Connect with us
no baners

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка АД Скопје ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитурите на Банката, во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:

Банкарски комерцијалист

Вашите работни цели:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
  • Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
  • Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
  • Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на: [email protected], со назнака за: “Банкарски комерцијалист”, најдоцна до 01.03.2024 година

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Продолжи со читање

Банки

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.

За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.

Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Популарно

no baners