Фондови
КБ Прво пензиско друштво потсетува на навремено планирање на пензијата
КБ Прво пензиско друштво преку соопштение потсетува дека грижата за личните финансии и навременото планирање на пензијата се клучни за долгорочна финансиска сигурност.
Од друштвото посочуваат дека информираноста за начинот на распределба на придонесите од бруто платата им овозможува на граѓаните полесно да носат финансиски одлуки. Според објавените податоци, 12,8 проценти од бруто платата се издвојуваат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, додека 6 проценти се уплатуваат на лична индивидуална сметка во задолжителен пензиски фонд.
Овие средства, како што се наведува, се инвестираат на домашните и странските финансиски пазари со цел остварување принос, што значи дека идната пензија на осигурениците ќе се обезбедува од два извори.
Од КБ Прво нагласуваат дека донесувањето информирани одлуки денес има директно влијание врз финансиската стабилност во иднина, потенцирајќи дека планирањето на пензијата не треба да се одложува.
Банки
Нова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје
НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје.
Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото.
Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, како и земјоделска и градежна механизација, но и друга опрема и машини.
Оперативниот модел на друштвото е насочен кон развој на иновативни и едноставни решенија со цел обезбедување подобро корисничко искуство и дигитализација на процесите. Активностите на компанијата опфаќаат широк спектар на лизинг решенија, како и дополнителни услуги поврзани со користењето на возилата и опремата кои се предмет на финансиски лизинг или закуп.
Фондови
Ивановски станува сопственик на „Иново Статус“, Халк Банка ќе издаде акции вредни 2,46 милијарди денари
Комисијата за хартии од вредност донесе одлуки со кои се менува сопственичката структура во едно друштво за управување со фондови и се овозможува ново капитално зајакнување на банкарскиот сектор.
На 84. седница, со која претседаваше претседателката м-р Бујаре Абази, одобрено е Иван Ивановски од Кочани да стекне целосна сопственост во Друштвото за управување со инвестициски фондови „Иново Статус“ АД Скопје. Тој ќе преземе 297.654 акции со право на глас, односно 100 проценти од друштвото, во трансакција проценета на 160 илјади евра. Реализацијата треба да се спроведе во рок од 90 дена од издавањето на согласноста.
Воедно, Комисијата даде зелено светло и за нова емисија на акции на Халк Банка АД Скопје. Станува збор за 246.000 обични акции со вредност од 10.000 денари по акција, што носи вкупна емисија од 2,46 милијарди денари.
Акциите ќе бидат понудени преку приватна понуда на познат инвеститор – Халк банка А.Ш. од Истанбул, која веќе е акционер во скопската банка. Со оваа постапка, банката има за цел да го зголеми капиталот и да ја одржи соодветната капитална стабилност во наредниот период.
Бизнис
Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?
„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.
Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.
Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.
Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.
„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.
Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Горан Ѓорѓиевски | Ценовен шок на хоризонтот: Од септември следува значително поскапување
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Останатопред 2 месеци
Какво ќе биде работното време за Велигденските празници?
-
Бизниспред 1 месец
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година


