Анализи
ЗПУПС: Со новиот закон за платежни услуги и платни системи се забранува нудење попуст за плаќање во готовина
Новиот Закон за платежни услуги и платни системи кој стапи на сила од почетокот на 2023 година, донесе низа новини меѓу кои и забраната за нудење на попуст за плаќања со готовина.
Согласно овие измени, примачот нема право да нуди попуст доколку платежните трансакции се извршуваат со готовина. Под примач се подразбира правно или физичко лице за кое се наменети паричните средства кои се предмет на платежната трансакција или продавачот на производ/услуга.
Оваа забрана за нудење (давање) попусти се однесува на платежни трансакции што се извршуваат исклучиво со готовина, непосредно од плаќачот на примачот, без вклучување на посредник.
Доколку примачотт нуди (дава) попуст за плаќање со готовина, Законот (ЗПУПС) утврдува глоба во износ од:
- 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец,
- 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за мал трговец,
- 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за среден трговец и
- 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец
Покрај глобата на трговецот ќе му се изрече и прекршочна санкција, забрана за вршење дејност во траење од три месеци до две години.
Дополнително, со глоба ќе се соочи и одговорно лице од компанијата.
Глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице кај трговецот. Покрај глобата, на одговорното лице кај трговецот ќе му се изрече и прекршочна санкција, забрана за вршење должност во траење до една година.
За плаќања со готовина, правно лице може да чува во својата благајна готовина до висината на благајничкиот максимум, кој го утврдува правното лице со посебен акт. Правното лице е должно сите парични средства од дневниот пазар над утврдениот благајнички максимум примени во готовина по било која основа да ги уплати најдоцна до следниот работен ден на својата платежна сметка.
Правното лице е должно да ја осигура готовината која ја чува во својата благајна, најмалку до висината на благајничкиот максимум, при што договорот за осигурување задолжително ќе ги покрива штетите во случај на пожар, поплава и кражба. Обврската за осигурување на готовината не се однесува на правните лица чиј благајнички максимум е до 20.000 денари.
Плаќањето на производи и услуги во готово од страна на правни лица не може поединечно да биде повеќе од 6.000 денари и не може да надмине вкупен износ од 60.000 денари во текот на календарскиот месец.
Анализи
Цените на нафтата паѓаат поради очекувања за продолжување на разговорите меѓу САД и Иран
Цените на нафтата забележаа пад во вторникот, откако претходно пораснаа, поради очекувањата дека разговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат оваа недела и ќе овозможат зголемен проток на нафта од клучниот регион на западна Азија.
Суровата нафта „Брент“ поевтини за 0,9 проценти и достигна цена од 94,62 долари за барел, додека американската нафта West Texas Intermediate (WTI) за мај падна за 1,2 проценти, на 86,36 долари.
Инвеститорите внимателно ја следат можноста разговорите да доведат до продолжување на постојното примирје или постигнување конечен договор, иако ризикот од нови судири и прекини во снабдувањето останува. Аналитичарите на ING посочуваат дека пазарите покажуваат одреден оптимизам во однос на исходот од преговорите.
Минатата недела вниманието беше насочено кон најавата на Техеран за отворање на Ормутскиот теснец, една од најважните рути за транспорт на нафта во светот. Според иранските власти, комерцијалните бродови добиле дозвола за слободен премин во рамки на договореното примирје, со координирани рути под надзор на морнарицата.
Примирјето, кое вклучува и деескалација на конфликтот меѓу Израел и Либан, беше најавено од американскиот претседател Доналд Трамп и првично е договорено за период од 10 дена со цел да се создадат услови за мировни разговори.
Сепак, тензиите повторно се зголемија откако САД најавија продолжување на поморската блокада, на што Иран одговори со повторно затворање на Oрмутскиот теснец. Инцидентите на море, вклучително и пресретнување на ирански брод, дополнително ја усложнуваат ситуацијата.
Аналитичарите предупредуваат дека неизвесноста останува висока, особено со приближувањето на истекот на примирјето, што може да доведе до нов бран конфликти во Персискиот Залив и дополнителни ценовни осцилации на нафтените пазари. Дополнителни податоци од OPEC покажуваат дека цената на кошничката нафта на земјите членки во петокот изнесувала 99,60 долари за барел, што е намалување од 5,19 долари.
Извор: Финансије.хр
Анализи
Златото се обидува да го задржи позитивниот моментум, еврото стабилно во однос на доларот
Цените на златото продолжуваат со нестабилни движења во текот на денот, но и понатаму се одржуваат над важната техничка поддршка од EMA50, што обезбедува стабилност и го ограничува посилниот пад. Воедно, цената останува над клучното ниво на отпор од 4.800 долари, што укажува на сила на актуелниот тренд.
Овој развој се случува во услови на краткорочен растечки корективен тренд, додека индикаторите за релативна сила даваат позитивни сигнали по излегувањето од зоната на прекупеност. Тоа ги зголемува шансите за натамошен раст, и покрај тековната нестабилност на пазарот.
Во меѓувреме, валутниот пар евро-долар (EUR/USD) останува стабилен и бележи континуирани добивки во текот на последните тргувања. Движењето е поддржано од краткорочен нагорен тренд, при што цената се движи над EMA50, што дополнително ја зајакнува можноста за продолжување на растот.
Сепак, аналитичарите предупредуваат на можни краткорочни корекции, бидејќи индикаторите за релативна сила повторно влегуваат во зоната на прекупеност. И покрај тоа, изгледите за продолжување на нагорниот тренд остануваат позитивни сè додека цената се одржува над тековните нивоа на поддршка.
Анализи
Европа под притисок од скапата енергија: Различни мерки, ист товар за буџетите
Цените на бензинот, дизелот и електричната енергија продолжуваат да растат, што ги принуди речиси сите земји од Европската унија да воведат мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Иако целта е иста – да се ублажи ударот врз животниот стандард и економијата – пристапите се разликуваат, а трошоците значително ги оптоваруваат државните буџети, пренесува Deutsche Welle.
Земјите низ Европа реагираат со различни пакети: директни субвенции, даночни олеснувања или административно ограничување на цените. Сепак, сите модели носат сериозен финансиски товар за јавните финансии.
Во Германија беше воведено привремено намалување на акцизите на горивата за околу 17 центи по литар во период од два месеца, како и олеснувања за вработените преку признавање на трошоците за превоз од првиот километар. Дополнително, намалена е и надоместокот за пренос на електрична енергија, што носи ограничени заштеди за домаќинствата.
Холандија се фокусира на директна финансиска помош за домаќинствата со ниски приходи, намалување на даноците за комерцијални возила за 50 проценти и зголемување на надоместоците за превоз. Во тек е и процес за одобрување субвенции за енергетска ефикасност, како што е изолација на домовите.
Во Италија е донесен пакет вреден околу три милијарди евра, кој вклучува намалување на акцизите за околу 25 центи по литар, поддршка за енергетски интензивните индустрии и даночни олеснувања за транспортниот сектор.
Грција и Австрија применуваат сличен модел со намалување на даноците на горивата.
Во Франција е усвоен пакет помош вреден околу 70 милиони евра.
Хрватска се одлучи за административно утврдување на максимални цени на горивата, кои се ажурираат на секои две недели, како и за поддршка на граѓаните при плаќањето на електричната енергија. Истовремено, намалените акцизи индиректно ги намалуваат цените, но и буџетските приходи.
Во Словенија државата директно ги ограничува цените на струјата и горивата, користејќи ја контролата на цените како клучен механизам за заштита на потрошувачите.
Србија исто така применува државно утврдување на цените на горивата, со директна регулација на пазарот.
Во Босна и Херцеговина нема директна контрола на цените, но пониските даноци придонесуваат бензинот да биде поевтин, додека дизелот е поскап во однос на регионот.
Специфичен пристап има Унгарија, каде пониските цени важат за возила со домашни регистарски таблички, додека странските возачи плаќаат повисоки цени.
И покрај различните мерки, заедничкиот предизвик останува ист – како да се заштитат граѓаните и економијата, без притоа да се наруши стабилноста на државните буџети.
-
Интервјуапред 2 месециПензиски парадокс: Од минималец до доброволен фонд – новиот модел на младите вработени
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Започна исплатата на пензиите за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Банкипред 2 месециЗошто е сменет директорот на Развојната банка и кој е неговиот наследник!?
-
Продуктипред 1 месецДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Банкипред 2 месециХалкбанк известува: Пензиите за февруари се достапни на пензионерите
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Павле Гацов | Готовината и сивата економија „јадат“ 500 милиони евра годишно

