Connect with us
no baners

Бизнис

Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?

Објавено

на

„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.

Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.

Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.

„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.

Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.

Бизнис

Од полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе

Објавено

на

Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата, при што бензините поевтинија за два денари по литар, додека цената на дизелот се зголеми за 1,50 денари по литар.

Според новата одлука, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 86 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88 денари за литар.

Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 87 денари за литар, што претставува поскапување во однос на досегашната цена.

Новите цени важат на бензинските станици низ земјава од полноќ.

Продолжи со читање

Бизнис

„Винчини“ пушта во работа нова фабрика во Виница, инвестиција од 8,5 милиони евра

Објавено

на

Компанијата „Макпрогрес“, сопственик на брендот „Винчини“, денеска официјално ќе ја пушти во употреба својата нова фабрика за производство на вафли во Виница, инвестиција вредна 8,5 милиони евра.

На настанот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски. Новиот производствен капацитет ќе го претстави генералниот директор на компанијата, Глигор Цветанов.

Фабриката е изградена за само шест месеци, со учество на домашни градежни компании, инженери и проектанти. Објектот располага со две современи производни линии за производство на вафли и други кондиторски производи, наменети за домашниот пазар и за извоз.

Од компанијата посочуваат дека новата инвестиција ќе овозможи зголемување на производствените капацитети за околу 30 проценти и дополнително зајакнување на присуството на странските пазари, каде производите на „Винчини“ веќе се пласираат во повеќе од 60 земји.

Со стартот на производството веднаш се отвораат 40 нови работни места, а во текот на следната година се планирани уште 40 вработувања. Според најавите, проектот треба да придонесе за локалниот економски развој и да создаде нови можности за вработување во регионот.

Во рамки на посетата ќе се одржи и работна средба со менаџментот на компанијата, на која ќе бидат претставени деловните резултати, идните инвестициски планови и предизвиците поврзани со растот на извозот и конкурентноста на македонската прехранбена индустрија.

„Макпрогрес“ е една од најголемите домашни прехранбени компании и меѓу водечките македонски извозници. Со новата фабрика компанијата ја продолжува стратегијата за модернизација на производството, технолошки развој и проширување на своето присуство на меѓународните пазари.

Продолжи со читање

Бизнис

ОПЕК+ ќе го зголеми производството на нафта во јули

Објавено

на

Седум земји членки на групата ОПЕК+, предводени од Саудиска Арабија и Русија, постигнаа договор за зголемување на производството на нафта во јули за 188.000 барели дневно, соопштија земјите учеснички.

Покрај Саудиска Арабија и Русија, во договорот се вклучени и Ирак, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман. Во заедничкото соопштение се наведува дека одлуката е донесена со цел да се зачува стабилноста на глобалниот нафтен пазар и да се обезбеди сигурно снабдување со енергенси.

Одлуката доаѓа во период кога цените на нафтата се под влијание на зголемените геополитички тензии на Блискиот Исток и неизвесноста околу глобалната економија.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) е основана во 1960 година и ги обединува некои од најголемите светски производители на нафта. Во 2016 година, по значителниот пад на цените на нафтата, организацијата склучи договор за соработка со уште десет држави производители, меѓу кои Русија, Казахстан, Мексико и Оман, создавајќи ја групата позната како ОПЕК+.

Главната цел на ОПЕК+ е координирање на производствената политика на земјите членки за одржување на стабилен пазар и редовно снабдување со нафта на светско ниво.

Според аналитичарите, најновото зголемување на производството претставува обид да се одговори на растечката побарувачка и да се намали ризикот од прекумерни ценовни шокови на енергетските пазари.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange