Бизнис
Охрид ги собра регионалните експерти за нафта и горива: Над 70 учесници на јубилејниот симпозиум
Повеќе од 70 експерти, претставници на лаборатории, институции, регулатори и компании од регионот учествуваат на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати, кој се одржува во Охрид со поддршка на ОКТА.
На јубилејното издание на симпозиумот присуствуваат претставници од Северна Македонија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, кои преку презентации и стручни дискусии разменуваат искуства за најновите стандарди, технологии и предизвици во секторот за нафта и нафтени деривати.
Главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакна дека ваквите иницијативи претставуваат важен дел од стратегијата на компанијата за развој на регионална соработка и размена на знаење.
Според него, поврзувањето на експертите и институциите од регионот е клучно за понатамошен развој на секторот и за одржување високи стандарди за квалитет и безбедност на горивата.
Од организацискиот комитет посочија дека симпозиумот во изминатата деценија прераснал во значајна регионална платформа за професионална комуникација и соработка меѓу лабораториите и компаниите од нафтениот сектор.
Настанот го отвори градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, додека министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Соња Божиновска се обрати преку видео порака, нагласувајќи ја важноста на контролата на квалитетот и модернизацијата во енергетскиот сектор.
Во рамки на симпозиумот беше ставен акцент и на дигитализацијата и модернизацијата на лабораториските капацитети, како предуслов за поголема точност и усогласеност со европските стандарди.
Од ОКТА посочија дека компанијата во изминатиот период ја модернизирала и дигитализирала опремата за тестирање во лабораторијата за контрола на квалитетот на горивата, која е прва акредитирана лабораторија од ваков тип во земјава и работи според европски и американски стандарди.
Учесниците оценија дека иднината на секторот ќе зависи од уште поголема регионална соработка, воведување нови технологии и постојано унапредување на системите за контрола и мониторинг на квалитетот на горивата.
Бизнис
Иуте Македонија за само четири дена запиша 3 милиони евра преку првата корпоративна обврзница
Иуте Македонија успешно ја реализираше својата прва корпоративна обврзница на домашниот пазар на капитал, при што за само четири дена биле запишани три милиони евра, соопшти компанијата.
Од Иуте Македонија оценуваат дека интересот од инвеститорите претставува потврда за довербата во бизнис-моделот на компанијата, нејзините финансиски резултати, иновативноста и технолошката основа.
Емисијата на корпоративната обврзница, според компанијата, претставува значаен чекор кон диверзификација на изворите на финансирање и поставување нов репер за корпоративното финансирање на домашниот пазар.
Од Иуте посочуваат дека успешната реализација на емисијата истовремено претставува и позитивен сигнал за развојот на македонскиот пазар на капитал и за можностите домашните компании да обезбедуваат средства преку алтернативни извори на финансирање.

Станува збор за прва корпоративна обврзница на Иуте Македонија на домашниот пазар, а компанијата го истакнува брзиот интерес на инвеститорите како еден од клучните показатели за успешноста на емисијата.
Бизнис
Компаниите за вештачка интелигенција ветуваат помалку работа, а вработените работат и по 90 часа неделно
Компаниите што вложуваат стотици милијарди долари во развојот на вештачката интелигенција со години тврдат дека новата технологија ќе им овозможи на луѓето да работат помалку. Но, анализата на Би-би-си покажува сосема поинаква слика во самите АИ компании, каде дел од вработените работат и до 90 часа неделно.
Уште пред четири години директор за инженерство во Google прогнозираше дека вештачката интелигенција ќе овозможи четиридневна работна недела до 2025 година. И OpenAI годинава ги повика компаниите да почнат да тестираат четиридневна работна недела без намалување на платите, со образложение дека АИ наскоро ќе може значително да ја зголеми продуктивноста.
Сепак, поранешен технички вработен во OpenAI за Би-би-си изјавил дека самата компанија никогаш не тестирала четиридневна работна недела. Тој ја опишал работната култура како исцрпувачка, со чести кризни состаноци, работа за време на викендите и строги оценки на работниот учинок.
Според неговото сведоштво, вработените неретко доаѓале на работа и во сабота или недела за да ги завршат заостанатите обврски или да проверат дали се појавиле проблеми.
Слични пораки за влијанието на вештачката интелигенција испраќаат и други технолошки компании. Anthropic, на пример, истакнува дека неговиот АИ алат Claude може самостојно да работи околу седум часа без пауза, додека Марк Закерберг повеќепати зборуваше за тоа дека АИ драматично го менува начинот на работа и им овозможува на помал број луѓе да постигнат повеќе.
Но, според сегашни и поранешни вработени, токму луѓето што ги развиваат овие алатки често работат значително повеќе од вообичаените 40 часа неделно.
Во Meta, дел од вработените годинава биле ненадејно префрлани во тимови што работат на итни проекти поврзани со вештачката интелигенција. Еден сегашен и еден поранешен вработен рекле дека меѓу себе тоа го нарекувале „регрутација“, бидејќи практично немале можност да го одбијат префрлањето.
Работното време во овие тимови, според нивните сведоштва, често траело до доцна во ноќта и за време на викендите, а дел од вработените имале чувство дека се постојано достапни и надвор од официјалното работно време.
Така, додека технолошките гиганти ја претставуваат вештачката интелигенција како алатка што треба да донесе поголема продуктивност и пократко работно време, сведоштвата од нивните редови укажуваат дека трката за развој на АИ засега создава и силен притисок врз дел од вработените.
Бизнис
Флекс Кредит ја додели главната награда од 200.000 денари
Флекс Кредит ја објави добитничката на главната награда од својата летна наградна игра „200.000 причини за среќа“.
Среќната добитничка е Марица Н., со добитен број 813111, која освои 200.000 денари.
Од Флекс Кредит ѝ упатија честитки на добитничката, а воедно им се заблагодарија на сите учесници кои биле дел од летната кампања и ја дале својата доверба.
„Останете со нас – ве очекуваат уште многу нови изненадувања и убави можности“, порачаа од компанијата.

Во рамки на наградната игра беа предвидени и десет награди по 20.000 денари, како и главната награда во вредност од 200.000 денари.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 1 месецИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули



