Останато
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го одржа своето Годишно Собрание
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го одржа своето Годишно Собрание, во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците на АЕТМ. Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска го отвори собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравни обраќања имаа Министерот за финансии, Д-р Фатмир Бесими, и Директорката на Агенцијата за пошти Г-ѓа Билјана Аврамовска Ѓоревска. Во својот поздравен говор, Претседателката на АЕТМ упати благодарност кон членките од бизнис секторот, донаторите и институциите кои го препознаваат потенцијалот на АЕТМ и активно придонесуваат за развојот на е-трговијата во нашата земја.
“Заедничкиот пристап е многу важен, а уште повеќе кога зборуваме за е-трговијата која што е комплексен екосистем кој зависи од многу делчиња кои треба да го дадат својот придонес за да може да имаме промени и движење напред, кои на сите ни се потребни. Веруваме дека и понатаму ќе го задржиме таквиот пристап и дека секоја година на Годишните собранија на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе можеме со гордост да ги видиме резултатите од сработените активности од претходната година, реализирани со заеднички напор на членките, партнерите, институциите, донорите и сите поединци кои лично се залагаат за развојот на е-трговијата.” – истакна д-р Ангеловска, Претседателката на АЕТМ.

Министерството за Финансии на Република Северна Македонија е една од институциите со која Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ активно соработува во изминатиот период, со цел подобрување на регулативата и обезбедување на околина за раст и развој на компаниите од целиот екосистем на е-трговија.
„Живееме во време кога технологиите и дигитализацијата имаат големо влијание врз сите процеси во општеството. Дигитализацијата навлегува во секој економски сектор и ги прави адаптибилни на новите услови. Тоа ги менува и однесувањата на потрошувачите и бизнисот. Во такви услови цел на Владата на Министерството за финансии е да го направиме бизнисот побрз, да го олесниме работењето и да ги отстраниме административните оптоварувања во сите полиња. Со дигитализација јавните услуги стануваат поквалитетни и побрзи, значително се намалува времето потребно за завршување на административните постапки, а со тоа јавната администрација и институциите стануваат поефикасни. Во таа насока Владата меѓу другото работи на зајакната дигитализација на процесот на фактурирање во економијата. Односно Проектот е-фактура којшто ќе овозможи дигитално издавање, достава и прием на фактурите во електронски формат од страна на даночните обврзници, преку нова платформа во УЈП, која ќе ги евидентира сите фактури кои произлегуваат од реализираниот промет помеѓу даночните обврзници, владините институции, крајните приматели на добра и услуги, како и интернет продавниците. Главната цел e навремено откривање на непријавен и неплатен данок од даночните обврзници и со тоа намалување на сивата економија“, рече министерот Бесими.

По завршувањето на воведните обраќања, продолжи работниот дел на Собранието каде беше даден осврт на сработените активности во изминатата 2022 година и беше презентиран и усвоен планот на активности за 2023 година на АЕТМ.
Согласно планот на активности, во 2023 година активностите на АЕТМ ќе бидат насочени кон активности кои ги адресираат четирите клучни предизвици на е-трговците: сивата економија, меѓуграничната е-трговија, унапредувањето на понудата и зголемување на едукацијата. И оваа година АЕТМ ќе продолжи со реализација на клучните годишни иницијативи – годишната анализа за е-трговија, регионалната конференција за е-трговија и годишните награди за е-трговија за 2023 година. Покрај овие иницијативи, во 2023 АЕТМ продолжува со започнатата иницијатива во 2021 година за развој на регионална платформа за олеснување на меѓуграничната е-
трговија “Ecommerce4all.eu”, која претставува центар со ресурси и информации за воспоставување и водење на бизнис со е-трговија во било кој од седумте пазари од ЦЕФТА. АЕТМ, исто така, продолжува и со развој на Беџот за верификуван е-трговец, со цел континуирана борба против сивата економија и нерегистрираните продавачи во е-трговијата. Покрај презентираните клучни проекти и иницијативи, во планот и програмата има и активности како сесии за вмрежување, едукативни сесии и други настани кои произлегуваат од потребите на членовите.
Инаку, во изминатата 2022 година како клучни активности на АЕТМ беа истакнати организацијата на најголемата конференција за е-трговија во регионот, на која присуствуваа повеќе од 600 учесници, објавувањето на годишната анализа за е-трговија и изборот на најдобрите во е-трговијата, нивна најнова иницијатива за зголемување и подобрување на компетитвноста кај е-трговците и препознавање на нивните годишни напори и успеси за подобрување на е-трговијата во државата.
Покрај ова, АЕТМ активно работеше на реализација на бројни иницијативи меѓу кои: пазарната анализа за идентификување на практиките на гео-блокирање во е-трговијата во пазарите на ЦЕФТА, иницијативите “Agri e-commerce” и едукативната програма „Дигитални вештини за раст“, преку кои беа поддржани вкупно 40 претставници од агри секторот, ИКТ и секторот за туризам кои ги зајакнаа своите дигитални вештини за е трговија и дигитален маркетинг и беа поврзани со локални веб-платформи за е-трговија за онлајн продажба на нивните производи. Во соработка со Државниот завод за статистика, беше организирана тркалезна маса за подобрување на квалитетот на статистичките податоци за е-трговијата, а беше организирана и едукативна обука „Користење на личните податоци во директен маркетинг при е-трговија“ како и бројни други активности.

На Сообранието исто така беa презентирани и активностите кои беа реализирани во рамки на Алијансата на родова еднаквост на работното место – ГЕА во текот на 2022 година, за чие делување беше отворена подружница во рамките на АЕТМ изминатата година. ГЕА се стреми да ја отклучи моќната синергија помеѓу е-трговијата, дигитализацијата и придонесот на жените на работното место. Во 2022, во рамки на ГЕА беше изработена едукативна кампања за подигнување на свеста за родовите стереотипи на работното место и беше организирана конференција за родова еднаквост на работното место во соработка со ЦУП, а под покровителство на Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија. ГЕА и во 2023 година продолжува да се стреми да придонесе кон еднакво вреднување на трудот, еднакви можности и еднаква застапеност на мажите и жените на работното место.
Бизнис
Иуте Македонија партнер на Generalka Weekend: финансискиот тим во акција за почиста животна средина
Иуте Македонија активно се вклучи во националната еколошка акција Generalka Weekend, каде компанијата го предводеше тимот за финансии и заедно со бројни волонтери придонесе кон почиста и поздрава животна средина.
Од компанијата истакнуваат дека акцијата не значела само расчистување на јавни површини, туку и поттикнување на тимски дух, заедништво и општествена одговорност. Во активностите учествувале вработени од различни градови, млади волонтери, институции, компании и организации, обединети околу заедничка цел – создавање подобра иднина.
„Заедно со нашите пријатели од Man And Mountain, колеги од различни градови, илјадници волонтери, институции, компании, училишта и луѓе со иста визија, уште еднаш си потврдивме дека најубавите промени се случуваат кога добрата енергија се споделува и кога сите придонесуваат со мал дел од себе“, велат од Иуте Македонија.
Посебен акцент беше ставен на вклучувањето на младите и средношколците, кои, според Иуте Македонија, се двигатели на идните позитивни промени и носители на еколошката свест.
„Посебно нè радува што нѝ се приклучија многу средношколци и млади луѓе, затоа што токму таму почнуваат најважните промени, а тие се генерацијата која ќе ја наследи иднината што денес ја создаваме“, додаваат од Иуте Македонија.






Од Иуте посочуваат дека преку иницијативата „Растеме заедно“, започната пред две години, компанијата продолжува да ја развива својата стратегија за општествена одговорност и поддршка на проекти поврзани со заштита на животната средина и локалната заедница.
„Приказната што ја започнавме пред две години со „Растеме заедно“ денес добива нова сила, нова димензија и уште поголемо значење“, заклучи за крај компанијата.
Останато
УЈП испрати над 860.000 даночни пријави, граѓаните имаат рок до 31 мај за потврда
Управа за јавни приходи информира дека за 2025 година се изготвени вкупно 862.896 однапред пополнети годишни даночни пријави (ДЛД-ГДП), во законскиот рок до 30 април 2026 година.
Институцијата соопшти дека граѓаните ќе добијат известување преку профилот на системот „МојДДВ“ или на електронската пошта што ја имаат регистрирано.
Секое физичко лице кое остварило приход во 2025 година има обврска да ја провери, потврди или коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2026 година. Увидот во податоците се врши преку платформата „е-Даночни услуги“, додека лицата кои сè уште не се регистрирани треба да го сторат тоа во најкраток можен рок.
Од УЈП појаснуваат дека по истекот на рокот, непотврдените пријави ќе се сметаат за конечни, а коригираните ќе бидат предмет на одобрување од службено лице.
Воедно, граѓаните кои имаат повеќе платен данок имаат можност да побараат поврат преку самата пријава.
Од институцијата апелираат навремено да се проверат внесените податоци, бидејќи тие се користат и при издавање уверенија и за остварување права пред други институции.
Останато
Димитриеска Кочоска: Баланс меѓу штедење и раст – клучен предизвик за фискалната политика
Фискалната политика во наредниот период ќе се соочи со предизвик да го усогласи намалувањето на буџетскиот дефицит со потребата од економски раст, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Говорејќи на стручната расправа „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, организирана од Фискален совет во Македонска академија на науките и уметностите, таа нагласи дека за стабилна економска политика се неопходни внимателно управување, силни институции и доследно почитување на фискалните правила.
Во пресрет на новата Фискална стратегија за периодот 2027–2031 година, министерката истакна дека документот има за цел да обезбеди стабилен и предвидлив фискален курс, без да се нарушат економската активност и социјалната сигурност.
Според проекциите, буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува – од 3,5 проценти од БДП во 2027 година, на 3 проценти во 2028 година, а потоа на 2,8 проценти во 2029 година, ниво кое ќе се задржи до 2031 година.
Димитриеска Кочоска посочи дека Владата ќе спроведува мерки и на приходната и на расходната страна, со фокус на подобрување на наплатата, намалување на сивата економија и рационализација на трошоците. Паралелно, ќе се работи на поголема транспарентност, подобра контрола на јавните набавки и приоритизација на капиталните инвестиции.
Таа нагласи дека фискалните правила се клучен инструмент за одржување стабилност и доверба во економијата, а улогата на Фискалниот совет е значајна за следење на ризиците и зајакнување на фискалната дисциплина.
Во рамки на расправата беа отворени и теми поврзани со ефикасноста на јавната потрошувачка, одржливоста на јавниот долг и влијанието на фискалните правила врз економските резултати.
-
Продуктипред 2 месециДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Кариерапред 2 месециНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Интервјуапред 1 месецИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар



