Банки
„Емоцијата има своја боја“ – проект на Халкбанк за емоционален развој на децата
Халкбанк АД Скопје, една од водечките институции во областа на банкарството, со задоволство најавува нова иницијатива за 2024 година. Фокусот на активностите оваа година ќе биде емоционален развој на децата преку серија на содржини со наслов „Емоцијата има своја боја”.
„Во Халкбанк, веруваме дека образованието и емоционалниот развој се есенцијални за успешното растење на нашите најмлади граѓани. Затоа, оваа година ќе се фокусираме и на креирање на едукативни и интерактивни содржини кои ќе ги збогатат детските животи и ќе ги научат како правилно да ги препознаваат и изразуваат чувствата, поврзувајќи конкретна емоција со конкретна боја. Тоа ќе им помогне полесно да ја осознаат својата емоционална страна што ќе влијае позитивно на нивниот правилен психофизички развој”, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
Халки, штедливото слонче на Халкбанк, кој симболизира радост и безгрижно детство, ќе биде водечкиот херој во серијата на содржини кои ги подготвува банката, а секое видео и текст ќе бидат внимателно креирани за да ги стимулираат и едуцираат најмладите.
Преку проектот „Емоцијата има своја боја”, тие целат да ги поддржат родителите и воспитувачите во нивната улога на животни учители, истовремено обезбедувајќи на децата подобро разбирање на своите емоции и препознавање на истите во текот на животот.
И оваа година, покрај на новиот проект за работа на емоционалниот раст и развој кај децата, преку настаните, работилниците и сите активности кои ќе се организираат, Халки ќе биде во функција и на развивање на финсиската писменост, еколошката свест и инклузивност.
Верувајќи во значењето на едукацијата и емоционалниот развој во раната детска возраст, Халки се надева дека со овие иницијативи ќе ги поттикне децата да го развиваат својот идентитет, вредностите и способностите, креирајќи здрави генерации и засилувајќи позитивни врски и емоции.
Банки
Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари
Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во борбата против фалсификатите. Оттаму, во Народната банка, во рамките на соработката со Царинската управа, обучувачи од Дирекцијата за трезорско работење одржаа обука за царинските работници за препознавање сомнителни пари и за справување со нив.
Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка започна да организира обуки за претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција. Исто така, редовно се организираат задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути за вработените во банките и центрите за готовина. Само минатата година низ обуките поминаа повеќе од 200 професионалци.
Народната банка инаку е единствената овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите денари и странски валути. Во изминатиот период, засилено се врши и размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари.
Банки
Конкурс од Народната банка за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври
Се наближува крајниот рок – 18 октомври, за достава на творби за традиционалниот конкурс за учениците од основните и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето
Уште неколку дена учениците од основното и средното образование имаат прилика да ги достават своите литературни и ликовни творби.
Учениците од основното образование може да испратат литературна и / или ликовна творба на темата: „Штедењето – наша навика и наша потреба!“. За избраните 12 најдобри творби на учениците од основното образование ќе им бидат доделени парични награди, и тоа: 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 1. до 5. одделение; 3 награди за најдобар цртеж / дигитален цртеж за учениците од 6. до 9. одделение; 3 награди за најдобра песна за учениците од 1. до 5. одделение и 3 награди за најдобар расказ за учениците од 6. до 9. одделение.
Учениците од средното образование може да испратат литературна творба ‒ есеј на темата: „Финансиската едукација на младите – основа за подобро управување со парите и заштита од финансиски измами во новото дигитално време“. За избраните 3 најдобри творби на учениците од средното образование ќе им бидат доделени парични награди.
Условите на конкурсот се достапни на следната врска.
Банки
Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите
Народната банка дава поддршка за младите и за нивниот развој во висококвалификувани кадри, кои понатаму ќе придонесат за економскиот и за општествениот развој на земјата и за нејзината европска иднина. За таа цел, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка, Анета Крстевска ги примија стипендистите на Европскиот форум Алпбах (ЕФА) ‒ Александар Каратошо, Бесар Бекири, Ана Софеска и Никола Донев, како и членови на Здружението за поттикнување младинска соработка, промовирање мир и стабилност ̶ Македонска АЛПБАХ заедница, Марко Палоски и Теа Цветановска, на средба во Народната банка.
На средбата, стипендистите на ЕФА ги споделија своите искуства и идеи во врска со поддршката којашто институциите можат да ја дадат за младите и за нивниот развој, како идна движечка економска и општествена сила. Подетално беше разговарано и за Меморандумот за соработка, којшто Народната банка го потпиша со Клубот Алпбах, во август годинава, со кој се предвидени повеќе активности и проекти во областа на финансиската едукација. Преку соработката и проектните активности се отвораат нови можности за младите, за едукација, проактивност и за иновативност.
На средбата беше посочено и дека преку градење партнерства и вклучување на сите заинтересирани институции, асоцијации и граѓански здруженија, Народната банка постојано работи на зајакнување на свеста и унапредување на финансиската едукација на широка основа во земјава.
- Банкипред 2 недели
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 2 недели
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 недели
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 недели
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 недели
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 4 дена
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Банкипред 2 недели
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 6 дена
АНТОНИО АРГИР СО УШТЕ ЕДНА ВИСОКО-РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ВО НЛБ ГРУПАЦИЈАТА – ќе биде и претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина