Connect with us
no baners

Банки

Советничката Милица Арнаудова – Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Објавено

на

Преку стратешки пристап и преземање на низа мерки, Народната банка претставува активен чинител кон создавање зелена и одржлива економија.

„Препознавајќи го значењето на климатските ризици, Народната банка досега презеде повеќе активности за зголемување на свесноста за последиците од климатските промени, а со мерките за континуирано јакнење на отпорноста на банкарскиот систем, се придонесува и кон зголемување на неговата способност да го поддржи преминот кон зелена економија. Континуираното јакнење на солвентноста и ликвидноста на банките, заедно со зајакнување на капацитетот за соодветно управување со климатските ризици, ја дефинираат нивната улога на катализатор на финансиските текови кон зелени и одржливи проекти. Состојбата на „зелени“ кредитиодобрени на приватниот сектор во 2023 година е зголемена за 2,8 пативо однос на 2019 година“, истакна советничката на гувернерката на Народната банка, Милица Арнаудова – Стојановска, говорејќи за климатските промени и зелените финансии на Марили бизнис форумот, кадешто напомена дека со промените во начинот на утврдување на задолжителната резерва на банките, Народната банка придонесува за поттикнување на „зеленото“ кредитирање. Арнаудова – Стојановска нагласи дека растотна овие кредити е речиси во целост движен од корпоративниот сектор, додека учеството на „зелени“ кредити во вкупните кредитина банките на крајот на 2023 година изнесува 4,5% и има тренд на пораст.

„Препознавајќи ги предизвиците од климатските промени на долг рок, централните банки имаат сѐ поголема улога во транзицијата кон зелена и одржлива економија, што е видливо од податоците на Глобалната студија за управување со резерви (Global Sovereign Asset Management Study, 2021) која покажува дека расте процентот на централни банки (35% во 2020 година наспроти 64% во 2021 година), кои се согласуваат дека „зелените“ обврзници треба да бидат дел од портфолиото на девизните резерви“, посочи Арнаудова – Стојановска, која додаде дека во таа насока дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. 

Народната банка изработи Среднорочен план на активности во доменот на управување со климатските ризици, 2023-2025, донесе насоки за банките за управување со ризиците поврзани со климатските промени, a неодамна во рамките на активностите за промовирање на зелените финансии објави и преглед на „зелените“ показатели. Целта е да се подобри расположливоста на податоците за климатските промени, што е клучно при изработката на анализите и креирањето на политиките.

„Порастот на климатските ризици поттикнати од технолошките промени, владините политики за климатска неутралност до 2050 година, како и промените во преференциите и кај инвеститорите и кај потрошувачите, наметнаа потреба за проактивно делување на сите чинители во еко-системот. Па така, за корпоративниот сектор особено се важни промените во регулативите поврзани со транзицијата кон јаглерод-неутрална и циркуларна економија“, потенцира Арнаудова–Стојановска и го истакна значењето за усогласување на домашната законска регулатива со соодветните ЕУ регулативи.

Банки

Маја Кадиевска Војновиќ нов член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Објавено

на

Врз основа на обврските утврдени со член 33 од Правилата за котација на Македонска берза, Стопанска банка АД Битола информира дека на ден 5 ноември 2025 година, членот на Управниот одбор м-р Даниела Ѓоршевска поднела писмена оставка од својата функција.

Паралелно со тоа, Надзорниот одбор на банката на својата 25. седница одржана на 10 ноември 2025 година донел одлука за именување на м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор. Одлуката ќе стапи во сила по добивањето согласност од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија, како надлежен орган за одобрување на членови на управни тела во банкарскиот сектор.

До моментот на добивање на официјалната согласност, м-р Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција како член на Управниот одбор на банката.

Со оваа промена, Стопанска банка АД Битола продолжува со својата пракса на навремено информирање на јавноста и транспарентно управување согласно регулативите на Македонската берза и Народната банка.

Продолжи со читање

Банки

СТАБИЛНОСТ И СИГУРНОСТ НА МОНЕТАРНИОТ СИСТЕМ – Девизните резерви на Македонија продолжуваат да растат!

Објавено

на

Според најновите податоци на Народната банка, девизните резерви на крајот на октомври 2025 година изнесуваат 4.843,2 милиони евра, што претставува зголемување од 120,5 милиони евра во споредба со претходниот месец.

Овој пораст ја потврдува стабилната надворешна позиција на економијата и способноста на монетарните власти да одржуваат сигурна и ликвидна девизна позиција во услови на глобални економски предизвици.

Најголем дел од резервите се пласирани во хартии од вредност (71,1%), потоа следуваат монетарното злато (15,9%) и валутите и депозитите (13%), што ја одразува конзервативната и диверзифицирана стратегија на управување со резервите.

Стабилноста на девизните резерви останува клучен фактор за довербата во денарот, поддршката на финансиската стабилност и отпорноста на македонската економија.

Продолжи со читање

Банки

40 кошаркарски табли за 40 години НЛБ Банка – Донација за основните училишта по повод Месецот на штедење

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година, по 14-ти пат, го одбележа Месецот на штедење со низа активности посветени на најмладите, со цел да ја поттикне нивната финансиска едукација и да ја зголеми свеста за важноста од штедењето уште од најрана возраст.

Во рамките на активностите по повод Месецот на штедење, а во чест на значајниот јубилеј – 40 години успешно работење, Банката реализираше донација на 40 нови кошаркарски табли за основни училишта ширум земјава. Иницијатива е дел од активностите со кои НЛБ Банка во текот на годината го одбележува својот 40-годишен јубилеј и континуирано придонесува за подобри услови за спорт и рекреација на најмладите во училишните дворови.

Месецот на штедење за нас е секогаш посебен период во кој се трудиме да ја приближиме важноста од штедењето и финансиската писменост на најмладите. Оваа година, кога одбележуваме 40 години успешно работење, посакавме да оставиме симболичен, но значаен белег во заедницата со донација на 40 кошаркарски табли за 40 основни училишта низ земјата. Веруваме дека тие во училишните дворови не се само спортска опрема, тие се место каде децата учат да соработуваат, да сонуваат и да веруваат во себе. Токму таму се градат првите тимови, првите победи и трајните пријателства.“ – изјави Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор на Банката.

Во текот на месецот беа одржани и едукативни настани за најмладите штедачи, каде децата преку игра, забава и дружење со омилените маскоти Тиби и Штуки се запознаа со тајните на штедењето, одговорното користење на парите и финансиската култура.

Како општествено одговорна институција која веќе четири децении е синоним за стабилност, доверба и посветеност, НЛБ Банка продолжува да инвестира во подобра иднина преку поддршка на заедницата, поттикнување на здрави финансиски навики и градење генерации кои ќе растат со трајни вредности.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange