Connect with us

Банки

Нова финансиска инјекција во НЛБ Леасе & Го Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје заедно со НЛБ Леасе & Го, лизинг д.о.о. Љубљана извршија докапитализација на основната главнина на друштвото НЛБ Леасе & Го Скопје.

Според информациите, НЛБ Банка АД Скопје поседува 49 проценти од вкупниот основачки капитал на друштвото.

Компанијата нуди услуги на финансиски лизинг и закуп за физички и правни лица, при што понудата опфаќа финансирање на нови и користени автомобили, товарни возила, автобуси, пловила, како и земјоделска и градежна механизација, но и друга опрема и машини.

Оперативниот модел на друштвото е насочен кон развој на иновативни и едноставни решенија со цел обезбедување подобро корисничко искуство и дигитализација на процесите. Активностите на компанијата опфаќаат широк спектар на лизинг решенија, како и дополнителни услуги поврзани со користењето на возилата и опремата кои се предмет на финансиски лизинг или закуп.

Банки

Стопанска банка овозможува дигитален пристап до услуги преку OneID

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје нуди можност за креирање електронска идентификација преку платформата OneID, со што клиентите ќе можат полесно да пристапуваат до банкарските производи и услуги.

Од банката информираат дека корисниците преку мобилен телефон ќе имаат 24-часовен пристап до услугите, без потреба од физичка посета на филијала.

Со ова решение, се поедноставува користењето на банкарските услуги, а процесите стануваат побрзи и подостапни за клиентите.

Дополнителни информации и упатства за користење се достапни преку онлајн туторијал објавен од банката.

Продолжи со читање

Банки

Експозитурата Макпетрол на Комерцијална банка целосно модернизирана за уште подобро корисничко искуство

Објавено

на

Со фокус на удобноста, брзината и достапноста, експозитурата Макпетрол на Комерцијална банка доби комплетно модернизиран простор, опремен и со дигитален киоск, за уште поголемо корисничко задоволство.

Реновираната експозитура Макпетрол ги отвори вратите за своите клиенти, на кои ќе им нуди побрзи и поедноставни банкарски трансакции, овозможени преку современи дигитални уреди, како и редовни шалтерски услуги.

Како дел од дигиталната трансформација на банкарските услуги, експозитурата е опремена со дигитален киоск, кој претставува практично и современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел), без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. Преку дигиталниот киоск, клиентите можат да испечатат и извод од платежна сметка на физичко лице, доколку имаат активна претплата на Интернет банка.

За уплата и исплата на готовина, пак, имаат на располагање и модерен банкомат. Во промотивниот период до 31.12.2026 година, правните лица на банкоматот можат да вршат уплата на дневен промет без надомест со Visa Business Debit или Debit Mastercard Business.

Експозитурата овозможува целосно прилагоден пристап за лица со намалена мобилност.

Шалтерскиот дел од експозитурата работи од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот. Клиентите можат да користат широк спектар услуги: отворање платежни сметки во денари и девизи, плаќања во земјата и во странство, брзи трансфери на пари, менувачко работење, кредитни производи и штедни влогови, купување удели во инвестициски и пензиски фондови и осигурителни полиси, како и стручни совети и обука за користење електронска и мобилна банка за физички и за правни лица.

Со модернизацијата на експозитурата Макпетрол, Комерцијална банка уште еднаш потврдува дека инвестира во корисничко задоволство, паметни дигитални решенија и услуги што носат повеќе практичност, поголема слобода и поефикасно управување со личните и деловните финансии.

Продолжи со читање

Банки

Член на Управниот одбор на УНИБанка купи акции од Банката

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје информира преку соопштение на Македонска берза дека членот на Управниот одбор Орлин Георгиев Ваташки на 27 април 2026 година се стекнал со 15 обични акции од Банката.

Според податоците од Македонска берза и пресметките на Банкарство, просечната цена на акцијата на денот на трансакцијата изнесувала 7.000 денари, што значи дека вкупната вредност на купувањето изнесува 105.000 денари.

Со оваа трансакција, членот на менаџментот, Орлин Георгиев Ваташки дополнително ја потврдува довербата во работењето и перспективите на УНИБанка АД Скопје, како и сопствената увереност во нејзината стабилност и развој.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange