Компании
ИутеКредит Македонија воведе електронска идентификација за своите онлајн производи и услуги

Започнувајќи од 17 февруари, Иуте Кредит Македонија воведе електронска идентификација за своите клиенти, со што уште еднаш покажа дека е лидер во имплементирање на напредни дигитални решенија во светот на финансиските услуги.
Водејќи се од визијата за обезбедување на најдобро корисничко искуство за своите клиенти и за приближување на најсовремените дигитални алатки, од сега клиентите можат ефикасно и безбедно онлајн да ги користат производите и услугите на Иуте Кредит Македонија. Воведената електронска идентификација е во соработка со компанијата GetID од Естонија, која е докажан партнер на бројни институции во процесот на електронската идентификација.
За да можат клиентите да ги уживаат придобивките од овој начин на идентификација мора да имаат: телефон, односно мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација, телефонски број, издаден од оператор со дозвола за работа исклучиво во Македонија, валиден документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош и сопствена емаил адреса.
За нас во Иуте Кредит Македонија предизвик е секој новитет што го воведуваме, а секој новитет внимателно се дизајнира, земајќи ги предвид сите аспекти, и бизнис и регулаторни и технолошки и финансиски. Сметаме дека тоа е единствениот начин за воведување на нов производ или услуга кој може да овозможи успешна имплементација и функционирање. А на овој начин функционираме заради воспоставената организациска структура, која во ништо не се разликува од онаа на големите финансиски институции.
Електронската идентификација со сигурност ја зголемува безбедноста за клиентите, но сакам да укажам дека заштитата на личните податоци е круг во кој сме вклучени сите. Ние секогаш ги едуцираме нашите клиенти за мерки кои лично треба да ги преземаат за заштита на нивните податоци, како на пример, да не споделуваат лични податоци на социјални мрежи, посебно не на лица кои воопшто не ги познаваат или на компании за кои не знаат дали физички постојат. Електронската идентификација која ја воведуваме е дел од кругот во кој заштитата на лични податоци е обврска на секој од нас поединечно и императив за сите нас заедно.
Компании
Diners Club – 75 години во светот и 30 години во Македонија!

Во далечната 1949 година, Diners Club ја создаде првата кредитна картичка, отворајќи врата кон револуција во начинот на плаќање ширум светот. Од тогаш до денес, Diners е синоним за иновација, доверба и привилегии.
Како започна приказната?

Идејата за првата кредитна картичка доаѓа од познатиот американски бизнисмен Frank McNamara, кој се нашол во непријатна ситуација – без паричник во ресторан. Оваа случка довела до создавање на првата Diners Club картичка, која набрзо го промени начинот на плаќање засекогаш.
Од скромниот почеток во 1950 година со 14 ресторани и 2 хотели во Њујорк, Diners Club денес е прифатен во над 55 милиони локации во повеќе од 200 држави.

30 години Diners Club во Македонија
Во 1994 година, Diners Club стигна во Македонија како прва кредитна картичка, која им понуди на своите членови поголема финансиска флексибилност. Денес, Diners е прифатен во над 5.000 продажни места и 400 банкомати низ државата, нудејќи уникатни привилегии:
- Плаќање до 24 рати – на многу локации и без камата;
- Ексклузивни попусти и поволности во омилените продавници;
- Одложено плаќање за поголема слобода и удобност;
- Пристап до кеш на банкомати и многу повеќе.
Diners Club е повеќе од само картичка – тоа е членство во клуб кој го прави животот полесен и поубав.

75-годишниот јубилеј на Diners Club International не е само значаен момент за овој бренд, ова е прослава за почетокот на една цела индустрија, создадена да одговори на потребите на потрошувачите.
Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со се поголем мотив за идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, секогаш со фокус на обезбедување извонредна услуга за членовите, партнерите и соработниците.
Уживајте во поголема финансиска слобода и флексибилност во плаќањата со Diners Club – придружете се во клубот и аплицирајте денес!
Компании
MINT Fintech Group: Година исполнета со општествена одговорност и позитивно влијание

Во изминатата година, MINT Fintech Group докажа дека успехот не се мери само во деловните резултати, туку и во трајното влијание врз заедницата. Како компанија која ги спојува финансиите и технологијата, MINT посветено работи на создавање подобро општество преку серија општествено одговорни активности, насочени кон едукација, спорт, култура, инклузија и одржлив развој.
Поддршка на образованието и младите таленти
Образованието е во срцето на нашите иницијативи. Изминатата година, MINT организираше повеќе финтек работилници за студенти, со цел да ги запознае младите со новите трендови во дигиталните финансии. Преку партнерства со универзитети и иновациски центри, обезбедивме стипендии за перспективни студенти и менторска поддршка за нивниот професионален развој.

Поддршка на спортот
Спортот е основа за здрав и динамичен живот, а ние со гордост ја поддржавме спортската заедница преку соработка со водечки клубови и настани. Со повеќе од 20 спортски настани, ја потврдивме нашата заложба за промоција на здравите навики и спортскиот дух, вклучувајќи:
- ФК Пелистер, РК Пелистер и КК Пелистер – спортски симболи на Битола
- Олимпијада, каде што ги поттикнуваме младите спортисти

Културата како инспирација
Со силна верба во значењето на културата, MINT поддржа над 10 културни настани, кои ја збогатуваат уметничката сцена и ја инспирираат заедницата, како што се:
- Народен Театар Битола (НТБ) – поттик за креативност и уметност;
- Зимска приказна – празничен фестивал кој го слави духот на заедницата;
- Колонија на писатели, каде што уметниците добиваат можност за креативен израз
- Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ја слави филмската уметност.

Зелената агенда и одржливи практики
MINT Fintech Group ја поддржува зелената агенда преку воведување еколошки практики, како што се:
- Дигитализација на процесите за намалување на хартијата;
- Оптимизација на енергетската ефикасност во канцелариите;
- Соработка со иницијативи за садење дрвја и одржлив урбан развој.

Поддршка на здравството и хуманитарни акции
Нашата заложба за заедницата се манифестира преку конкретни донации за:
- Клиничка болница Битола, со фокус на гинеколошкиот и детскиот оддел;
- Поединечни донации, вклучително поддршка за црковни настани и помош на социјално загрозени семејства.

Финтек за подобра иднина
Во духот на иновациите и прогресот, MINT Fintech Group продолжува со својата мисија – да гради финансиски инклузивно општество и да креира одржливи решенија за иднината. Со гордост гледаме на постигнатото и со ентузијазам ги планираме идните проекти што ќе донесат уште поголема вредност за заедницата.
ПР објава
Компании
MINT Fintech Group: Осум години иновации и револуција во финансискиот сектор

MINT Fintech Group, лидер во финтек индустријата во Македонија, вчера го одбележа својот 8-годишен јубилеј со свечен настан кој привлече истакнати претставници од деловниот свет и финансискиот сектор. Централна тема на вечерта беа ребрендирањето на компанијата и премиерата на нејзината иновативна мобилна апликација.
Новата апликација на MINT Fintech Group претставува интегрирано решение кое обединува клучни финансиски услуги – плаќања, осигурување, програми за лојалност, туристички услуги и менувачки курсеви – сè на едно место. Со современ дизајн и едноставност, апликацијата обезбедува врвно корисничко искуство и високо ниво на транспарентност.

Генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски, истакна дека компанијата влегува во нова ера со овој значаен проект: „Нашето ребрендирање и новата апликација не се само технологија – тие се визија за иднината на финансиските услуги во Македонија. Со овој чекор, ние создаваме нова платформа која ќе ги задоволи и надмине очекувањата на нашите клиенти, нудејќи им сигурност, брзина и лесен пристап до сите потребни услуги.“
На настанот, покрај промоцијата на апликацијата, беше претставена и изложбата „Патот на парите, од праисторијата до денес“, која ја визуализираше еволуцијата на финансиските услуги низ времето – од првите монети до денешните дигитални решенија.
За MINT Fintech Group
Од своето основање пред осум години, MINT Fintech Group прерасна во симбол на иновации и прогрес во финансискиот сектор во Македонија. Со тим од стручни професионалци и напредни технолошки решенија, компанијата продолжува да воведува стандарди кои го обликуваат пазарот и обезбедуваат иднина ориентирана кон корисниците.












- Банкипред 2 недели
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Business Womanпред 1 месец
Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење
- Банкипред 4 недели
Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 2 недели
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 1 месец
Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања
- Банкипред 2 месеци
Дигитална зона 24/7 и нов современ изглед доби Филијалата на Комерцијална банка во Струмица
- Банкипред 2 недели
Добивката на ТТК Банка порасна за 2,9% и дојде до 1,76 милиони евра во 2024 година
- Банкипред 2 недели
Халкбанк АД Скопје: Јануарските пензии се веќе исплатени!