Кариера
1.000 огласи за работа од Македонија и регионот: Започна Најголемиот регионален онлајн саем за вработување!
Најголемиот онлајн саем за вработување во регионот оваа година собра повеќе од 120 компании кои нудат скоро илјада огласи за работа. На првиот ден од неговото отворање се забележани посети од над 100.000 единствени корисници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и БиХ.
За разлика од некои минати времиња, кога беше вообичаено целиот работен век да се помине кај еден работодавач, денешните работници почесто ги менуваат работните места, поради подобри услови за работа, потрага по нови предизвици или желба за промена на работната средина.
Оваа есен, секој што сака да направи чекор напред во кариерата може да го направи тоа во текот на следната недела, на 15-от Регионален саем за вработување, од 15 – 22 октомври!
Посетителите ги очекуваат скоро илјада огласи за работа
Саемот беше отворен на 15.10.2024 година, а сите заинтересирани посетители можат да ги посетат неговите виртуелни штандови до 22 октомври.
На овогодинешниот саем учествуваат 125 компании од Македонија и од соседните земји, кои нудат скоро 1000 различни слободни работни места, обезбедувајќи им на кандидатите широк спектар на можности во различни индустрии.
Саемот го организира Алма Кариер Северна Македонија, компанија најпозната по својот бренд Vrabotuvanje.com.mk, во соработка со партнери од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Делогласник – Словенија.
Регистрацијата е брза и лесна
Саемот трае 7 дена и е достапен 24 часа на ден, а до него може да се пристапи преку сите десктоп и мобилни уреди од удобноста на вашиот дом. Сè што ви треба е стабилна интернет конекција.
Покрај богатата понуда на огласи за вработување, посетителите на виртуелните штандови на работодавачите можат да најдат информации за компаниите, да дознаат нешто повеќе за искуствата на вработените, да разгледаат фотогалерии и да добијат детален увид во компаниската култура.
Аплицирањето е исклучително едноставно и брзо
Кандидатите имаат можност да се пријават на неколку огласи одеднаш, а првите разговори со потенцијалните работодавачи може да се одржат преку опцијата chat или видео повик.
Компании кои може да ги најдете на саемот оваа година се: Алкалоид АД, Пивара АД Скопје, Макпетрол АД, Стопанка Банка, НЛБ Банка, ProCredit Банка, Liberty Steel Group, Макстил, Concentrix, KFC Македонија, Fashion Group, Transcom, Костал, Magna Mirrors, Лидл, DM drogerie markt, Нептун, Вабтек, Wolt, Aptiv, Inditex, Flex Credit, Office People, Laktalis, Adient, Gerresheimer, Amphenol, OIP Inc., Petrol и многу други компании од регионот.
Посетете го саемот до 22 октомври на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и аплицирајте за промена на подобро!
Кариера
Народната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
Народната банка на Република Северна Македонија објави оглас за вработување на седум лица, од кои две на неопределено и пет на определено време во траење од една година.
На неопределено време се бара еден „советник експерт“ во Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки и еден „организатор II степен“ во Отсекот за техничко одржување.
За позицијата советник експерт е предвидена основна нето-плата од 91.385 денари, додека за организатор II степен основната нето-плата изнесува 72.271 денари. За двете позиции се бара високо образование и соодветно работно искуство.
Народната банка бара и двајца пожарникари и тројца чувари, кои ќе бидат вработени на определено време од една година. За овие позиции се бара завршено средно образование, а кандидатите може да бидат со или без работен стаж. Основната нето-плата изнесува 35.051 денар.
Тројцата чувари ќе работат во Велес, а пред почетокот на работата ќе поминат обука во траење од три до шест месеци во седиштето на Народната банка во Скопје.
Кандидатите треба да достават пријава, биографија, доказ за државјанство, диплома или уверение за завршено образование, како и други документи наведени во огласот. Рокот за доставување на документацијата е седум работни дена, сметано од наредниот ден по објавувањето на огласот.
Документите се доставуваат до Архивата на Народната банка на булевар „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1 во Скопје.
Кариера
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Стручен соработник – проценител.
Локација: Скопје
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место ги опфаќа следните работни активности:
- изготвување на нови процени на недвижен имот;
- вршење на повторни процени на имот;
- ревизија и контрола на постојни процени на имот согласно потребите на Банката;
- увид на имот на терен;
- подготовка на извештаи, анализи и придружна документација;
- следење на пазарните движења и релевантната регулатива од областа на проценувањето;
- извршување на други сродни работни задачи согласно потребите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- завршено високо образование;
- важечка лиценца за овластен проценител;
- работно искуство во областа на проценување на недвижен имот ќе се смета за предност;
- солидно познавање на англиски јазик;
- одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- возачка дозвола „Б“ категорија и активно возачко искуство.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- самостојност, одговорност и самоиницијативност;
- способност за тимска работа во динамично работно окружување;
- добри комуникациски и организациски способности;
- професионален позитивен однос кон работата;
- висок степен на прецизност;
- способност за почитување на рокови и утврдени процедури
- доверливост и професионален интегритет.
За работно место е предвидена основна нето плата, чија висина ќе биде утврдена во зависност од квалификациите и професионалното искуството на кандидатот.
Банката нуди професионална и стабилна работна средина, можност за стручно усовршување,професионaлен развој и напредување во кариерата, работа во искусен тим. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете го Вашето CV на: [email protected]. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 26.08.2026 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Кариера
НЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
НЛБ Групацијата бара професионалец од областа на управување со ризици или финансии кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239.
Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата со податоци од областа на управување со ризици, финансиско и регулаторно известување, управување со податоци, контролни механизми и процеси за известување во различни членки и функции на НЛБ Групацијата.
Оваа улога е наменета за професионалци кои сакаат да анализираат комплексни податоци, да ги преиспитуваат претпоставките и независно да оценуваат дали податоците се точни, целосни и веродостојни, а процесите и контролите се соодветни и ефективни.
Локација: Скопје, со можност за работа од далечина или хибриден модел, во зависност од деловните потреби и локацијата на кандидатот.
Клучни одговорности:
- Оценување на процесите за агрегирање на податоци за управување со ризици, финансиско и регулаторно известување и поврзаните контролни механизми;
- Проверка на рамките за управување со податоци, вклучително сопственост на податоците, одговорност, ескалација и управување со идентификувани слабости;
- Оценување на деловните правила за квалитет на податоците, усогласувањата, контролите во известувањето и процесите за управување со исклучоци;
- Проценка дали извештаите од областа на управување со ризици и финансии се точни, целосни, навремени, јасни и соодветни за нивната намена;
- Идентификување контролни слабости, недоследности и области во кои е потребна корективна активност;
- Спроведување независни тестирања на избрани податоци, пресметки, контроли и извештајни резултати;
- Подготовка на јасни наоди, заклучоци и препораки;
- Следење на реализацијата на корективните активности и оценување дали утврдените слабости се соодветно отстранети;
- Соработка со колеги од Ризици, Финансии, ИТ, Управување со податоци, Усогласеност и Внатрешна ревизија.
Потребни квалификации и компетенции:
- Високо образование од областа на финансии, управување со ризици, економија, сметководство, деловна администрацијаили сродна област;
- Најмалку пет години релевантно професионално искуство во една или повеќе од следните области:
- o Управување со ризици
- o Финансии или финансиско известување
- o Регулаторно известување
- o Управување со податоци и квалитет на податоци
- o Внатрешна ревизија
- Добро познавање на процесите за известување, контролите, управувањето со податоци и концептите за квалитет на податоците;
- Силни аналитички способности и внимание на детали;
- Способност за самостојна и објективна проценка, со донесување заклучоци и препораки врз основа на факти, анализи и докази;
- Одлични комуникациски вештини (писмени и усни);
- Способност за ефикасна соработка со различни функции и повисоки нивоа на менаџмент;
- Одлично познавање на англискиот јазик, писмено и усно.
Ќе се смета за предност:
- Искуство во банкарство или финансиски услуги;
- Познавање на BCBS 239 или други Базелски регулаторни рамки;
- Искуство со агрегирање на податоци и регулаторно известување;
- Искуство во втора линија на одбрана, внатрешна ревизија или независна валидација;
- Познавање на SQL, алатки за анализа на податоци или платформи за известување.
Мотив да се придружите на НЛБ тимот:
- Позиција на ниво на Групацијата со пристап кон различни членки на НЛБ Групацијата
- Можност за развој на специјализирана експертиза во BCBS 239;
- Соработка со искусни професионалци од Ризици, Финансии, ИТ и Управување со податоци;
- Работа на комплексни активности од висока важност и реално значење за Групацијата;
- Високо ниво на професионална независност и одговорност;
- Флексибилен модел на работа;
- Теренска работа и патувања во рамки на регионот на НЛБ Групацијата.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на: [email protected] или со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk, со назнака “Специјалист за Управување со ризици / финансии” најдоцна до 31.08.2026 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 1 месецИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециНов банкомат на Халкбанк пред МНТ инспириран од театарската сцена
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката





