Останато
Стевкова-Штериева: Принципите за родова еднаквост се основа за просперитетна иднина

Со истакнување на обврската за почитување на Принципите за јакнење на жените (The Women’s Empowerment Principles) како дел од Целите за одржлив развој на ООН, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА и Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, нѐ потсети на заедничката одговорност за справување со најголемите предизвици на денешницата.
Стевкова-Штериева имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Македонската банкарска асоцијација, на кој жени лидери во банкарскиот сектор разговараа за „зелената економија“ како најголем предизвик на новата генерација жени лидери.
Во своето обраќање таа се осврна на Принципите за јакнење на жените затоа што тие претставуваат сет на насоки усвоени од Глобалниот договор на ОOН за подобрување на родовата еднаквост на работното место, на пазарот и во заедницата. Според Штериева, иако согласно законската регулатива платите во земјава се утврдени врз основа на работното место, а не врз основа на родовата припадност, сепак може да се заклучи дека жената во Македонија потешко се пробива на раководните позиции и со тоа потешко остварува повисоки примања.
Македонската банкарска асоцијација со овој настан ја одбележа Глобалната недела на парите, која оваа година се прославува под мотото: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.
Криптовалути
Binance ќе ја организира првата средба со корисници во Сараево

Binance, водечката светска криптовалутна берза, го најавува првиот Binance Community Meetup – средба со корисници во Босна, Сараево. Овој настан ќе биде уникатна можност за членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво.
Првиот Binance Meetup во Босна е закажан за 12 февруари, од 17:00 до 21:00 часот во Хотел Хилс, Бутмирска цеста 18, Илиџа, Сараево. Следниот настан е најавен за Скопје.
„Нашите корисници и заедницата се во суштината на нашите вредности. Редовно организираме заеднички состаноци ширум светот и со задоволство најавуваме дека следниот месец ќе го одржиме првиот состанок во Скопје. Следете нè за повеќе информации“, изјави Сандро Слукан, одговорен за маркетинг за Балканот во Binance.
Присуството за средбата во Сараево е бесплатно, но поради ограничените места, потребна е предрегистрација достапна на линкот.
За време на средбата, присутните не само што ќе можат да добијат преглед за последните продукти и иницијативи на Бајнанс, туку ќе имаат можност да учествуваат во доделување награди, ќе добијат ексклузивни промотивни производи и ќе имаат можност за средби и контакти со останатите членови од крипто заедницата.
Binance продолжува да го поттикнува растот на глобалната крипто заедница преку обезбедување пристап до релевантни информации, иновативни производи и можности за вмрежување во крипто индустријата.
Агенда на средбата:
17:00 – 18:00 часот, Пристигнување и регистрација
18:00 – 18:15 – Сандро Слукан – Binance, Отворена сесија
18:15 – 18:45 – Алексеј Макаров – Преглед на производи и пазар: најновите трендови во крипто индустријата, производите на Binance и нивните придобивки за корисниците.
18:45 – 18:55 – Мушуко Чарквиани Презентација на Програмата за партнерства на Binance и како корисниците можат да заработат преку здружување.
18:55 – 19:05, Angels & KOLs дискусија за финансирање во рана фаза за стартапи и клучните лидери за формирање мислење, Стив и Џек ќе ги споделат своите искуства
работејќи со Binance и ќе разговараат за улогата на заедницата и клучните лидери на мислење во крипто индустријата.
19:05 – 19:15, Kahoot квиз со Мушуко Чарквиани, присутните ќе го тестираат своето
знаење за Binance и криптовалутите со можност да добијат награди.
19:15 – 19:30 часот, Сесија за прашања: Алексеј и Сандро ќе одговараат на прашања на
публиката за производите на Binance и за трендовите во индустријата.
19:30 – 21:00 часот, Вмрежување. Завршниот дел од настанот ќе им овозможи на
гостите да се поврзат во секојдневен амбиент и да разменат контакти.
Анализи
Наглиот пад на Nvidia: Дали конкуренцијата од Кина ја загрозува технолошката доминација?

Во понеделникот, 27 јануари 2025 година, акциите на Nvidia доживеаја значителен пад, губејќи околу 12,2% од нивната вредност. Овој пад ја намали пазарната капитализација на компанијата за приближно 600 милијарди долари, што претставува еден од најголемите еднодневни губитоци во историјата на американскиот пазар.
Што доведе до овој драматичен пресврт?
Главната причина за овој пад е објавата на кинеската технолошка компанија DeepSeek, која разви моќен модел на вештачка интелигенција наречен R1. Овој модел стана популарен веднаш по неговото лансирање на 20 јануари, достигнувајќи го врвот на Apple App Store и влегувајќи во топ 10 на листата Chatbot Arena на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. DeepSeek потроши само 5,6 милиони долари за обука на претходниот модел V3, што ги загрижи инвеститорите во однос на трошоците и вреднувањето на американските технолошки компании кои инвестираат огромни суми во вештачка интелигенција.
Оваа вест предизвика пад на акциите не само на Nvidia, туку и на други големи производители на чипови како Broadcom (пад од 12,1%) и Advanced Micro Devices (пад од 4,5%). Дополнително, технолошките гиганти како Microsoft и Alphabet (матичната компанија на Google) исто така забележаа пад на акциите, што укажува на пошироко влијание врз технолошкиот сектор.
Што можеме да научиме од ова?
- Непредвидливост на пазарот: Дури и најуспешните компании можат да доживеат ненадејни падови;
- Конкуренцијата не спие: Иновациите можат да дојдат од неочекувани насоки, менувајќи ја динамиката на пазарот преку ноќ;
- Важноста на диверзификацијата: Потпирањето на еден извор на приходи или технологија може да биде ризично.
Овој настан е потсетник за брзината со која се менуваат работите во технолошкиот свет. До минатата недела зборувавме за историскиот успех на Nvidia, а сега за пад од над 600 милијарди долари. Останува да видиме дали Nvidia ќе успее да се опорави и да продолжи со растот или ќе се соочи со предизвици поради ваквата конкуренција.
Останато
Димитриеска-Кочоска: 250 милиони евра од унгарскиот заем за компаниите стануваат оперативни, обезбедуваме транспареност, фер и еднакви услови за сите домашни компании

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање на македонското стопанство, односно компаниите. Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на заедничка прес-конференција со премиерот Хритијан Мицкоски, по усвојуvање на договорите за кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва кои ќе се пласираат преку Развојната банка, а кон крајните корисници преку деловните банки.
„Со денешните одлуки донесени од страна на Владата влегуваме во последната фаза од операционализација на средствата од унгарскиот заем наменети за компаниите. Со потпишување на договорите се отвора патот Развојната банка да ги добие средствата од Буџетот, а понатаму да бидат пренесени во комерцијалните банки, учеснички во оваа програма, и оттаму и до компаниите. Односно со потпишувањето на договорите, ќе започне со операционализација на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва во износ од 250 милиони евра во денарска противвредност преку деловните банки“, рече министерката.
Таа додаде дека условите се повеќе од атрактивни со каматна стапка од 1,95%, рок на отплата до 15 години, грејс периодот до 3 години.
Според министерката ова дава огромна можност за домашните компании да се охрабарат и да влезат во инвестиција.
„Целта беше да креираме можности за реализација на одржливи инвестиции и затоа поддршката е насочена во сите сектори за инвестиции во основни средства, за кои домашните компании треба да учествуваат со 20% сопствени средства. Исклучок од оваа широка поставена поддршка се секторот производство или трговија на алкохолни пријалоци, освен на пиво и вино, производство или трговија со тутун, како и дејности поврзани со коцкање, казина и еквивалентни претпријатија“, истакна министерката.
Таа посочи дека задачата на Владата и Министерството е да овозможат фер услови за сите компании, односно како што рече, средствата ќе бидат доделени транспареноста и дека секоја компанија ќе има еднакви можности и исти услови за нивно користиење.
„Поддршката што ја обезбедуваме со оваа кредитна линија ќе поттикне инвестициски циклус од над 250 милиони евра, кој е дел од нашиот нов концепт за економски раст заснован на инвестиции со кој се влијае и на подобрување на продуктивноста на компаниите, предизвик кој беше нотиран во минатиот период. Тоа е бенефитот што го очекуваме од оваа мерка за која Владата вложи навистина големи напори со цел средсвтата да бидат достапни за компаниите по навистина поволни услови“, порача министерката за финансии.
- Банкипред 2 недели
Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за јануари започнува на 31 јануари
- Business Womanпред 1 месец
Празничен оптимизам во пресрет на новите предизвици преку здрав раст, етичко и одговорно работење
- Банкипред 4 недели
Даниела Ѓоршевска нов член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Банкипред 2 недели
КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ЈА ЗГОЛЕМИ ДОБИВКАТА ЗА НЕВЕРОЈАТНИ 40% – во 2024 година оствари добивка од рекордни 80,7 милиони евра!
- Банкипред 1 месец
Континуиран растечки тренд на користењето на дигиталните канали за извршување на електронските плаќања
- Банкипред 2 месеци
Дигитална зона 24/7 и нов современ изглед доби Филијалата на Комерцијална банка во Струмица
- Банкипред 2 месеци
Halk EZ Cashback за младите со динамичен стил на живот
- Банкипред 2 недели
Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?