Connect with us

Осигурување

Над 305.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Објавено

на

Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 отсто во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5 отсто, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и минатата година ја завршија со вкупна актива вредна 187 милиони евра.

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 мил.евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305.322 лица што е за речиси 45.000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171.000 и е зголемен за 7 отсто.

Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Вкупно во 2022 година во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 1,236 милијарди денари (20,1 мил.евра)

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.  Со него во случај на смрт, за времетраење на договорот, се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Вложувањата во ова осигурување лани достигнале 547 милиони денари (8,9 мил.евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од претходната година. Бројот на лица кои го имаат ова осигурување надмина 243.000 што е 22 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

Една од двете клучни причини за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат  осигурениците.

Другиот катализатор на растот на бројот осигуреници кои имаат животно осигурување е мерката со која АСО им укажа на  друштвата за неживотно осигурување дека не смеат да преземаат во осигурување ризик од смрт поради болест во рамки на понудата на осигурувања од последици на несреќен случај (незгода).

Осигурувањето во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во 2022 година над 13.600 осигуреници во овој продукт вложиле 494 милиони денари (8 мил.евра).

Животно осигурување продаваат пет осигурителни компании. Во продажбата на полиси лани „Кроација осигурување“ учествува со 31,7 отсто, „Граве“ со 22,1 отсто, „Винер лајф“ со 17,6 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 16,1 отсто и „Уника лајф„ со 12,5 отсто.

Компаниите за осигурување живот во 2022 годинава на осигурениците им исплатиле вкупно 705,2 милиони денари ( 11,5 мил.евра) односно 18,5 отсто повеќе средства од претходната година. Средствата се исплатени заради настаната смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна компонента.

Петте друштва за осигурување живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на минатата година изнесува 11,5 милијарди денари (187 мил.евра) што претставува 38 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.

Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби и со солидни приноси.

Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.

Банки

Триглав Oсигурување Живот и Халкбанк со нови атрактивни можности за осигурување на живот за корисници на станбен кредит

Објавено

на

Станбениот кредит е одлична можност за решавање на значајната животна потреба за сопствен дом, кој пропратен со осигурување на живот за корисникот на кредитот е вистинското решение за финансиската сигурност и стабилност на целото семејство.

Атрактивната комбинација на банкарски и осигурителни производи овозможува кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност за неговото семејство во услови кога тоа се задолжува со висок износ и на долг временски период полн со неизвесности.

Триглав Осигурување Живот во соработка со Халкбанк креираше нови продукти за осигурување за сите корисници на станбен кредит, кои обезбедуваат месечно плаќање на премијата вклучена во амортизациониот план на кредитот.

Со овој новитет корисниците на станбен кредит во Халкбанк добија можност да склучат полиса која им обезбедува сигурна отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, при што полисата е вклучена и во амортизациониот план на кредитот.

“Овозможуваме уникатни производи креирани според потребите на клиентите кои се корисници на станбен кредит во Халкбанк. Тие имаат можност да изберат помеѓу три вида продукти за осигурување, кои им овозможуваат премијата да ја плаќаат месечно заедно со ануитетот за кредитот се до отплата на станбениот кредит, а им обезбедуваат и осигурување во случај на смрт од болест или незгода. Со ова на корисниците на станбен кредит им понудивме навистина квалитетна и максимално корисна понуда за осигурување при долгорочно кредитирање”, велат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Полисата за осигурување на живот на корисник на кредит е полиса со осигурена сума која го следи амортизациониот план на кредитот, а има за цел да обезбеди отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на ненадеен немил настан (смрт) на кредитобарателот. Оваа полиса има можност и за вклучување две осигурени лица на една полиса, со што обезбедува отплата на кредитот во случај на неочекувана смрт на кој било од двајцата осигуреници.

За уште поголеми бенефити за клиентите, Халкбанк за корисниците на станбен кредит нуди и осигурителни полиси вклучени во амортизациониот план на кредитот, кои имаат и штедна компонента. Полисата за Ризико осигурување со 30% поврат на премија и Полисата за Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт се со фиксна осигурена сума во случај на неочекувана смрт за цело времетраење на осигурувањето, која е во висина на износот на станбениот кредит. Овие полиси примарно гарантираат отплата на кредитот во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, а можниот вишок на средства се исплаќа кон корисникот кој го одредил самиот кредитобарател, со што се обезбедува и дополнителна финансиска сигурност за најблиските. Штедната компонента, пак, гарантира поврат на вложените средства при доживеан истек на осигурувањето.

Со оваа заедничка понуда на Триглав Осигурување Живот и Халкбанк корисниците на станбен кредит добиваат ефикасно и персонализирано финансиско решение за остварување на една од најголемите животни желби без финансиски грижи и потешкотии.

За дополнителни информации за понудата, како и за да ви помогнеме да изберете најдобро решение за вашата финансиска сигурност, посетете ја најблиската филијала на Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Осигурување

Групација ТРИГЛАВ: Резултатите во 2024-та година над очекувањата, поставени високи стратешки амбиции до 2030-та година

Објавено

на

Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај на Групација Триглав и матичното друштво за 2024-та година. Групација Триглав во 2024-та година ги надмина плановите и оствари деловен резултат пред оданочување од 159 милиони евра, додека нето добивката изнесуваше 131,4 милиони евра. До 2030-та година, Групација Триглав постави стратешка амбиција да ја удвои добивката, значително да го зголеми обемот на деловното работење и обемот на средствата со кои што управува. Управата и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното собрание на акционери ќе предложат исплата на дивиденда во бруто износ од 2,80 евра по акција, односно вкупен износ од 63,7 милиони евра. Предложената дивиденда им гарантира на акционерите дивиденден принос од 6 проценти.

Во 2024-та година, Групацијата Триглав оствари вкупен обем на деловно работење од 1,72 милијарди евра, што е над планираната вредност од околу 1,6 милијарди евра. Покрај добрите резултати, и во осигурителната дејност и во управувањето со средства, врз работењето позитивно влијаеја и поволните услови на финансиските пазари, релативно поволните штетни побарувања и еднократните настани, особено ефектите во сегментот Здравје. Деловниот резултат на Групацијата пред оданочување достигна 159 милиони евра, а нето добивката изнесуваше 131,4 милиони евра. Комбинираниот количник на сегментите неживотно и здравствено осигурување, изнесуваше поволни 93,6 проценти. Групацијата Триглав ја зацврсти својата водечка позиција на пазарот на осигурување како во Словенија, така и во регионот Адриа и има висока кредитна оцена „А“ со подобрени, позитивни среднорочни изгледи. Групацијата е добро капитализирана, а детални информации за солвентноста и финансиската состојба на Групацијата и нејзиното матично друштво се достапни во извештаите на следниот линк.

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави:
Во 2024-та година остваривме одлични резултати во сите сегменти на работењето и значително ги надминавме плановите, задржувајќи ја финансиската стабилност и капиталната постојаност. Со 2025-та година влегуваме во нов стратешки период до 2030-та година, за кој што поставивме високи амбиции.

Во 2025-та година, Групацијата Триглав планира да оствари деловен резултат пред оданочување во износ од 130 до 150 милиони евра (нето деловен резултат помеѓу 100 и 120 милиони евра). Стратешката амбиција на Групацијата е до 2030-та година да го удвои деловниот резултат пред оданочување, односно да достигне износ помеѓу 250 и 300 милиони евра. Групацијата планира понатамошно зајакнување на обемот на своето работење, при што ќе внимава на диверзификација и од географски и од продуктно-услужен аспект, како и на зајакнување на своето присуство на пазарите надвор од Словенија. Групацијата ја зголемува својата видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација, што претставува и нејзина визија. Планирано е вкупниот обем на работење во 2025-та година да надмине 1,8 милијарди евра, со амбиција до 2030-та година да достигне износ од 2,5 до 3 милијарди евра. Групацијата има за цел да ги зајакне средствата под управување, при што нејзината амбиција е тие да надминат 10 милијарди евра до 2030-та година. Групацијата ќе го надградува амбициозно планираниот органски раст со можни преземања, доколку се појават соодветни услови за тоа.

ГРУПАЦИЈА ТРИГЛАВ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Групацијата Триглав на македонскиот пазар ја сочинуваат компаниите Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав Пензиско друштво. Триглав Осигурување и Триглав Осигурување Живот, во 2024-та година го зголемија вкупниот обем на деловно работење за 15 проценти и достигнаа 38 милиони евра, додека вкупната бруто полисирана премија изнесуваше 35,9 милиони евра (31,3 милиони евра претходната година). Со пазарен удел од 13,8 проценти, Групацијата го задржа третото место на пазарот, на кој што моментално работат 17 осигурителни друштва и премијата во 2024-та година е зголемена за 11,3 проценти.

Триглав Осигурување Скопје во 2024-та година оствари раст на премија во доменот на неживотни осигурувања од скоро 10%, споредено со претходната година. Компанијата ја заврши 2024-та година со пазарен удел од 12,4 проценти, задржувајќи го трендот од 2023-та година. Триглав Осигурување континуирано ја добива највисоката оцена за углед на македонскиот пазар на осигурување и претставува прв избор на клиентите кога станува збор за осигурување. Посветени сме на искористување на моќта на технологијата, за да им обезбедиме на нашите клиенти одлично корисничко искуство. Во 2024-та година воведовме можност за онлајн пријава на осигурени случаи по доброволното приватно здравствено осигурување, што им користи и на клиентите, кои можат брзо и безбедно да поднесат барање за поврат на трошоци од далечина, и на нас, бидејќи решението значително ги оптимизира процесите на управување со побарувања и обезбедува транспарентност на процесот на пријава, изјави Главниот извршен директор на компанијата, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Триглав Осигурување Живот Скопје го зголеми својот удел на пазарот на животно осигурување на 20,5 проценти, со висок раст на премијата за осигурување (индекс 131). Горди сме што со нашето работење придонесуваме кон развојот на целиот осигурителен пазар. Веруваме дека преку иновации, стабилност, одговорност и посветеност на клиентите ја зајакнуваме нивнота доверба во осигурувањето. Во 2024-та година, воведовме дигитални услуги, кои што им овозможуваат на надворешните продажни канали, како што се банките, во реално време да издаваат понуди за животно осигурување на своите клиенти. Со директно поврзување на нивните деловни системи со нашиот, тие можат да пристапат до соодветни понуди без потреба од повторно внесување на податоци преку нашиот продажен портал. Ова значително ја намалува можноста за грешки и го поедноставува процесот на издавање понуди, обезбедувајќи поголема точност и ефикасност,“ изјави Христина Џамбазовска Анастасов, генерална директорка на Триглав Осигурување Живот Скопје.

И Триглав Пензиско друштво оствари добри резултати, управувајќи со средства од речиси 209 милиони евра на крајот од 2024-та година (индекс 141 во однос на 2023-та година). Во 2024-та година, сите наши развојни активности беа насочени кон полесен дигитален пристап и подобро корисничко искуство. Успеавме да ги унапредиме и надградиме постојните дигитални решенија, како и да развиеме, тестираме и лансираме нова мобилна апликација за увид во пензиските сметки. И во 2025-та година, остануваме посветени на нашите деловни цели, преку совесно, ефикасно и транспарентно работење, со кое овозможуваме подобри услови и поголема сигурност за нашите осигуреници и вработени, изјави г. Тихомир Петрески, претседател на Управниот одбор на Триглав Пензиско друштво.

Продолжи со читање

Бизнис

Триглав осигурување Живот донира за децата што останаа без родителпоради трагедијата во Кочани

Објавено

на

Во овие тешки моменти на неизмерна тага и загуба, Триглав осигурување Живот искрено сочуствува со семејствата погодени од трагедијата во Кочани. Свесни дека ништо не може да ја надомести загубата на најблиските, одлучивме да преземеме чекор кој барем малку ќе помогне во обезбедувањето иднина на децата што останаа без родител.

Со цел да им пружиме финансиска сигурност во годините што доаѓаат, Триглав осигурување Живот ќе донира детско животно осигурување за сите малолетни деца кои останаа без родител, надевајќи се дека оваа поддршка ќе им донесе олеснување и сигурност во иднина.

Оваа донација има за цел долгорочно да ги поддржи овие деца, обезбедувајќи им финансиски средства кога ќе станат полнолетни и ќе им помогне за образование, самостоен живот или реализација на други планови.

Безбедната иднина на овие деца е чекор кон изградба на посилна и похумана заедница и затоа Триглав осигурување Живот со длабока солидарност ќе им помогне на семејствата барем малку да се растоварат од грижата за иднината на нивните деца.

За повеќе информации семејствата на настраданите може да не контактираат
на телефонскиот број + 389 25 102 201 или на e-mail: [email protected]

Продолжи со читање

Популарно