Банки
Вработените во Халкбанк го одбележаа Денот на планетата земја со зазеленување на просторот околу повеќе филијали на Банката
Денот на планетата Земја, 22 април, вработените на Халкбанк го одбележаа со засадување садници во околината на филијалите на Банката во Гевгелија, Струмица, Куманово, Тетово Шар, Ресен и Велес. На овој начин тие го зазеленија и разубавија просторот околу филијалите, истовремено придонесувајќи и за поубава и позелена средина во овие градови.
Како дел од одбележувањето на денот посветен на нашиот единствен дом – планетата Земја, беше направен и Giveaway на социјалните мрежи и беа подарени растенија на најкреативните учесници.
Халкбанк која е препознаена како еко ориентирана банка, постојано посветува внимание на зачувување и заштита на природата и поттикнување и негување здрави животни навики и со низа акции придонесува за зголемување на зеленилото, како во урбаните средини, така и на други локации каде што тоа е потребно. Преку платформата ХалкЕко досега се засадени над 33.000 дрвја на повеќе локации во земјата, а во дел од овие акции учествуваа и вработените во Банката. Основа на платформата е истоимената апликација со која сите оние што пешачат, трчаат или возат велосипед, со поминатите километри во овие активности, придонесуваат Халкбанк да засади дрвја. И хронометар велосипедската трка Халк Вело Грин која ја организира Банката е со цел поттикнување здрави животни навики, но и обзбедување нови садници бидејќи средствата од котизацијата за учество во трката се искористуваат за обезбедување нови дрвја.
Сите акции за засадување нови садници се и придонес на Халкбанк во рамките на коалицијата Priceless Planet чиј дел е Банката, која има за цел до 2025 година во светот да бидат засадени над 100 милиони дрвја. Коалицијата беше формирана од страна на Mastercard во јануари 2020 година, а во октомври истата година Халкбанк влезе во партнерство со оваа големата глобална иницијатива, со што стана и прва банка во регионот што се приклучи на оваа широка Коалиција.
Со сите еко акции и иницијативи Халкбанк настојува да додаде видлив отпечаток кон подобра, почиста и поздрава животна средина, но и да поттикне повисока одговорност кај секој чинител во општеството.
Банки
Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија Никол Варнс, на која беа разменети мислења за економските текови, институционалниот развој на Народната банка и реформските процеси насочени кон поддршка на економскиот раст и евроинтеграцијата.
На средбата беше истакнато дека Народната банка постојано го јакне својот институционален капацитет преку бројни развојни проекти, со посебен акцент на модернизацијата на платните системи. Современите и ефикасни платни решенија придонесуваат за поголема сигурност, побрз проток на финансиски средства и олеснување на деловното работење, што е значајно за подобрување на инвестициската клима.
Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.
Во разговорот, гувернерот Славески се осврна и на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), оценувајќи дека станува збор за историски чекор за македонската економија. Тој посочи дека со пристапувањето кон СЕПА, на македонските граѓани и компании им се овозможи да вршат побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра, и тоа уште пред полноправното членство на земјава во Европската Унија.
Гувернерот нагласи дека со воспоставувањето клон на ТИПС, развиен со поддршка на Европската централна банка, се официјализира почетокот на современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзиното регионално поврзување со земјите од Западен Балкан и со европскиот платежен простор. Со овој систем ќе се овозможи извршување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, при што најголемиот дел од трансакциите ќе се обработуваат за неколку секунди. Новите решенија ќе овозможат едноставно иницирање плаќања, што ќе придонесе за побрзи, посигурни и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите, како и за поефикасно работење на трговците.
Соговорниците ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и размената на искуства во областите од заемен интерес, заради поддршка на економската стабилност и реформските процеси во земјава.
Банки
Комерцијална банка како партнер на НСРР ја продолжува поддршката за родова рамноправност и финансиска независност на жените
Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата општествена одговорност преку континуирана поддршка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.
Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.
Во рамките на акцијата „Биди своја, биди силна!“, Комерцијална банка активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците на начин што обезбедува самостојност и заштита.
Со континуираната поддршка на активностите на НСРР, Банката ја потврдува својата заложба за родова еднаквост и за достапна, целосна поддршка на жените во сите аспекти на финансиското и социјалното делување.
Банки
Шпаркасе Банка повторно ја доби сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ – потврда за транспарентност и грижа за клиентите
Шпаркасе Банка АД Скопје ја обнови сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, доделена од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на транспарентно, одговорно и етичко работење.
Ова признание претставува потврда за континуираниот фокус на Банката кон фер услови, јасна комуникација и заштита на интересите на клиентите, како и за примената на највисоки стандарди во односите со потрошувачите.
Обновената сертификација обезбедува дополнителна стручна поддршка, релевантни увиди за корисничкото искуство и унапредување на добрите практики во финансискиот сектор.
Со вакви активности, Шпаркасе Банка продолжува да ја гради довербата на клиентите преку јасен и коректен пристап, поставувајќи ги нивните реални потреби во центарот на своето работење и потврдувајќи ја својата улога како одговорен и стабилен финансиски партнер.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања









