Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на нашата компанија и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува Службеник за односи со клиенти во експозитурите на штедилницата во Скопје.

Потребни знаења и вештини:

  • Завршено најмалку средно и/или високо образование,
  • Способност за тимска работа но и самостојност,
  • Добри комуникациски вештини и способност за решавање на проблеми преку ефикасна комуникација,
  • Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија,
  • Солидно познавање на англиски јазик
  • Работно искуство во дејноста е посакувано но не е задолжително.

Работни задачи:

  • Промоција и продажба на финансиски продукти,
  • Проценка на кредитно барање,
  • Подготовка на анализи и финансиски извештаи,
  • Помош на корисници на кредит и кредитобаратели во одредување на нивните бизнис потреби,
  • Градење на квалитетни односи со клиенти.

Бенефиции:

  • Почетна нето плата од 30.000 денари за кандидати без релевантно искуство,
  • Континуирани обуки за професионален развој,
  • Работа во интересна и динамична работна средина.

Штедилница Можности нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, како и напредок и кариерен развој.

Заинтересирани кандидати, доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на e-mail:rabota@moznosti.com.mk и contact@moznosti.com.mk  до 15.02.2024 година.

Со праќање на вашата апликација за вработување се согласувате компанијата да може да ги собира, обработува и чува вашите лични податоци за потребите на процесот на регрутација додека трае.

Вашите апликации за вработување ќе бидат третирани со строга доверливост.

Кандидатите што ќе аплицираат, а исполнуваат критериуми од овој Оглас, ќе бидат поканети на интервју.

Компании

DINERS CLUB МАКЕДОНИЈА го прославува својот 30-ти роденден

Објавено

на

По 3 децении постоење на пазарот, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Diners Club денес го претстави своето лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди кои следуваат и ќе се случуваат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за сите постоечки и нови членови. Во склоп на јубилејната година од компанијата најавија и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено одговорен карактер.

Diners Club картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата. Уште од 1994 година, кога всушност е основана компанијата Diners Club Македонија, па сѐ до денес, Diners Club постигнува континуиран и стабилен раст. Во Македонија, со Diners Club кредитната картичка може да се плаќа во повеќе од 5 000 продажни места и преку 7 540 POS-терминали. Компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги со 24/7 корисничка поддршка за своите членови, а како дел од мрежата на Discover е признаена и прифатена на повеќе од 50 милиони продажни места и повеќе од 1,2 милиони банкомати низ светот. Приказната за Diners Club започнува со заборавен паричник и пионер кој видел непознат свет кој чека да биде истражен, а со тоа Diners Club станува првата повеќенаменска картичка за наплата во светот. Наредната година оваа успешна приказна на интернационално ниво ќе одбележи 75 години од основањето.

„Од првиот склучен договор во 1994 година, и првата издадена картичка во 1996 година, нашата визија беше и сѐ уште е да бидеме прв избор кај потрошувачите, да им понудиме многубројни олеснителни околности при купувањето и плаќањето на предмети и услуги во земјата и во странство. Се стремиме да ја развиваме нашата мрежа на продажни места на глобално ниво, унапредување на картичките во чип-картички, и редовно ажурирање на нашата платформа и апликација за да обезбедиме уште подобро и понепречено искуство на нашите членови. Diners Club е повеќе од само картичка, Diners Club е чувство на сигурност, припадност и емоција, а сите оние кои се со нас во овие 30 јубилејни години знаат дека секогаш се стремиме да понудиме повеќе за нашите партнери и членови. Кога повеќе значи повеќе!“ – изјави Божидар Јанковски, управител на Diners Club Македонија.

Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со уште поголем мотив за сите идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извонредна услуга на партнерите, соработниците и членовите.

Продолжи со читање

Компании

Групацијата Иуте оствари нето-добивка од 10,3 милиони евра и вкупни приходи од 105,7 милиони евра во 2023 година

Објавено

на

Иуте Естонија, водечка финтек групација во Европа, под чија закрила работи Иуте Македонија, официјално ги објави неревидираните резултати од дванаесетте месеци работење во 2023 година, со нето добивка од 10,3 милиони евра и вкупни приходи од 105,7 милиони евра, што покажува пораст од 20,1% во споредба со истиот период од минатата година.(повеќе…)

Продолжи со читање

Компании

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Објавено

на

Македонски Телеком ja затвори 2023 година со извонредни резултати, испорачувајќи конзистентен раст во текот на целата година. Ова е резултат на успешното работење, фокусот на модернизација и ширење на мрежата и пионерството во воведувањето нови технологии со цел најдобро корисничко искуство.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно