапот кон вашите средства, што на долг рок ќе ви донесе поголема сигурност и стабилност. Ова е особено важно во време на променлива економија на каква што сме сведоци денес, која може да предизвикува чувство на недостаток на финансии, но истовремено може да биде и поттик да изградиме поздрав однос со нашите пари.
Финансиските советници често велат дека исто како кај личните односи, треба да одвоиме време и за нашиот однос со парите. „Ако сакате да постигнете финансиска сигурност, внимавајте како се однесувате со вашите средства. Секое невнимателно или импулсивно однесување резултира со помала или поголема штета на буџетот за која подоцна ќе треба да најдете решение. Спротивно на тоа, кога пристапувате плански кон вашите финансии можете полесно да ги планирате и вашите активности, што ви дава мотив и сигурност за следни корисни чекори кон финансиска стабилност како што е создавањето на заштеда.“
Често се случува луѓето да се потпираат на кредити и задолжувања наместо да создаваат заштеда со која ќе можат да ги финансираат своите трошоци и желби. Ваквиот пристап кон парите само го продлабочува чувството на несигурност и недостаток на контрола над сопствените средства, а доаѓа како резултат на неколку (погрешни) уверувања.
- Јас сум од оние луѓе кои едноставно не знаат да штедат.
За штедење е потребна желба и континуитет, а не знаење. Ваша задача е да изградите навика и дисциплина, а за останатите детали постојат стручни лица кои се достапни во секое време да ви ги објаснат. Целта на штедењето не е да си скратите од уживањето, туку напротив, да живеете попаметно и побезгрижно.
- Не заработувам доволно за да можам да штедам.
Не ви е потребен голем износ на средства за да можете да почнете да штедите. И најмалата сума, ако редовно ја издвојувате ќе порасне во поголема заштеда која токму во услови на мала заработувачка ќе ви значи повеќе.
- Не можам да штедам додека исплаќам долгови.
Со свесно планирање на средствата можете да ги исплаќате долговите и да започнете со мали заштеди кои ќе ви помогнат да се чувствувате финансиски посигурни.
- Не можам секој месец да одвојувам средства за заштеда.
Денес постојат флексибилни можности за штедење, нема потреба да се обврзувате на конкретен месечен износ кој ќе го уплаќате континуирано. Важно е да создадете навика, а потоа, колку ќе заштедите целосно зависи од тоа како поминува вашиот месец.
Како промотер и поттикнувач на штедењето, таква можност кај нас обезбеди ПроКредит Банка со услугата Флекси штедна сметка која овозможува флексибилно штедење со најповолна каматна стапка по видување, како и дополнување и користење на средствата во секое време, без никакви ограничувања.
Никогаш не е премногу рано, ниту премногу доцна за да штедите, сѐ што ви треба за да обезбедите поголема финансиска сигурност е волја да започнете.
Комерцијален текст.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
Продукти
КБ Прво пензиско друштво: Редовното инвестирање е пат до посигурна финансиска иднина
Доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, познато како Трет пензиски столб, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства, со цел обезбедување повисоки приходи по пензионирањето.
Овој модел на осигурување функционира независно од државниот пензиски систем и е наменет за вработени лица, долгорочно невработени, лица ангажирани на проекти или во странски мисии, како и за лица кои немаат приходи по ниедна основа. Во системот можат да се вклучат и трети лица, како брачни другари и членови на семејството.
Според условите, право на членство имаат сите лица на возраст од 15 до 70 години кои немаат остварено право на пензија согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување и не користат средства од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.
Доброволното пензиско осигурување овозможува и колективно осигурување преку професионални пензиски шеми, во кои работодавците уплатуваат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или дел од своите вработени.
Системот се темели на акумулација и капитализација на средствата на индивидуалните или професионалните сметки, при што средствата се инвестираат преку доброволните пензиски фондови. Висината на идните пензиски надоместоци зависи од износот и периодот на уплата, приносот од инвестициите и наплатените надоместоци.
Продукти
УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата? И доколку не одговорите потврдно, да не ви бидат понудени подобри услови.
Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка може да си дел од програмата за лојалност УНИПлус, и покрај тоа што преку банката не ја земаш платата. Клиентите не се обврзани да ја префрлат платата во УНИБанка за да користат бројни поволности. Она што треба да се направи е само во Унибанка да се отвори платежна сметка, на која ќе ви пристигнуваат некои од дополнителните приливи по основа на кирии и закупнини, хонорари или надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи или трансакции од трети лица, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.
Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.
„Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа, одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.
Од банката додаваат дека во пресметката не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување депозити и интерни преноси помеѓу сметки на ист клиент.
Според финансиските експерти, УНИБанка и досега важеше за банка со високо ниво на лојалност на нејзините клиенти, како и за динамична и модерна банка. А со овој чекор, уште повеќе се позиционира кон поголема флексибилност и прилагодување кон потребите на клиентите, во време кога конкуренцијата во банкарскиот сектор станува сè поинтензивна. Паралелно со ова, банката континуирано инвестира во унапредување на безбедноста при банкарските операции, овозможувајќи непречено користење на банкарските услуги.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Останатопред 2 месециСобраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари



