Connect with us

Продукти

НЛБ Банка со промотивна кампања и намалени каматни стапки за станбени кредити

Објавено

на

Под слоганот „Почни од нула“, НЛБ Банка започна промотивна кампања за станбени кредити, овозможувајќи им на сите оние кои размислуваат за нови почетоци, нов или сопствен дом, бараниот кредит да го добијат со единствени поволности.

Во промотивниот период кој трае до 31 августгодинава, клиентите кои ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер при купување на стан, кредитот го добиваат без трошоци за одобрување, без нотарски трошоци и без трошоци за проценка на недвижност, а сега и со намалени каматни стапки, фиксни за период од 5, односно 10 години. 

Дополнителна придобивка за клиентите еекспертското водство, стручните насоки и поддршката на банкарскиот персонал во процесот одапликација до одобрување, како и широката понуда на Банката на повеќе градежни компании со кои се овозможени и поповолни услови за кредитирање.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка се достапни на www.nlb.mk, или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Банки

Животните ја обожаваат оваа реклама на Халкбанк!

Објавено

на

За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање.

Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност.

Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата кампања за промоција на земјоделски кредит на Халкбанк.

Наместо рекламите само да зборуваат за подобра продуктивност, Халкбанк создаде реклами што директно ги зголемуваат продуктивноста и среќата на добитокот. За таа цел, промотивното возило и рекламните површини беа обложени со специјални четки за чешање и беа однесени директно кај фармерите и нивните животни.

Така, рекламата стана практична демонстрација на она што го нуди земјоделскиот кредит, а тоа е поддршка за подобри услови, поздрав добиток и попродуктивни фарми.

За земјоделскиот кредит може да аплицирате во најблиската филијала на ХАЛКБАНК. Кредитната линија е за индивидуални земјоделци, трговци поединци, микро, мали и средни претпријатија ‒ со износ од 5.000 до 250.000 евра.

ПР објава

Продолжи со читање

Продукти

Нулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година

Објавено

на

Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во земјава за период 2026–2030 година, со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во користењето на националните и европските јавни средства.

Стратегијата е подготвена во рамки на обврските од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА), во Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое ги опфаќа јавната внатрешна финансиска контрола, надворешната ревизија, заштитата на финансиските интереси на ЕУ и заштитата на еврото од фалсификување.

Документот е изработен од АФКОС-одделението при Министерството за финансии, во соработка со институциите од АФКОС-мрежата, органите задолжени за управување со средствата од Европската Унија и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ).

Стратегијата предвидува мерки за поефикасна превенција, навремено откривање, истрага и санкционирање на неправилности и измами, како и подобрување на механизмите за поврат на неправилно искористени средства. Дополнително, се очекува зајакнување на институционалните капацитети и воведување поефективни алатки за спречување финансиски злоупотреби.

Документот го промовира принципот на „нулта толеранција за измама“ при користењето на европските фондови и претставува продолжување на реформските активности започнати со првата Национална стратегија за борба против измами, усвоена во 2019 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.

Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.

Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange