Берза
Јавна опомена за котиранoтo друштвo Пелистерка АД Скопје поради непочитување на берзанските правила

Друштвото Пелистерка АД Скопје заработи јавна опомена за непочитување на берзанските правила, бидејќи компанијата не ги објавила во определениот рок одлуките од акционерското собрание.
„На друштвото Пелистерка АД Скопје, котирано на Официјалниот пазар на Берзата на подсегментот Задолжителна котација, му е изречена мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата, поради необјавување на одлуките донесени од Собранието на акционери на друштвото во пропишаниот рок, со што не постапи согласно член 39, став 7 од Правилата за котација.“ – се вели во известувањето.
Берза
Македонска берза дел од осмото издание на деновите на финансиска писменост

На предавањето за студентите од Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, директорот на Македонска берза, Иван Штериев, ги покри темите поврзани со функционирањето на пазарите на капитал, инвестирањето во хартии од вредност и историјата на самата Македонска берза.
Целта на деновите на финансиска писменост е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги. Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување. Директорот на Македонска берза, Иван Штериев ги поддржа овие активности и најави дека Македонска берза редовно организира обуки и предавања за финансиска едукација и поголема инклузија на младите на пазарот на капитал.

Со потпишување на Меморандумот за соработка со Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Македонска берза се обврза да вложува во едукацијата на младите и да ја зголеми нивната улога на пазарот на капитал преку различни едукативни активности и проекти.
Берза
Ѕвоното на берзата одекна за Халкбанк АД Скопје: Нов официјален учесник на Македонската берза!

Македонската берза доби нова, 11-та членка, која започна со тргување преку својот БЕСТ систем под шифрата HK. Халкбанк АД Скопје официјално ги започна активностите како овластен учесник на пазарот на капитал, нудејќи им на клиентите можност да користат услуги за тргување со хартии од вредност.
Во соопштението од Македонската берза се наведува:
„Врз основа на одлуката за отпочнување на користење на правата од членство во Берзата, а по исполнувањето на условите согласно Правилата за членство на Македонската берза АД Скопје, почнувајќи од ден 14.11.2024 година, преку членката Халк Банка АД Скопје ќе може да се тргува во БЕСТ системот под шифрата HK.”
Халкбанк официјално стана дел од членството на Македонската берза во септември 2024 година, кога Одборот на директори донесе одлука дека оваа банка ги исполнува сите услови за да биде овластен учесник на пазарот на капитал. Со ова, банката ја зацврсти својата позиција како значаен играч на финансискиот пазар и ја прошири својата палета на услуги кон клиентите.
Новите членки на Македонската берза ја поттикнуваат динамиката на пазарот, а со приклучувањето на Халкбанк се отвораат нови можности за тргување и инвестирање. Заинтересираните клиенти веќе можат да ги искористат услугите на банката и да иницираат купопродажни трансакции преку БЕСТ системот.
Банки
Комерцијална банка со поддршка за финансиската едукација организирана од Македонската берза

Комерцијална банка во рамките на својата определба за поттикнување и зголемување на финансиската писменост кај младите го поддржа и едукативниот настан „Вклучување на младите на домашниот пазар на капитал“, кој по повод Светскиот ден на штедењето го организираше Македонската берза.
Повеќе од стотина студенти имаа можност да се информираат за сѐ што им нуди пазарот на капитал, од аспект на вложување во домашни хартии од вредност, управување со личните финансии врз основа на релевантни и проверени информации и успешно градење на нивната кариера.

Најзначајните и најновите информации од оваа област им беа пренесени од Иван Штериев, Главен извршен директор на Берзата, Горан Марковски, Главен извршен директор на КБ Инвест, и претставници на повеќе други компании.
Комерцијална банка се дружеше со студентите и по завршување на едукативниот дел, при што размени интересни информации за начинот на кој може да го користат бесплатниот Пакет за млади.

- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Банкипред 2 месеци
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 2 месеци
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 2 месеци
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!
- Банкипред 2 месеци
Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?
- Анализипред 1 месец
Наглиот пад на Nvidia: Дали конкуренцијата од Кина ја загрозува технолошката доминација?
- Банкипред 1 месец
Европската централна банка за разлика од ФЕД одлучи да намали три клучни каматни стапки
- Business Womanпред 2 месеци
Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје