Connect with us

Банки

Подготовка за евентуални прекини во електронските системи за плаќање: Секое домаќинство да чува готовина!

Објавено

на

Во свет со сè поголема зависност од дигитални и електронски средства за плаќање, Холандската централна банка (DNB) ги повика граѓаните да бидат практично подготвени за евентуални прекини во платежната инфраструктура. Во изјава дадена во вторникот, Централната банка на Холандија (DNB) препорачува секој возрасен член на домаќинството да чува најмалку 70 евра во готово, додека децата да имаат по 30 евра, како безбедносна мерка за итни случаи.

Зошто е важна оваа препорака?

Причината за оваа иницијатива се зголемените сајбер закани, како и геополитичките тензии, кои, според DNB, претставуваат сериозна опасност за сигурноста и стабилноста на електронските системи за плаќање. Во екот на дигиталната трансформација, ризикот од технолошки прекини не е занемарлив, прекините на електричната енергија во Шпанија и Португалија, кои неодамна привремено ги оневозможија терминалите за електронско плаќање, се реален пример за тоа што може да се случи.

Според холандските власти, препорачаната количина готовина треба да биде доволна за покривање на основните потреби како храна, вода, лекови и транспорт, за период од најмалку три дена. DNB нагласува дека оваа мерка не значи враќање во минатото, туку претставува одговорна подготовка во случај на итни ситуации.

Улогата на трговците и банкарскиот сектор

Во дополнение на препораките до населението, Холандската централна банка апелира до трговците да понудат алтернативни методи на плаќање, како што се QR кодови или офлајн решенија, кои би овозможиле флексибилност и пристап до средства во услови на прекин на стандардните канали за трансакции.

Препораки на ниво на ЕУ

Оваа иницијатива не е изолиран потег. Уште во март 2025 година, Европската комисија издаде слична препорака до сите држави-членки на Европската Унија, повикувајќи ги граѓаните да се подготват за евентуални вонредни состојби, вклучувајќи природни катастрофи или дури и вооружени конфликти. Дел од советите вклучуваат обезбедување доволно основни залихи за преживување во траење од три дена, како и развивање на план за комуникација и евакуација.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange