Connect with us
no baners

Кариера

Оглас за вработување во АЛТА банка АД Битола

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола објавува оглас за вработување на позицијата:

Самостоен стручен соработник за управување и контрола на благајни
Дирекција за контрола и поддршка

Банката бара кандидат со искуство во благајничко и банкарско работење, аналитички пристап и подготвеност за координација со експозитурите и работа на терен.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Економски факултет,
  • Најмалку 4 години работно искуство во банкарство
  • Одлично познавање на целокупното банкарско работење со готовина (девизи и
    денари),
  • Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office).

Лични карактеристики и вештини потребни за работното место:

  • Аналитичка способност,
  • Креативност,
  • Способност за планирање и одлучување,
  • Активно познавање на работа со компјутер,
  • Возачка дозвола Б категорија.

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:

  • Одгворен за редовни посети на експозитурите според годишен план
  • Одговорен за вонредни посети на експозитурите по основ на посебни случувања,
  • Одговорен за доставување извештај за посета на експозитурите со конкретни
  • видувања, заклучоци и предлози до Раководителот на Дирекцијата
  • Учествува во координација на организационите единици на Банката со
  • експозитурите во ситуации на потребна помош во делот на работењето и насатанати
  • проблеми,
  • Учествува во организирање на обуки, работни состаноци или советувања,
  • Врши контрола на сите активности поврзани со благајничкото работење.

Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место со договор на определено време од 6 месеци со полно работно време и
плата по договор во зависност од компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.

Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV)
на македонски јазик на следнaта адреса: [email protected], со назнака во Subject
„Самостоен стручен соработник за управување и контрола на благајни“ .

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на
интервју. Огласот трае се до пополнување на работната позиција.

Кариера

Комерцијална банка нуди можност за кариерен развој во филијалата во Велес

Објавено

на

Комерцијална банка објави оглас за вработување на позицијата помлад соработник за оперативно работење во својата филијала во Велес.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои сакаат професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се темели на стабилност, ефикасност и иновативност.

Во објавата се истакнува дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во професионална и поддржувачка работна средина, со простор за личен и кариерен напредок и активно учество во развојот на банката.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Кариера

Комерцијална банка објави оглас за вработување во Тетово

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје објави оглас за вработување на позицијата Помлад соработник за оперативно работење во Филијалата во Тетово.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат желба за професионален и кариерен развој во финансискиот сектор да аплицираат за работното место. Како што наведуваат, станува збор за можност за работа во институција со долгогодишна традиција, која се стреми кон стабилност, ефикасност и иновативност преку посветен тим на професионалци.

„Искористи ја можноста да работиш во пријатна средина која ги цени твоите лични вредности, да ги оствариш твоите професионални цели и активно да учествуваш во модерниот развој на банката“, порачуваат од Комерцијална банка.

Пријавувањето е отворено преку официјалната веб-страница на банката.

Продолжи со читање

Кариера

АЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна

Објавено

на

АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп.

Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот.

Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака во предметот на пораката: „За Референт за работа со благајна во експозитура – Експозитура Прилеп“.

Од АЛТА Банка посочуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да ја гради својата професионална кариера во банкарскиот сектор и да биде дел од организација која е посветена на обезбедување квалитетна услуга за клиентите.

Огласот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат да се приклучат на тимот на АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange