Connect with us
no baners

Банки

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Објавено

на

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во наредните години и низ идните предизвици. Со ова успешно се заокружува преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ. По одлуката на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, Тони Стојановски ја презема функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од денеска, 3.09.2024 година.

„Длабоко сум почестен од укажаната доверба на Надзорниот одбор и на Народната банка да бидам назначен за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Оваа Банка има наследство на извонредност, што ме прави исклучително мотивиран и натаму да го унапредувам со интегритет и посветеност. Уверен сум во компетенциите на тимот и способноста на колективот да ја насочиме оваа институција кон врвни резултати и просперитет, да ги одржиме највисоките стандарди во банкарството, истовремено обезбедувајќи одржлив раст и заеднички успех за сите засегнати страни.“ – истакнува Тони Стојановски во својата прва изјава по стапувањето на функцијата претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.

За прв човек на НЛБ Банка Стојановски беше именуван од Надзорниот одбор на Банката на 10 јуни годинава. Во очекување на одобрението на Народната банка, од почетокот на јули, тој ја извршуваше функцијата помошник на Управниот одбор. 

За потсетување, на челната позиција на НЛБ Банка, Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје каде 15 години беше член на Управниот одбор на Банката, а низ годините извршуваше и други високо-раководни функции. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високо-раководни функции и во Народната банка на Република Северна Македонија. Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, банкарски професионалец со повеќе-децениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации.

Банки

Патувај без грижи: Халкбанка со Visa Travel нуди осигурување и бенефиции за патниците

Објавено

на

Халкбанка АД Скопје ја промовира својата кредитна картичка Visa Travel, наменета за клиентите кои патуваат и имаат потреба од дополнителна сигурност и поддршка за време на престојот во странство.

Картичката Visa Travel, издадена во соработка со Visa, нуди пакет на бенефиции кои вклучуваат асистенција на пат, патничко осигурување со покритие до 10 дена, како и попусти при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

Според информациите од банката, корисниците на оваа картичка можат да добијат 10 проценти пониски цени за одредени осигурителни производи, што претставува дополнителна финансиска поволност при планирање патувања.

Со оваа понуда, Халкбанка се насочува кон сегментот на клиенти кои се почесто патуваат, нудејќи комбинирано решение кое обединува платежна функционалност и осигурителна заштита, со цел намалување на ризиците и трошоците при патување.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка ја промовира понудата за потрошувачки кредити со фиксни камати и без административни трошоци

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје ја промовира својата понуда за потрошувачки кредити, со акцент на поволните услови за граѓаните во текот на промотивниот период.

Во рамки на кампањата, Стопанска банка АД Скопје нуди потрошувачки кредити без обезбедување до 1,5 милиони денари (25.000 евра), со фиксни каматни стапки во првите две години – 5,30% за кредити со животно осигурување и 5,50% за кредити со осигурување од незгода. За сите апликации поднесени до 30 април 2026 година, банката ги покрива и административните трошоци.

Кредитите се одобруваат без потреба од жиранти, меници или депозит, што овозможува побрз и поедноставен пристап до средства. Износот се движи од 15.000 денари до максималниот лимит, со рок на отплата до 120 месеци, во зависност од висината на кредитот.

Отплатата се врши преку еднакви месечни ануитети, а клиентите имаат можност да користат траен налог или електронски банкарски услуги. Во понудата е вклучена и можност за избор на осигурување – животно или од незгода, со што се обезбедува дополнителна сигурност при користењето на кредитот.

Со оваа промоција, Стопанска банка ги истакнува условите од својата понуда за потрошувачки кредити, насочени кон поголема достапност и флексибилност за клиентите.

Оригиналниот текст со сите детали за понудата е достапен на веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Банки

УНИ Банка ќе исплати полугодишна камата од 6% за перпетуалните обврзници од третата емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје информира дека на 24 април 2026 година ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуалните обврзници од третата емисија (ISIN: MKBLBA200037, шифра: UNIPO3).

Каматата се исплаќа по годишна каматна стапка од 6 проценти, а право на исплата имаат сите инвеститори кои се евидентирани како иматели на овие обврзници во книгата на иматели во Централен депозитар за хартии од вредност заклучно со 23 април 2026 година.

Воедно, Банката информира дека тргувањето со овие обврзници на 22 и 23 април 2026 година ќе се врши со пресметана акумулирана камата. Тоа значи дека при порамнувањето на трансакциите на 24 и 27 април, купувачот ќе треба да ја плати чистата цена на обврзницата зголемена за износот на акумулираната камата кон продавачот.

Инвеститорите кои ќе ги купат обврзниците во овој период ќе бидат евидентирани како иматели по датумот на пресек и нема да имаат право на исплата на тековната полугодишна камата.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange