Connect with us

Банки

Почна пријавувањето за седмото издание „Вози право, вози здраво“, настанот е закажан за 28 мај

Објавено

на

Почнува регистрацијата за најголемиот и најмасовниот настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД – Скопје, кој годинава ќе се одржи на 28 мај (недела). На овој ден, скопските улици во центарот на градот ќе бидат ослободени од автомобили и целосно отворени за сите рекреативци на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, бебешки колички и други еколошки превозни средства на тркала.

Сите што сакаат да бидат дел од овој настан може да се пријават на следниот линк најдоцна до 27 мај, со што ќе добијат стартен број, маичка и можност да освојат вредни награди во лотаријата. Подигнувањето на стартните пакети почнува од 22 мај (понеделник) и ќе трае непрекинато до 27 мај (сабота), односно стартните бројчиња ќе може да се подигнуваат и на неработниот ден 24 Мај. Подигнувањето на бројчињата ќе се одвива пред просториите на Стопанска лизинг, на улица „Македонија“ бр.16, до спомен-куќата на Мајка Тереза, секој ден од 10 до 18 часот.

Стартот на седмото ревијално возење е од Порта Македонија во 17 часот, од каде учесниците се упатуваат до Градскиот парк каде ќе ги чека освежување обезбедено од организаторот, како и голема забава со музика, вредни награди и бројни изненадувања. Секој учесник кој има стартно бројче учествува во лотарија во која за седмото издание на „Вози право, вози здраво“ ќе се доделат 7 велосипеди за возрасни Specialized, 7 детски велосипеди Specialized, 7 кациги Specialized, 7 Air pods, 7 Garmin часовници, 7 спортски ранци и 7 JBL слушалки. Дополнително, во текот на настанот ќе се поделат и утешни награди, како маици, ТОПСИ торби и шишиња за на велосипед.

Повторно, ова е настан наменет за дружење, забава и промоција на здрави животни навики и чување на животната средина. Затоа на „Вози право, вози здраво“ не се мери времето и сите се победници, а главната цел е да се пренесе пораката за значењето на здравата животна средина, како и намалување на сообраќајниот метеж преку користење на алтернативни средства за превоз кои не ја загадуваат околината.

Банки

Тимот на Комерцијална банка подготвен за штафетниот предизвик од 42 километри

Објавено

на

Тимскиот дух се гради пред трката, а се докажува на патеката. Со оваа порака, Комерцијална банка АД Скопје го претстави својот штафетен тим кој на 4 октомври ќе се соочи со предизвикот да истрча вкупно 42 километри.

Тимот го сочинуваат Искра, Горан, Јована и Мартин, кои велат дека за успешна штафета не се доволни само физичката подготовка и брзината, туку и добра стратегија, меѓусебна поддршка и силен тимски дух.

„Кога се трча штафета, најважно е секој успешно да го заврши својот дел. За нас, успехот не се мери само во секунди и километри, туку во тоа сите да стигнеме на целта здрави, насмеани и задоволни од заедничкиот резултат“, велат членовите на тимот.

Според нив, поддршката започнува многу пред стартната линија, преку заедничките подготовки, мотивацијата и размената на совети.

„На самата трка секој е сам на својата делница. Затоа, најголемата поддршка ја градиме деновите претходно. А на денот на трката доволни се насмевките и аплаузот во моментите на размена на штафетата“, посочуваат тие.

За тимот на Комерцијална банка, штафетата претставува многу повеќе од спортски предизвик – таа значи заедничко планирање, споделување искуства и подготовка за секој следен предизвик.

Од Банката истакнуваат дека нивните колеги уште еднаш покажуваат дека зад секој успех стојат посветеност, добра подготовка и тим кој секогаш е тука еден за друг.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја исплати паричната помош за август од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за август 2026 година.

Корисниците на парична помош од социјална и детска заштита средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време.

Од Банката потсетуваат дека клиентите имаат можност средствата да ги користат и безготовински, односно за плаќање во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со „Zipp-тември“: Попусти до 40 отсто, двојни поени и награди за членовите на Zipp Club

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје во текот на септември организира „Zipp-тември“, месец исполнет со дополнителни поволности, попусти, награди и забавни активности за членовите на Zipp Club.

Во рамки на промотивните активности, членовите на Zipp Club можат да користат дополнителни попусти до 40 отсто кај дел од Zipp партнерите.

За корисниците кои плаќаат со Zipp картичката е предвидена и можност преку BonusBox да собираат двојно повеќе поени, кои потоа можат да ги користат за дополнителни поволности и изненадувања.

Од Комерцијална банка најавуваат и цел месец дружења со изненадувања и подароци, како и доделување на наградите од Zipp наградната игра.

Како финале на „Zipp-тември“ е најавен и голем Zipp пикник.

Од Банката посочуваат дека повеќе детали за активностите и поволностите се достапни на веб-страницата kb.mk и на Instagram профилот на Zipp Club, а младите кои сè уште не се членови се повикуваат да се приклучат на клубот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange