Продукти
Штедете паметно, искористете ги новите атрактивни каматни стапки на вашиот депозит со СТББТ
Штедењето е секогаш добра идеја, а во месецот на штедење Стопанска банка а.д Битола ви носи уште поповолни услови за вашите депозити.
Нашиот нов депозит на 60 месеци е совршен начин да го зголемите вашиот капитал и да уживате во сигурна финансиска иднина.
Со новиот депозит од Стопанска банка а.д Битола, можете да искористите:
Каматна стапка од 4,5 за денарски депозит – одлична можност за оние кои сакаат да штедат во домашната валута и да добијат повисоки поврати.
Каматна стапка од 3,8 за девизен депозит – идеално за оние кои претпочитаат девизно штедење со стабилни и сигурни услови.
Зошто да штедите со нас?
Нудиме долгорочна сигурност – Вашите средства ќе растат стабилно и сигурно во текот на целиот период од 60 месеци.
Флексибилност– Независно дали штедите во денари или девизи, ние Ви омозможуваме избор што најмногу ви одговара.
Нека месецот на штедење биде вашиот поттик да направите паметен финансиски чекор кој ќе донесе долгорочна корист.
Повеќе информаци на следните линкови Долгорочен депозит на 60 месеци со фиксна каматна стапка – Македонски (stbbt.mk) и Долгорочен девизен депозит на 60 месеци со фиксна каматна стапка – Македонски (stbbt.mk) на нашиот веб сајт или посетете ја нашата најблиска филијала.
Овој текст е изработен од Стопанска банка а.д. Битола. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.
Продукти
Единствено со НЛБ haPPy кредитните картички – двоен поврат на средства во ноември
Да се поседува НЛБ haPPy картичка овој месец е вистинска привилегија. Сите нови и постоечки корисници на НЛБ haPPy картичките во промотивниот период до крајот на ноември, ќе имаат можност за секоја направена трансакција, да добијат двојно поголем поврат на средства – од 1,2% од вредноста на трансакцијата, па сè до максимални 24%, во зависност од продажното место.
Во рамки на промоцијата, корисниците на НЛБ haPPy кредитните картички за секоја направена трансакција на било кое продажно место, ќе добијат двојно повеќе поврат на средства од редовниот. Информации за редовниот поврат на средства се достапни на веб страницата: www.happycard.mk
НЛБ haPPy кредитната картичка е единствена картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства (cashback) за секоја направена трансакција на продажно место во земјата и странство. Тaа е вистинска картичка за среќа, која може да се користи секојдневно за пазарувања и подигнување на готовина. Минималниот месечен износ за отплата изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена.
За НЛБ haPPy кредитната картичка клиентите можат да аплицираат во експозитурите на НЛБ Банка или во продажните места на Нептун Македонија.
Повеќе детали за НЛБ haPPy кредитната картичка и промотивната понуда може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот, на телефонскиот број: 02/15 600 или на веб страницата на НЛБ Банка.
Овој текст е изработен од НЛБ Банка АД Скопје. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.
Банки
Шпаркасе Банка едуцираше повеќе од 4.000 деца за важноста на штедењето во текот на октомври
Штедењето од најрана возраст игра клучна улога во градењето финансиска стабилност и одговорно управување со личните финансии. Во октомври, месецот на штедењето, Шпаркасе Банка, заедно со Медо Штедо, го насочи своето внимание кон едукација и подигнување на свесноста кај младите за важноста на оваа практика.
Шпаркасе Банка со гордост објавува дека едуцираше повеќе од 4.000 деца од градинки и училишта низ цела Македонија, вклучувајќи ги во едукативни активности што беа дел од Шпаркасе карванот – серија интерактивни посети, каде што децата учеа за основите на штедењето и за одговорното управување со парите на забавен и лесно разбирлив начин.
Како дел од својата посветеност на финансиската едукација, Шпаркасе Банка ги приспособи своите производи за да ги мотивира децата да почнат со штедење и да ја градат својата финансиска независност. Една од овие понуди е Детски депозит Плус – производ што ги поттикнува најмладите да развијат навика за штедење уште од рана возраст.
Штедењето започнува со минимален влог од 3.000 денари или 50 евра, со можност за дополнителни уплати. Детски депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целото времетраење на орочувањето, а клиентите можеа да изберат опција што најмногу одговара на нивните потреби.
- За штедење во денари, клиентите добиваат:
- 4,0% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
- 4,1% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
- За штедење во евра:
- 3,3% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
- 3,4% фиксна каматна стапка за орочување на 36 месеци
Шпаркасе Банка верува дека едукацијата за штедењето е основен чекор кон градење сигурна финансиска иднина. Банката е свесна дека родителите имаат клучна улога во овој процес и со своите понуди и услуги е тука да ги поддржи на секој чекор од нивното финансиско патување.
ВерувајВоИднината
Продукти
Нови функционалности за електронското и мобилното банкарство на Халкбанк
Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека воведени се нови функционалности за електронското и мобилното банкарство, кои се однесуваат за кредитните картички.
Отсега клиентите без посета на банката ќе може да аплицираат за зголемување на кредитниот лимит на својата кредитна картичка.
Халкбанк е еден од предводниците во имплементацијата на нови технолошки и информатички трендови и банка која ги дигитализира процесите и овозможува Online достапност на своите производи и услуги.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 1 месец
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Вработувањепред 3 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!