Connect with us

Домашни банки

УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка од 5% на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија

Објавено

на

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 5% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.

Исплатата на камата ќе се изврши на 29.02.2024 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 28.02.2024 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 27 и 28 Февруари 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 29 Февруари и 1 Март 2024 ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 29 Февруари и 1 Март 2024 година, соодветно и ќе остварат право на исплата на полугодишната камата.

Домашни банки

ПроКредит Банка АД Скопје издаде нова емисија на акции во вредност од шест милиони евра

Објавено

на

ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 6.000.000 евра.(повеќе…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка денес на ден 05.03.2024 година започна со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.(повеќе…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР го лансираше новиот ПроБиз пакет за поддршка на младите претприемачи

Објавено

на

ПроКредит Банка, во рамки на својата мисија за поддршка на локалните бизниси во деловната заедница, како дел од програмата Youth in Business на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го креираше новото решение, ПроБиз – пакет наменет за поддршка на млади претприемачи.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно