Connect with us

Банки

Европските банки под притисок: Инвеститорите бараат долгорочна профитабилност

Објавено

на

По финансиската криза во 2008 година, најголемите европски банки се соочија со бројни предизвици, но многу од нив успеаја да се стабилизираат и значително да ја подобрат својата капитална база. Нивната капитализација е поздрава од било кој момент од финансиската криза во 2008 година, но инвеститорите бараат уверување за нивна долгорочна профитабилност, по најавата за намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка.

Намалувањето на каматните стапки влијае на способноста на банките за генерирање профит, па затоа инвеститорите се загрижени за долгорочната профитабилност, особено во насока на промените во монетарната политика.

Цените на акциите на европските банки бележат двоцифрен пораст оваа година, поттикнати од програмите за откуп на акции овозможени со години на акумулација на капитал, реструктуирање, намалување на трошоците и поддршка на политиката на централната банка, што ги зголеми нивните профити.

„Deutsche Bank“, „Lloyds“ и „Barclays“ во текот на оваа недела ќе ги објават финансиските резултати заклучно со третиот квартал, додека „UBS“ и „HSBC“ ќе ги објават остварувањата во текот на следната недела.

Се очекува бројките да покажат континуирана профитабилност, при што одличните резултати од инвестициското банкарство ќе ги неутрализираат минималните заработки и слабата побарувачка за кредити кај физичките лица и бизнисите.

Но, инвеститорите сакаат и бараат повеќе. Освен што бараат докази за отпорност на квалитетот на средствата, тие бараат поостра стратегија, пониски трошоци и потенцијал за надминување во услови на глобална економија со низок раст.

Последните зделки, како што е купувањето на „AXA Investment Managers“ од страна на „BNP Paribas“ и зголемувањето на уделот на „UniCredit“ во „Commerzbank“, покажуваат дека банките активно бараат начини за консолидација и да ја зајакнат својата позиција на пазарот. Овие потези не само што можат да им помогнат да ги подобрат своите финансиски перформанси, туку и да ја зголемат конкурентноста во регионалниот и глобалниот контекст.

„Проценките укажуваат дека до 600 милијарди евра нето приходи од камати би можеле да бидат изложени на ризик во првата половина на 2025 година, ако Европската централна банка ги намали каматните стапки како што се очекува“, изјави Филипо Мариа Алоати, Раководител на кредитирање во компанијата за инвестициско банкарство „Federated Hermes“.

Банки

Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра

Објавено

на

Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).

Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.

Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.

Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.

Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.

ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.

Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со каматна стапка од 4,9% за купувања со Mastercard Standard

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди каматна стапка од 4,9 проценти за сите купувања направени со Mastercard Standard кредитна картичка до крајот на годината.

Од банката информираат дека заинтересираните граѓани можат да поднесат барање за кредитната картичка онлајн преку интернет-страницата на Стопанска банка, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала.

Понудата е наменета за корисниците кои сакаат да ги користат можностите на кредитната картичка за своите секојдневни и летни купувања, со промотивна каматна стапка до крајот на годината.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со поволности за корисниците на Mastercard World Debit

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди повеќе поволности и премиум привилегии за корисниците на Mastercard World Debit картичката, меѓу кои и бесплатен пристап до аеродромски салони ширум светот.

Според информациите објавени од банката, корисниците на картичката добиваат шест бесплатни посети во повеќе од 1.500 Lounge Key аеродромски салони низ светот, при што поволноста важи за сопственикот на картичката и неговиот сопатник.

Во пакетот е вклучена и асистенција на пат за Европа преку Халк Осигурување.

Дополнително, корисниците имаат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесплатно СМС информирање, како и можност за повлекување готовина без надомест од сите банкомати во земјата.

Со овие поволности, Mastercard World Debit е насочена кон корисници кои бараат дополнителни услуги при патување, но и поедноставно секојдневно банкарско работење.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange