Connect with us

Компании

Иуте со нова експозитура во Велес и специјална понуда за кеш кредит

Објавено

на

Денеска, 7ми февруари, 2024 година, официјално се отвори и започна со работа првата експозитура на Иуте во Велес, а вкупно 11-та на територијата на Македонија.

Отворањето на новата експозитура е дел од стратешкиот план на Иуте Македонија за проширување на мрежата на експозитури, што само во првиот квартал предвидува отворање на уште пет нови експозитури ширум државава.

На тој начин жителите на овие градови ќе добијат можност освен преку дигиталните канали, да стапат во контакт со претставници на Иуте и физички, добивајќи пристап до обучен тим на советници кои можат да им понудат на клиентите најдобра понуда и совети за подобро финансиско планирање.

По повод отворањето на експозитурата, компанијата Иуте подготви специјална понуда за своите корисници. До крајот на март, сите клиенти кои ќе аплицираат во експозитурата или по други канали, а се со адреса на живеење во Велес (според лична карта), ќе може да ја искористат промотивната понуда за кеш кредит до 400.000 денари на 48 рати со 0% камата.

„Иуте помина долг пат за да стигне до одредено ниво на дигитална трансформација и имплементирање на напредно корисничко искуство, а воедно е и единствена компанија што поседува мобилна апликација преку која може брзо и безбедно да се заврши процесот од аплицирање до добивање на средствата. Од друга страна, сакаме да бидеме поблиску и на располагање на сите клиенти што поудобно се чувствуваат кога лично комуницираат со нашите вработени, а една од главните задачи ни е да излеземе пресрет на нивните потреби. На тој начин, како што се зголемуваше интересот за нашите услуги, така растеше и бројката на експозитури. Паралелно со процесот на експанзија, ќе продолжиме и понатаму посветено да работиме на унапредување на дигиталните процеси и автоматизација, особено во делот на корисничкото искуство. Со голема одговорност ја прифативме улогата не само на лидер на пазарот, туку пред сѐ и лидер во едукација на клиентите”– изјави Анета Ѓеорѓиев, директор на одделот за корисничко искуство во Иуте.

Експозитурата на Иуте во Велес која што е лоцирана на улица „Архиескоп Михаил 4“ (поранешна ул. „Владимир Назор“), ќе работи од понеделник до сабота од 9 до 17 часот и истата е опремена согласно новиот бренд идентитет на Иуте.

Компанијата Иуте Кредит Македонија, која е дел од групацијата Иуте Естонија со  седиште во Талин, на крајот на минатата година официјално се ребрендираше и продолжи да работи под името Иуте Македонија. Ребрендирањето е дел од стратегијата на групацијата за проширување на обемот на работа и услуги на пазарот, со што покрај кредитирањето ќе понуди и платежни услуги и осигурување.

Компании

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

Објавено

на

Иновативната услуга „Плати преку линк“ (pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија.

Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има за цел да го поедностави процесот на плаќање за малите и средни претпријатија, тргoвците кои немаат можности за големи инвестиции во платформи за електронска трговија, како и за фриленсерите кои работат на локален и глобален пазар, а наплатата со платежни картички е лимитирана. Со едноставно генерирање на линк за плаќање и испраќање до клиентот преку различни канали како социјални медиуми, е-маил, смс, трговецот има можност секој од овие канали да го трансформира во канал за плаќање и да го искористи потенцијалот за продажба и плаќања.

Од друга страна овој иновативен начин на плаќање на купувачите им овозможува безбедно купување согласно релевантните стандарди во индустријата и подобрено корисничко искуство.

„Услугата ‘Плати преку линк’ (pay by link ) е важен чекор кон модернизација на платежните процеси во Македонија, со што се зголемува ефикасноста и сигурноста на плаќањата. Ова иновативно решение особено ќе им помогне на малите и средни претпријатија да ги оптимизираат своите бизнис процеси и да го подобрат своето финансиско работење, и дополнително ќе го стимулира развојот на електронската трговија, со што на трговците ќе им овозможи економичен пристап до електронски канал за продажба”, велат од КаСис.

Продолжи со читање

Компании

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките

Објавено

на

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, се вели во заклучокот од извештајот што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индикаторот за ограничување на кредитите на групата, кој го мери пристапот на компаниите до банкарски заеми, во понеделникот беше објавен на највисоко ниво во последните седум години.

Во септември, приближно 32,9 проценти од околу 2.000 анкетирани бизниси во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето кредити, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто.

Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми уште од 2017 година.

На потешкотии при одобрување кредити особено се жалат компаниите од услужниот сектор, каде проблеми пријавиле 35,7 проценти од анкетираните компании, како и 34,3 отсто од компаниите од индустријата.

„Недостигот на нарачки во многу сектори ги тера банките повнимателно да ја проверуваат кредитната способност на компаниите. Бидејќи компаниите во Германија моментално инвестираат малку, би било добро ако можат да добијат полесно кредити“, рече експертот на Институтот за економски истражувања ИФО, професорот Клаус Волраб.

Спротивно на тоа, германските компании во градежниот, големопродажниот и малопродажниот сектор малку полесно добиваат кредити, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО.

Продолжи со читање

Компании

Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија

Објавено

на

Со добиеното решение за вршење на осигурително-брокерски работи издадено од Агенцијата за супервизија и осигурување, официјално започна со работа Iute Safe.

Како дел од од мултинационалната естонска групација Iute Group AS – една од најбрзо- растечките компании во Европа, под чијашто капа работи и Iute Macedonia, Iute Safe отсега па натаму ќе биде посредник за осигурителни полиси во сите класи на осигурување, вклучувајќи не-животно и животно осигурување.

“Iute Safe е продолжение на една убава приказна која започна со Iute пред 8 години и групацијата од Естонија која постои повеќе од 16 години, чиешто искуство, докажана експертиза и уникатни предности ќе ни овозможат да бидеме секогаш чекор напред во делот на користење на иновативни процеси и врвна технологија и секако, дополнителни бенефиции за нашите клиенти и овозможување на пристап до секаков вид на полиси за осигурување, со можност за отплата на рати”– вели Борјан Колемишевски, Генерален Директор на Iute Safe.

Целта на Iute Safe ќе биде да обезбеди најдобри понуди за осигурување на пазарот, преку стратешки партнерства со реномирани и докажани осигурителни компании, развиена продажна мрежа, персонализиран пристап и конкурентни цени. Како дел од групацијата, со веќе докажан кредибилитет, Iute Safe ќе понуди на пазарот еден нов свеж модел и пристап кон клиентите, потпирајќи се на интернационална докажана експертиза и локален искусен тим од докажани професионалци во областа.

Како уникатно обележје, компанијата ќе ја има можноста да бенефицира од сите досега веќе имплементирани алатки, апликации и напредни дигитални решенија, во функција на целосна дигитализација на процесот, од апликација до потпишување.

По повод официјалното влегување на пазарот, Iute Safe промовираше специјална понуда
за патничко осигурување
со валидност од 1 година, покритие до 90 дена во годината, и тоа по цена за 30 дена,  без франшиза и овозможена 24/7 асистенција за помош. Повеќе информации се достапни тука.

Продолжи со читање

Популарно