Банки
Вистинскиот лидер им помага на луѓето да растат и да напредуваат, Тони Стојановски, НЛБ Банка во поткастот на М6, Step Forward
„Луѓето очекуваат брзи одлуки, особено кога те следат… Исклучително е вредно да се слушаат луѓето од тимот, бидејќи да се води еден тим не значи дека одлуките и насоките одат едносмерно – секогаш е двосмерно. На крајот сите треба да бидеме убедени во нешто за да можеме да го исполниме. А тоа е нешто што се учи низ годините…“, вели Тони Стојановски, Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје во поткастот на М6 Step Forward.
Со повеќе од 30 години искуство во банкарскиот сектор на различни раководни позиции, Стојановски зад себе има исклучително богата професионална кариера. Во разговорот споделува лични видувања и практични примери за тоа како, преку инклузивен процес на работење, се создаваат и водат успешни тимови, како се гради доверба со клиентите и вработените, за вистинското значење на лидерството, за факторите за оддржување стабилност во еден динамичен финансиски свет, но и за клучните вредности за одржлив успех.
Па во контекст на тоа, Стојановски ќе рече дека токму пристапот кон луѓето, начинот на комуникација со вработените, клиентите и соработниците се клучни за успешно функционирање на една современа финансиска институција. Способноста да се слуша, да се мотивира и да се гради доверба станува подеднакво важна како и професионалната експертиза. Преку личен пример на континуирана едукација, постојано надоградување и посветеност, Тони Стојановски се стреми своите професионални и лидерски вредности да ги преслика и во организациската култура, пренесувајќи ги и на вработените во НЛБ
Банка. На тој начин создава средина што ги мотивира тимовите заеднички да растат, да соработуваат и да градат стабилен и успешен банкарски систем. „Важно е да се почитуваат луѓето на начин на кој ќе се почувствуваат почитувани, бидејќи само така можат да бидат корисен и продуктивен дел од тимот“ – порачува тој.
Истовремено, Стојановски става силен фокус на младите и нивната иднина во
банкарскиот сектор – како да се охрабрат да го трасираат својот професионален пат, да веруваат во сопствениот потенцијал и да бидат вредни и трпеливи на патот кон успехот. Тој ги поттикнува храбро да ги искористат можностите што ги носи модерното банкарство и да гледаат на секој предизвик како на нова можност за раст. Лидерството и животното искуство, се еден процес кој бара време и ситуации за да се дојде до одредено ниво….и да се научи како да се реагира во одредени кризи и непредвидливи околности.. „И тоа е нешто што се учи со годините“ – ќе заклучи Стојановски.
Банки
ММФ ја подобри прогнозата за раст на британската економија, но предупреди на инфлациски ризици
Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за раст на британската економија за оваа година, но истовремено предупреди дека војната во Иран и растот на цените на енергенсите создаваат дополнителен притисок врз монетарната политика на Банката на Англија.
Според најновата проценка, ММФ очекува британската економија во 2026 година да порасне за еден процент, додека претходната прогноза изнесуваше 0,8 проценти. Од Фондот наведуваат дека економијата на Обединетото Кралство покажала отпорност во последните години, иако конфликтот на Блискиот Исток негативно влијае врз краткорочните изгледи.
Поради обновените инфлациски притисоци, финансиските пазари сѐ повеќе очекуваат Банката на Англија да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво, а дел од инвеститорите не ја исклучуваат ниту можноста за ново зголемување на каматите.
ММФ смета дека монетарната политика треба да остане рестриктивна за да се спречи повисоките цени на енергијата да се прелеат врз основната инфлација и растот на платите.
Според проценките на Фондот, задржувањето на клучната каматна стапка на сегашните 3,75 проценти до крајот на годината би било доволно за ограничување на секундарните инфлациски ефекти и за стабилизирање на долгорочните инфлациски очекувања.
Сепак, ММФ предупредува дека централната банка мора да остане флексибилна и подготвена да реагира во двата правци, зависно од економските движења. Доколку економијата ослабне повеќе од очекуваното, можно е и намалување на каматните стапки.
Фондот проценува дека повисоките цени на енергенсите привремено ќе ја зголемат инфлацијата и ќе го одложат враќањето кон целта од два проценти за околу една година, односно до крајот на 2027 година.
Банки
Халкбанк АД Скопје со понуда за онлајн штедење и фиксни камати
Халкбанк АД Скопје промовира понуда за онлајн депозити, со можност за брзо и едноставно отворање преку електронско банкарство и фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра.
Од банката информираат дека корисниците можат целосно онлајн да отворат депозит, без посета на филијала, преку услугите за електронско банкарство.
Понудата опфаќа неколку рокови на орочување и каматни стапки:
- 3,20 проценти во денари и 2,40 проценти во евра за депозит на 13 месеци
- 3,40 проценти во денари и 2,60 проценти во евра за депозит на 25 месеци
- 3,50 проценти во денари и 2,70 проценти во евра за депозит на 36 месеци
Од Халкбанк велат дека услугата е наменета за клиенти кои сакаат едноставно и дигитално управување со своите заштеди.
Банки
Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје
„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје
Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.
Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.
Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“
Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Анализипред 2 месециРеалната нето плата во Северна Македонија порасна за 4,9% во јануари
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје: Отворена позиција за работа со мали и средни претпријатија



