Connect with us

Компании

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките

Објавено

на

Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, се вели во заклучокот од извештајот што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Индикаторот за ограничување на кредитите на групата, кој го мери пристапот на компаниите до банкарски заеми, во понеделникот беше објавен на највисоко ниво во последните седум години.

Во септември, приближно 32,9 проценти од околу 2.000 анкетирани бизниси во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето кредити, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто.

Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми уште од 2017 година.

На потешкотии при одобрување кредити особено се жалат компаниите од услужниот сектор, каде проблеми пријавиле 35,7 проценти од анкетираните компании, како и 34,3 отсто од компаниите од индустријата.

„Недостигот на нарачки во многу сектори ги тера банките повнимателно да ја проверуваат кредитната способност на компаниите. Бидејќи компаниите во Германија моментално инвестираат малку, би било добро ако можат да добијат полесно кредити“, рече експертот на Институтот за економски истражувања ИФО, професорот Клаус Волраб.

Спротивно на тоа, германските компании во градежниот, големопродажниот и малопродажниот сектор малку полесно добиваат кредити, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО.

Бизнис

Иновација и релаксација: MINT Fintech Group ги понуди двете решенија на eCommerce конференцијата

Објавено

на

На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата.

Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.

Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.

„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено“, истакна претставник на MINT Fintech Group.

„Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни“, додадоа од MINT Fintech Group.

MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.

Продолжи со читање

Компании

Даниел Алексовски е најдобриот службеник од Штедилница Можности за 2024 година

Објавено

на

По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.

Даниел Алексовски од Штедилница Можности ја доби наградата за најдобар службеник во 2024 година.

Упатуваме искрени честитки до нашиот колега Даниел Алексовски од експозитурата во Куманово, од Сектор Деловна мрежа, кој оваа година беше избран за најдобар службеник со значаен придонес во резултатите од работењето и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.” – велат од Штедилница Можности.

Продолжи со читање

Компании

Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија

Објавено

на

Иновативната услуга „Плати преку линк“ (pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија.

Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има за цел да го поедностави процесот на плаќање за малите и средни претпријатија, тргoвците кои немаат можности за големи инвестиции во платформи за електронска трговија, како и за фриленсерите кои работат на локален и глобален пазар, а наплатата со платежни картички е лимитирана. Со едноставно генерирање на линк за плаќање и испраќање до клиентот преку различни канали како социјални медиуми, е-маил, смс, трговецот има можност секој од овие канали да го трансформира во канал за плаќање и да го искористи потенцијалот за продажба и плаќања.

Од друга страна овој иновативен начин на плаќање на купувачите им овозможува безбедно купување согласно релевантните стандарди во индустријата и подобрено корисничко искуство.

„Услугата ‘Плати преку линк’ (pay by link ) е важен чекор кон модернизација на платежните процеси во Македонија, со што се зголемува ефикасноста и сигурноста на плаќањата. Ова иновативно решение особено ќе им помогне на малите и средни претпријатија да ги оптимизираат своите бизнис процеси и да го подобрат своето финансиско работење, и дополнително ќе го стимулира развојот на електронската трговија, со што на трговците ќе им овозможи економичен пристап до електронски канал за продажба”, велат од КаСис.

Продолжи со читање

Популарно