Продукти
Растечка каматна стапка до 5 отсто! Звучи примамливо. Зошто е добро да се штеди?

Штедењето во банка има повеќе предности, како што се заштита на парите од кражба и можност за добивање на камата, која постепено ги зголемува заштедите. И ако порано кaматните стапки во банките биле ниски, денес тоа не е така, па така на пример во УНИБанка имате можност да искористите растечка каматна стапка дури до 5%. Звучи примамливо ќе се согласите! Тоа го овозможува т.н. Умна депозитна сметка, со која можете да ја прилагодите заштедата на Вашите потреби и можности, а минималниот износ на депозитот е само 15.000 денари.
Откако ќе го отворите депозитот, можете да правите слободна уплата и исплата на средства од сметката во секое време, како и да го следите растот на депозитот преку електронско и мобилно банкарство. Парите вложени во УНИБанка се сигурни, осигурани се во Фондот за осигурување на депозити, а тие овде всушност може и да “работат” за Вас и да ви овозможат максимален финансискиот раст.
Без разлика дали се штеди за одмор, образование или непредвидени трошоци, важно е да се започне на време, или колку порано почне да се штеди, толку повеќе време и можности за зголемување на заштедата имате. Важна е континуираноста и конзистентноста во процесот на штедење и тоа да е дел од месечната рутина. А факт е дека дури и малите износи можат да направат голема разлика со текот на времето.
Со одговорно штедење може да се осигура иднината и да се оствари целокупниот финансиски потенцијал на еден човек кој заработува. Штедењето е многу повеќе од едноставно собирање на пари – тоа е обезбедување на стабилност и можност за справување со непредвидени ситуации во животот. Штедењето овозможува мир и финансиска слобода.
„Заштедените пари се заработени пари“, како што вели познатата кинеска изрека- “Богатиот прави планови за утре, а сиромавиот за денес”. Направете ги Вашите идни планови заедно со УНИБанка.
Продукти
Депозит што работи за тебе – парите се достапни во секое време, а добивката фиксна

Баланс помеѓу сигурност и флексибилност
Во свет каде финансиската флексибилност е подеднакво важна како и приносот на вложените средства, пронаоѓањето на балансот е од суштинско значење. Дали некогаш сте посакале да ги ставите вашите пари на сигурно, но да останат достапни ако животот ви донесе нешто неочекувано? Халкбанк има решение кое токму тоа го овозможува –Промо депозит со каматни стапки од 3,40% за денари и 2,70% за евра на рок од 13 месеци.
Штедење без компромис
Промо депозитот е дизајниран за клиентите кои сакаат да штедат стратегиски – со јасна цел, но и со свест дека животот не секогаш оди според планот. Со фиксна каматна стапка за однапред определен период, вие знаете колку точно ќе заработите. А ако ситуацијата се смени? Вашите средства ви се достапни во секое време.
Како функционира?
Овој депозит е идеален за сите кои сакаат да го извлечат максимумот од своите заштеди, без да ги „заклучат“ парите подолг период. Потребно е да вложите најмалку 30.000 денари или 500 евра, а каматата е фиксна – однапред позната и сигурна. Може да изберете дали сакате да ја добивате месечно или на крајот од договорениот период.
Во текот на орочувањето, средствата остануваат на депозитот за да го остварат договорениот принос. Ако во меѓувреме се предомислите и сакате да ги повлечете порано, добивате камата според важечката стапка по видување. Кога ќе заврши периодот, депозитот автоматски се продолжува според условите што важат во тој момент – без потреба нешто дополнително да правите.
Зошто токму сега?
Оваа промотивна понуда е достапна до 31 мај 2025 година. Во време на економска неизвесност, изборот на финансиски производ што нуди стабилност, но и јасни правила, е чекор кон сигурна иднина. Промо депозитот на Халкбанк ви овозможува да ги остварите вашите финансиски цели без да се откажете од чувството на контрола.
Без разлика дали штедите за нов дом, семејно патување или едноставно сакате да ја зголемите вашата финансиска резерва, Промо депозитот е штедна алатка што работи за вас – тивко, стабилно и предвидливо.
Банки
ПРОМОТИВНА ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ПРОПУШТА – потрошувачки кредити од Стопанска банка АД – Скопје со намалени каматни стапки и без трошоци!

Со цел да понуди уште поповолни услови за финансирање на лични потреби, Стопанска банка АД – Скопје ја претставува својата нова промотивна понуда за обезбедени потрошувачки кредити, достапна до крајот на јуни 2025 година.
Во рамките на понудата, за сите апликации примени во периодот од 1 март до 30 април 2025 година, клиентите добиваат:
- Фиксна каматна стапка од 4,70% за првите две години за кредити со вклучено животно осигурување
- Фиксна каматна стапка од 4,90% за првите две години за кредити со осигурување од незгода
- 100% покривање на административните трошоци, нотарските и трошоците за процена
Клучни предности на кредитниот производ:
- Можност за вклучување на животно осигурување или осигурување од незгода, со што клиентите добиваат поповолни услови
- Ко-кредитобаратели можат да бидат и членови на потесното семејство
- Кредитот се одобрува без потреба од меница, жиранти или депозит
- Секој клиент кој ќе одбере кредит со осигурување од незгода добива подарок ваучер за купување на друго осигурување

Детали за кредитот:
- Износ: од 15.000 МКД / 250 ЕУР до 1.500.000 МКД / 25.000 ЕУР
- Валута: денарски кредит или денарски со девизна клаузула
- Рок на отплата:
- До 60 месеци за износи до 91.500 МКД / 1.500 ЕУР
- До 84 месеци за износи до 300.000 МКД / 5.000 ЕУР
- До 120 месеци за износи до 1.500.000 МКД / 25.000 ЕУР
- Начин на отплата: преку еднакви месечни ануитети, со можност за траен налог или користење на i-bank дигиталните канали
Со оваа кампања, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш ја потврдува својата заложба да создава вредност за клиентите преку поволни, безбедни и транспарентни кредитни решенија.
Повеќе информации можете да добиете во најблиската експозитура на Банката или преку официјалната веб-страница: www.stb.com.mk
Банки
Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство

Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка – модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и да се наоѓа.
Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, Интернет банката дозволува лесно управување со платежни сметки, депозити, картички и кредити, вршење трансакции за неколку секунди и 24/7 следење на финансиските промени за максимално безбедни финансии.
Новата Интернет банка обезбедува:
- Подобро корисничко искуство со лесен пристап до производите
- Иновативни алатки за анализа на трошоци и поставување финансиски цели
- Поедноставени плаќања и побрза обработка на трансакции
- Персонализирани услуги според сечии потреби
- Максимална безбедност и контрола на сметки и платежни картички
Како долгогодишен лидер во финансискиот сектор, Комерцијална банка со новиот портал за електронско банкарство уште еднаш ја истакнува својата посветеност на иновациите и дигитализацијата, поставувајќи нови стандарди во банкарските услуги.
„Со оваа значајна надградба на нашето електронско банкарство сакаме да им понудиме на клиентите алатка која ги олеснува секојдневните трансакции и им помага да бидат поефикасни во управувањето со личните или деловните финансии. Нашата посветеност на иновациите и дигитализацијата е носечка сила на овие новитети. Веруваме дека новата Интернет банка ќе им донесе на клиентите уште подобро корисничко искуство и заштеда на време и ресурси“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Новата Интернет банка, која е изработена во соработка со водечката домашна компанија за дигитална трансформација Некстсенс, е доверлив и неизбежен партнер за сечии лични и деловни финансии затоа што заштедува време и пари и ги извршува сите финансиски активности со беспрекорна ефикасност, брзина и безбедност.
Повеќе информации за новата Интернет банка се достапни на следниот линк, а новитетите на Интернет банка за бизнис финансии се достапни на следниот линк.
- Банкипред 3 недели
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Интервјуапред 1 месец
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Бизниспред 2 месеци
Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
“Сите врати се отворени” со промотивниот Потрошувачки пакет од ПроКредит Банка
- Советипред 3 недели
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Банкипред 2 месеци
Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје