Connect with us
no baners

Осигурување

Вложувањата во осигурување пораснаа 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци

Објавено

на

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила.

Вложувањата во неживотни осигурување достигнаа 3 милијарди денари (48,4 мил.евра) за првите три месеци годинава. Граѓани, фирми и институции во овој период вложија 19,5 отсто односно 7,9 милиони евра повеќе од истиот период во 2022 година. Во првото тромесечје годинава се склучени над 369.000 договори за осигурување што е за 20 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.

Од податоците кои се јавно достапни на https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/ евидентно е дека растат вложувањата во сите поголеми доброволни класи осигурување, а расте и вредноста на полисите за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.

Најпопуларна односно најбрзорастечка класа и во овој период е приватното (дополнително) здравствено осигурување. За првите три месеци годинава се склучени над 11.700 договори што е за 50 отсто повеќе од првиот квартал претходната година. Во приватно здравствено осигурување граѓаните за своите семејства и компании за своите вработени вложиле 367,5 милиони денари (6 милиони евра). Интересот за вложување во приватно здравствено осигурување пораснал за 62 отсто во споредба со првото тромесечје претходната година.

Најголемата доброволна класа – осигурувањето имот исто така бележи раст за 10,5 отсто. Вкупните вложувања на граѓани и правни лица за осигурување имот достигнале 612 милиони денари (10 мил.евра).Склучени се речиси 38.500 договори за осигурување имот и нивниот број е за 6 отсто поголем од истиот период лани.

Од другите доброволни класи вредно е да истакне дека има солиден раст на продажбата на полиси кај каско осигурувањето возила. Вкупната продажба на каско полиси достигна 272 милиони денари (4,4 мил.евра) и тоа е за 26 отсто или речиси 1 милион евра повеќе од истиот период лани.

Во првите три месеци годинава граѓаните патувале во странство значајно повеќе од истиот период лани. Продажбата на патничко осигурување во овој период пораснала за 45 отсто во споредба со лани и изнесува 44 милиони денари (713.000 евра). Биле продадени 64.000 полиси за патничко осигурување што е за 44 отсто повеќе од првиот квартал лани.

Најголемо учество во вкупната продажба на неживотни осигурување и годинава има осигурувањето од автомобилска одговорност кое е задолжително со закон. Осигурениците вложиле 1,18 милијарди денари (19,2 мил.евра) за три месеци и тоа е 13 отсто повеќе од истиот период во 2022 година.

Осигурување

Сава Осигурување нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците

Објавено

на

Сава Осигурување нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.

Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.

Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.

Од Сава Осигурување велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.

Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.

Продолжи со читање

Осигурување

На 4 јуни ќе се одржи Кроација Осигурување Business Run 5K во Скопје

Објавено

на

По завршувањето на „Прв до врв“, љубителите на спортот и рекреацијата ќе имаат можност да бидат дел од уште еден голем спортски настан – Croatia Osiguruvanje Business Run 5K, кој ќе се одржи на 4 јуни во Скопје.

Организаторите најавуваат дека станува збор за најголемиот бизнис рекреативен настан во Македонија, наменет за компании и тимови кои сакаат да комбинираат спорт, дружење и тим билдинг надвор од канцелариската атмосфера.

Настанот ќе се одржи во комплексот на Acibadem Sistina Hospital и Premium Sport Center, а учесниците ќе трчаат патека од 5 километри по работното време.

Покрај трката, предвидени се музика, забава, храна и освежување за сите учесници.

Пријавувањето на тимовите е веќе отворено преку официјалната страница на настанот: PrvdoVrv Business Run 5K

Продолжи со читање

Осигурување

Хрватската осигурителна компанија Кроација Осигурување меѓу европските компании со најголем раст на акциите во 2026 година

Објавено

на

Акциите на Кроација Осигурување годинава бележат раст од 62 проценти, со што најголемата хрватска осигурителна компанија се најде меѓу европските фирми со најдобри берзански перформанси во 2026 година, покажува анализа на Euronews.

Компанијата, чија пазарна капитализација се проценува на околу една милијарда евра, е издвоена како лидер во финансискиот сектор, а интересот на инвеститорите се поврзува со влезот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната.

Најголем раст на европските берзи годинава има шведската компанија „Сиверс Семикондакторс“, чии акции скокнале за дури 947 проценти. Компанијата произведува фотонски и полупроводнички компоненти што се користат во дата-центри за вештачка интелигенција и 5Г мрежи.

Веднаш зад неа е францускиот „Сојтек“, со раст од 639 проценти, благодарение на производството на иновативни материјали за полупроводници.

Во енергетскиот сектор, меѓу најуспешните се британските компании („Церес Пауер“) и („ИТМ Пауер“), кои работат на технологии за водород и горивни ќелии. Акциите на Церес Пауер пораснале за 237 проценти, додека ИТМ Пауер бележи раст од 173 проценти.

Во здравствениот сектор се издвојува францускиот („Нанобиотикс“), чии акции пораснале за 89 проценти по напредокот во тестирањето нова терапија за лекување рак.

Раст од 64 проценти има и „Јутелсат“, поттикнат од зголемениот интерес на Европа за алтернативи на сателитскиот интернет Старлинк на Илон Маск.

Според анализата, корист од кризата на Блискиот Исток имал и луксембуршкиот бродски оператор „Д’Амико Интернешнл Шипинг“, чии акции пораснале за 84 проценти поради нарушувањата во глобалниот транспорт.

Кроација Осигурување работи и на повеќе пазари во регионот, меѓу кои Словенија, Србија и Северна Македонија.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange