Connect with us

Електронско банкарство

За уште подобро корисничко искуство – Нов изглед и нови функционалности на ПроКредит мобилната апликација

Објавено

на

ПроКредит Банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ бројните функционалности.

Покрај новиот, модерен изглед, со новата верзија на апликацијата корисниците добиваат низа нови функционалности кои се создадени како одговор на потребите на клиенти за брз и практичен начин да ги завршат своите банкарски потреби.

Новите функционалности на мобилната апликација, покрај стандардните услуги, вклучуваат и:

  • Биометриска автентикација – логирање со отпечаток на прст
  • Буџетски плаќања – можност за едноставно и лесно електронско плаќање кон буџетски корисници
  • Send to friend – Трансфер на средства кон контакт
  • Преглед на бизнис картички – новитет кој овозможува целосна евиденција и управување со бизнис картички во секое време и од секое место
  • Можност за промена на ПИН на платежната картичка
  • Поштенско сандаче за праќање на пораки кон Банката – полесен и побрз начин до онлајн експозитурата на банката
  • Поставување на дневен лимит за плаќања

Мобилното банкарство на ПроКредит Банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција.

Како прва и единствена целосно дигитална банка, ПроКредит континуирано развива нови дигитални банкарски услуги со цел да го унапреди корисничкото искуство за своите клиенти, кои веќе ги користат предностите на дигиталните експозитури.

Дознајте повеќе за мобилната апликација на ПроКредит на следниот линк: https://www.pcb.mk/mobilna-aplikacija.nspx

Електронско банкарство

Вештачката интелигенција во фокусот на претстојното издание на Конференцијата за е-трговија

Објавено

на

Со помалку од месец дена до претстојната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 14 ноември во големата сала на Националната опера и балет во Скопје, настанот ветува ден исполнет со клучни говори, панел дискусии и неформални разговори за интеграцијата на вештачката интелигенција, податоците и маркетингот во областа на е-трговијата.(повеќе…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова иновативна услуга од Халкбанк – Платформата за отворено банкарство!

Објавено

на

Со цел унапредување на услугите на модерното банкарство како и следење на последните трендови на дигитални решенија за пристап до банкарските услуги, Халкбанк АД Скопје гордо ја претстатува последната иновација во овој домен – платформата за отворено банкарство.(повеќе…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

S-BANKA – отсега со нов, модерен дизајн, достапна и за правни лица, со многубројни функционалности

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје, следејќи ги актуелните трендови на пазарот и работејќи во интерес на своите клиенти, со цел да им овозможи непречена мобилност и достапност на широк опсег банкарски услуги, воведе многубројни новитети во својата мобилна апликација S-Banka.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно