Connect with us

Бизнис

ЈУБИЛЕЈНО 20. ИЗДАНИЕ СО ЈУБИЛЕЕН РЕКОРД – Повеќе од 13.000 љубители на трчањето од 55 земји ќе трчаат низ скопските улици на 6ти октомври

Објавено

на

Најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, го надмина својот рекорд од 2019 година од пред-пандемичниот период за број на пријавени тркачи. Рекордот претходно беше постигнат во 2019 година на тогашното издание на маратонската манифестација.

Оваа недела, 6ти октомври 2024, во рамките на своето јубилејно 20то издание, ќе учествуваат рекорден број љубители на трчањето. На стартот во недела се очекува да се појават 13.440 натпреварувачи од 55 земји, кои ќе ги исполнат улиците на главниот град со позитивна енергија и ќе ја потсетат јавноста дека навистина, – трчањето може да те промени.

Пријавените тркачи со своето учество на Виз Ер Скопскиот маратон мапираат земји од целиот свет. Со својата дводецениска традиција, Виз Ер Скопски маратон стана симбол на сплотеност и неверојатен спортски дух. 

Покрај традиционалната маратонска трка (42.195 км), на Виз Ер Скопски маратон како и секоја година ќе се трча и полумаратон (21.097 км), штафетен маратон, како и трката за рекреативци на 5км, како најмасовната трка од сите. 

На денешната прес конференција, свои обраќања имаа Кире Синадиновски, Спортски директор на Виз Ер Скопски маратон, Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на Спортови на Скопје, Гордана Николовска – Генерален секретар на Сојуз на спортови – Скопје и Борко Ристовски – Министер за спорт.

По 20-ти пат се одржува Виз Ер Скопскиот маратон, најмасовниот спортски настан кај нас, кој што Скопје и Македонија ги става на светската тркачка мапа. Овој настан не би можел да биде одржан без помош на Министерството за внатрешни работи, на Министеството за спорт, кое што покажа исклучително разбирање, Министерство за одбрана, Црвениот крст на град Скопје, Службата за итна медицинска помош и спонзорите. Оваа година има рекорден број учесници.“ изјави Зоран Стојановиќ, Претседател на Сојуз на спортови на Скопје.

Организаторите потсетуваат за претстојното Виз Ер Маратон Експо, кое ќе трае од 04.-05.10.2024 (петок-сабота) во СЦ Јане Сандански во Скопје. 

Од името на министерството можам да изразам едно задоволство што оваа година ќе бидеме дел од Скопскиот маратон. Не знам како било во минатото, но можам да кажам дека овој маратон ќе ја има поддршката, бидејќи гради исти вредности што ние сакаме да ги вметнеме во нашата држава. Иако се работи за рекреативен настан, она што нас како министерство ни е од интерес е што врзувате многу луѓе и има многу учесници. Негуваме исти вредности по кои сака да се води и Министерствто за спорт и да бидеме пример во општеството и можам јавно да кажам дека маратонот ја има нашата целосна поддршка. Се надевам дека и годинашниот маратон ќе биде успешен како и сите досегашни и стоиме на располагање за сѐ она што можеме да го помогнеме.“ изјави Министерот за спорт, Борко Ристовски.

Дали ќе се срушат нови рекорди оваа година на Виз Ер Скопскиот маратон, ќе открие неделното утро. 

Оваа година имаме рекорден број на учесници 13.440 од 55 земји, со што е надминат бројот од 2019 година кога имавме 12.450. Ова е многу поголем број учесници во споредба со минатата година, кога учествуваа 11.400 учесници и нѐ радува што интересот е огромен, како кај нашите тркачи, така и кај странските. Во сите четири трки, рекреативната трка од 5 км, маратонот, полумаратојот и штафетниот маратон е зголемен бројот на учесници во однос на минатите изданија. Можам да најавам дека ќе учествуваат неколку елитни натпреварувачи од Кенија и се надевам дека ќе бидат срушени рекордите на патеките. Оваа година имаме мала измена на патеките во однос на минатите години, но стартот останува на исто место, пред Собранието на Република Македонија. Тркачите на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон ќе трчаат накај населбата Хром, по улицата Теодосиј Гологанов, по што кај Хром ќе свртат полукружно, се враќаат назад во центарот на градот, каде продолжуваат покрај Тутунски комбинат, на Трета македонска бригада, по што ќе свртат лево, по улицата Васко Карангелевски, кај Мајчин Дом, па потоа по Булевар Србија десно, тука вртат полукружно, по што се враќаат на Тобако 2 и по Булеварот Јане Сандански, се враќаат повторно на Трета македонска бригада и завршуваат на Порта Македонија, на плоштадот во Скопје. Ова е првиот круг за полумаратонот, додека маратонците уште еднаш ќе го свртат истиот круг. Додека патеката за трката на 5 км, стартот е исто пред Собранието, по што натпреварувачите трчаат во правец на населбата Аеродром, односно кај Тутунски комбинат вртат лево, по Трета македонска бригада и кај Супермаркетот Тинекс свртуваат полукружно и се враќаат повторно назад на плоштад Македонија, каде што е целта.“ изјави Кире Синадиновски, спортски директор на Виз Ер Скопски маратон.

Голема помош на целосната организација даваат и сите пријавени 600 волонтери, кои ќе бидат вклучени традиционално во реализацијата на овогодинешното јубилејно издание, но секако и сите поддржувачи и покровители на овој голем настан.

Оваа година имаме и Маратон Експо, при што од утре почнува издавањето на стартни пакети. Воведуваме и новина, каде што секој учесник треба да дојде со QR кодот што му е испратен на мејл, за да си го подигне стартниот пакет. Очекувам дека и покрај најавите за променливи временски услови во недела, дека сепак ќе имаме добро време и дека ќе имаме успешна трка.“ дополни Синадиновски.

Организаторите уште еднаш ги повикуваат сите во недела да ги бодрат тркачите и да ја споделат позитивната енергија на јубилејното издание на можеби омилениот спортски настан во државата.

Оваа година е јубилејно 20 издание, првите две изданија беа одржани во 97 и 98, но од 2007 година се возобнови Скопскиот маратон, тогаш како полумаратон, трка на 5 км и детска трка, каде што имавме околу 700 натпреварувачи. Низ годините, Сојузот на спортови на Скопје, поддржуван од Јавните претпријатија и од тогашната Агенција за млади и спорт и Делгацијата на ЕУ помогнаа да се подигне рекреацијата и масовното трчање на едно високо ниво. Оваа година имаме 13.440 натпреварувачи, при што за прв пат имаме приближен број на женски и машки учесници, односно околу 48 проценти се жени, а околу 52 отсто се мажи. Ова е глобален проблем, но Сојузот на спортови на Скопје преку своите програми успеа да мотивира да се пријават повеќе жени и да има повеќе учесници од повеќе старосни категории. Покрај рекреативниот карактер на манифестацијата, со текот на годините се натпреваруваа и врвни маратонци, а имавме дури и учесник на Олимписките игри во маратонската дисциплина. Се радувам што имаме и голема поддршка од медиумите и дури 60 проценти од спорстките новинари се директни учесници во маратонските и полумаратонскитев трки и посакувам и оваа година да видиме што поголем број новинари на стартот на трките. Исто така, ги повикувам сите оние што не се во можност да трчаат годинава, да се појават долж патеката и да ги бодрат натпреварувачите“, изјави Гордана Николовска – Кузмановска од Сојуз на Спортови – Скопје.

Главен покровител на Виз Ер Скопски маратон 2024 е Министерството за спорт, а покровители се Град Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје. 

Повеќе информации за 20. Виз Ер Скопскиот маратон можат да се најдат на официјалната веб страница: http://skopskimaraton.com.mk/

Бизнис

Македонската компанија Panteleon GS започна да работи со нов американски клиент, кој е во потрага по генерален директор со познавање на транспортната индустрија

Објавено

на

Во годините успешна работа Panteleon GS покажа голема експертиза на наоѓање на вистинските луѓе за вистинските работи, и ги поврза со нивните работи од соништата во големи компании од Соединетите Американски Држави. А сега, со новиот клиент Impel Union, уште една американска компанија која доаѓа од камионската индустрија, се отвора можност за вработување на врвен професионалец од нашата земја на атрактивна, но и посакувана позиција во компанијата.

Panteleon GS е во потрага по нов генерален менаџер на Impel Union, кој ќе ѝ помогне на компанијата да го прошири и надгради својот бизнис во САД. Ако ова делува како можност која не би сакале да ја пропуштите, продолжете да читате понатаму.

Живееме во време на уникатни можности, време кога се чини дека постоиме не само локално туку и глобално, и постојано имаме чувство дека светот ни е на дофат на рака. А Panteleon GS ни го потврдува тоа уште од самото основање, бидејќи во изминатите години успеа да спои илјадници обучени професионалци од земјава со нивната работа од соништата. Дел од нив веќе го живеат својот „американски сон“, работејќи на одлични позиции за големи глобални компании, и тоа локално, без да ја напуштаат родната земја.

Токму тоа го нуди и отворената позиција за нов генерален менаџер во Impel Union, компанија која обезбедува иновативни решенија за лизинг, финансирање и продажба, наменети за транспортната индустрија.

За позицијата генерален менаџер на Impel Union

Доколку имате искуство во автомобилската и камионската индустрија, сте менаџирале компанија за транспорт или пак сте биле одговорни за продажба во некој од овие сектори, тогаш ова може да биде вистинскиот предизвик за вас!

Impel Union е во потрага по стручна и одговорна личност со најмалку петгодишно искуство во соодветна индустрија и одлично познавање на англискиот јазик и технолошките алатки за продажба (како на пример Salesforce), кој може ефективно да ги менаџира процесите на вработените и да го трасира развојот на компанијата. Потребен е човек со ентузијазам, кој е подготвен да го предводи тимот во динамична средина и навистина предизвикувачка индустрија.

Накратко, генералниот менаџер треба да биде обучен и способен да управува со секојдневните операции во застапништвото, но и да раководи со финансиите, да креира ефективни стратегии за лизинг, и продажба на камиони и приколки за камиони од познати американски брендови како Kenworth и Peterbilt. Повеќе информации за самиот оглас и за работните обврски на позицијата генерален менаџер можете да најдете на следниот линк: https://www.linkedin.com/jobs/view/4178767219/?alternateChannel=search&refId=CUdvJ2oLPVWKhpGqWZeOVw%3D%3D&trackingId=08rSPKEpxWnN0nky7z%2FPBg%3D%3D.

Кои се Impel Union?

Impel Union е водечка компанија која обезбедува иновативни решенија за лизинг, финансирање и продажба, наменети за транспортната индустрија.

Основана со мисија да го поддржи растот и успехот на бизнисите во транспортниот сектор, Impel Union нуди широк избор на камиони и приклучни возила од врвни брендови, флексибилни опции за лизинг и финансирање, како и стручни совети, за да им помогне на клиентите да донесат информирани одлуки.

Со седиште во Алсип, Илиноис, и дополнителни локации во Лоун Џек (Мисури), Хјустон (Тексас), Сан Антонио (Тексас) и Далас (Тексас), Impel Union е посветен на обезбедување исклучителна услуга за клиентите и помагање на транспортните бизниси да напредуваат во постојано менувачкиот пазар. Компанијата генерира годишни приходи од над 146 милиони долари, што ја става во редот на најбрзо растечките компании во индустријата.

Извонредна можност за интернационална кариера

Panteleon GS веќе со години му покажува на светот дека ние имаме плодна почва за обучен, професионален и посветен кадар, за што потврда се илјадниците вработувања на македонски поединци во некои од најуспешните американски компании. А ова е можеби и најголемата можност досега, бидејќи нуди директен пристап до огромната индустрија на транспортни операции во САД, но и лукративен финансиски пакет кој е соодветен на високите барања и стандарди на Impel Union.

Со можностите кои ги нуди, Panteleon GS им помогна голем број млади професионални и амбициозни луѓе да ја најдат својата работа од соништата и да работат за компании од американскиот пазар – со одлични услови и поглед кон интернационална кариера. Она што ја прави оваа компанија, која покрај седиштето во Скопје има своја канцеларија и во Белград, е специфичниот пристап кој таа го има кон вработените, отсликан и во нивното корпоративно мото „Нашите луѓе се нашиот бренд“.

Дознајте повеќе за компанијата на: https://panteleongs.mk/about-us/

Продолжи со читање

Бизнис

Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!

Објавено

на

Вчера, во хотел Мериот Скопје, се одржа свечената церемонија за доделување на македонските Награди за е-трговија 2024 – “E-commerce Awards 2024”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Овој престижен настан привлече голем број на гости, вклучувајќи членови на Асоцијацијата, поддржувачи, партнери, жири-комисијата на наградите и најуспешните е-трговци во земјата. Гала вечерта беше исполнета со богата програма, одлична атмосфера и прослава на достигнувањата во македонската е-трговија.

Оваа манифестација е значајна за македонската е-трговија, бидејќи ги препознава и наградува најдобрите практики, иновации и достигнувања во индустријата. Наградите претставуваат признание за посветеноста, иновациите и врвната услуга на е-трговците, додека воедно ги мотивираат да продолжат со унапредување на своите услуги. „E-commerce Awards 2024“ не е само избор – тоа е иницијатива што има за цел да го поттикне развојот на македонската е-трговија, да ги истакне најдобрите практики, да ја зголеми конкурентноста и да им даде глас на потрошувачите, кои преку своите гласови учествуваат во изборот на најдобрите е-продавници.

Оваа година, во рамки на „Наградите за е-трговија“ беа доделени 43 награди во 23 категории, препознавајќи ги најуспешните е-трговци според нивните постигнувања во различни области. Со над 200 номинирани е-трговци, гласовите на потрошувачите имаа клучна улога во изборот на победниците. Изборот се реализираше преку процес од неколку фази кој вклучуваше гласање од јавноста (кое учестуваше со 60% во конечниот резултат) и гласање од стручната жири-комисија (40% од конечниот резултат). Категоријата „Најпопуларна е-продавница“ беше единствената во која победникот беше избран исклучиво врз основа на гласовите од јавноста, што ја прави оваа награда вистински одраз на довербата и задоволството на онлајн купувачите.

Во продолжение се претставени победниците по категории.

Најдобри е-продавници по сектори:

● Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци: fashiongroup.com.mk
● Е-продавница за бела техника и електроника: neptun.mk
● Е-продавница за храна и пијалоци: korpa.mk
● Е-продавница за туристички услуги: jk.mk
● Е-продавница за здравје, нега и убавина:

  • Прво место: zegin.com.mk
  • Второ место: coslovemetics.mk
  • Трето место: fashiongroup.com.mk

● Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали: ananas.mk
● Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки: bebehome.mk
● Е-продавница за услуги:

  • Прво место: telekom.mk
  • Второ место: a1.mk
  • Трето место: evnonline.mk

● Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација: literatura.mk
● Маркетплејс и мулти е-продавница:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: korpa.mk
  • Трето место: delimano.com.mk

● Е-огласник: pazar3.mk

Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање:

● Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање: telekom.mk
● Е-трговец со најдобра достава:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: korpa.mk
  • Трето место: paket.mk

● Е-трговец со најдобра грижа за корисници:

  • Прво место: telekom.mk
  • Второ место: ananas.mk
  • Трето место: a1.mk

● Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: fashiongroup.com.mk
  • Трето место: coslovemetics.mk


● Најдобра веб-страница за плаќање на сметки: evnonline.mk
● Мобилна апликација за е-трговија на годината: telekom.mk
● Најдобра е-продавница со меѓународна продажба: svetotnabibi.mk
● Најдобар верификуван е-трговец: fashiongroup.com.mk
● Најдобра е-продавница основана од жена:

  • Прво место: coslovemetics.mk
  • Второ место: smartliving.mk
  • Трето место: vitalia.com.mk

Шампиони во е-трговија:
● Најпопуларна е-продавница:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: coslovemetics.mk
  • Трето место: telekom.mk


● Најдобра новоотворена е-продавница: formanova.com.mk
● Е-трговец на годината:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: telekom.mk
  • Трето место: fashiongroup.com.mk

На свечената церемонија, на победниците им беа врачени престижни статуетки како признание за нивната извонредност во е-трговијата, како и дигитални беџови што можат да ги истакнат на своите е-продавници, за дополнително зајакнување на довербата кај купувачите. Победниците се објавени и на официјалната веб-страница на натпреварот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/.

Наградите за е-трговија оваа година се организираа со поддршка на PRIME партнерите –ИУТЕ и Mybox, како и други реномирани партнери од приватниот сектор, кои заеднички придонесуваат за развојот на е-трговијата во Македонија.

Асоцијацијата за е-трговија на Макеоднија и понатаму ќе продолжи да работи на унапредување на секторот, промовирање на дигиталната трансформација и поддршка на е-трговците во нивниот раст и развој.

Продолжи со читање

Бизнис

ГРАНД АУТО со поддршка за Фудбалската федерација на Македонија

Објавено

на

Гранд Ауто, официјалниот застапник на ФОРД, ХЈУНДАИ, МГ МОТОР и ЧЕРИ за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и нашите национални репрезентации.

ФОРД и ХЈУНДАИ, како докажани пријатели на спортот во светски рамки и нераскинлив дел од сите важни моменти од големите натпреварувања, Европски и Светски првенства, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација за мундијалот 2026 година, Гранд Ауто и ФФМ интензивно се подготвуваат за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери на патот кон нов историски успех.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на
фудбалот’ добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто.  Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат.  Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација“
, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Grand Auto“, како официјален увозник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery во Македонија, отсекогаш сме биле посветени на напредокот – како на патиштата, така и во заедницата. Оваа година, по нашето неодамнешно ребрендирање, поставивме јасна цел: активно да го поддржуваме развојот на спортот во нашата земја.

Затоа, со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти. Со ова, можеме да бидеме сигурни дека нашиот фудбал ќе биде безбедно и сигурно возен, во духот на одржливоста и иновациите што ги носи современата автомобилска индустрија. Најразлични модели, од товарни до патнички и комплетно електрични возила ќе бидат дел од нашата поддршка.

Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Grand Auto“, истакна генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.

Во знак на благодарност за партнерството со Гранд Ауто и поддршката за македонската
репрезентација, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на генералниот директор на Гранд Ауто му подари специјален репрезентативен дрес. Од своја страна пак, генералниот директор на Гранд Ауто, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.

ПР објава

Продолжи со читање

Популарно