Connect with us

Банки

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Објавено

на

Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот, ПроКредит Банка воведе сеопфатен бизнис пакет создаден да го зацврсти и поддржи растот на малите и средни претпријатија коишто се управувани од жени или се во нивна сопственост.

Програмата Women in Business е креирана во соработка помеѓу ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а има за цел да им ги обезбеди на жените претприемачи потребните ресурси за да ги надминат предизвиците во бизнисот и да го реализираат својот целосен потенцијал.

Статистиките покажуваат дека жените во Македонија поретко се одлучуваат да започнат сопствен бизнис споредено со мажите, а најголем процент на бизнисите кои се основани од жени, се микро бизниси со големина до пет вработени. Тоа е доказ дека потенцијалот на жената како претприемач е недоволно препознаен и искористен во земјава. Од друга страна, истражувањата покажуваат дека жените како раководители се повеќе склони кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, квалитети кои се потребни во македонското претприемништво.

Од ПроКредит Банка нагласуваат дека жените претприемачи се соочуваат со низа предизвици, вклучувајќи ја родовата пристрасност, ограничениот пристап до финансии и недостатокот на приспособени производи и можности за вмрежување. За нив, пристапот до финансии е од суштинско значење за инвестирање во нивниот бизнис и постигнување на нивните деловни цели. За таа цел, ПроКредит банка креираше комплетна понуда, специјално дизајнирана да одговори на нивните потреби.

„Поддршката на жените во претприемништвото е клучнa за создавање одржлива и инклузивна економија. Охрабрувањето на повеќе жени да заземат претприемачки и лидерски позиции не е само прашање на промовирање на родовата еднаквост, туку и на женското претприемништво кое може дополнително да придонесе за развојот на економијата во нашата држава. Преку оваа иницијатива, жените претприемачи имаат можност да добијат олеснет пристап до кредити без потреба од хипотека, со флексибилни рокови на отплата и грејс периоди. Со тоа им обезбедуваме пристап до финансиски ресурси со услови специјално креирани да одговараат на нивните бизнис планови. Секоја жена сопственик на бизнис ќе има свој банкарски советник, кој со стручни насоки и поддршка ќе помогне и поттикне раст и развој на бизнисот“ – изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Програмата Women in Business опфаќа и целосен пакет на банкарски услуги приспособени да ги задоволат потребите на жените претприемачи, од решенија за целосно дигитално банкарство до кредитни картички, како и пристап до работилници, менторство и настани за вмрежување, овозможувајќи поврзување со истомисленици и проширување на своите професионални мрежи.

Александра Вукосављевич, Директор на финансиски институции, Западен Балкан, ЕБОР, изјави: „Женското претприемништво игра клучна улога во создавање работни места и поттикнување на економскиот раст. Ние цврсто веруваме во тоа дека создавањето еднакви можности за жените во бизнисот не е само прашање на родова еднаквост, туку и економски приоритет. Затоа во земјите каде што работиме ги поддржуваме жените претприемачи да ги остварат своите цели и да бидат повеќе инволвирани во бизнис заедницата“.

Родовата еднаквост, инклузивноста и еднаквите можности се принципи во ПроКредит Банка поставени уште од нејзиното основање и остануваат основни темели на нивната корпоративна култура до ден денес. Потврда за тоа е 84% учеството на жени на раководителски позиции што е далеку повисоко во однос на просекот во банкарскиот сектор. Овој факт сам по себе зборува дека на жените не им е дадена само шанса да се вработат, туку и можност за развој, кариера, напредување и вреднување на нивниот труд. Преку промоција на овие вредности и надвор од институцијата, преку поттикнување инклузија и женско претприемништво во локалната економија, банката има за цел да придонесе кон креирање работни места и стимулирање на економскиот развој преку иновации, конкурентност и понапредни деловни практики.

Сите информации и услови за новиот бизнис пакет за жени претприемачи е достапен на следниот линк.

Банки

Вкупната актива на банките во ЕУ порасна на 34,33 трилиони евра

Објавено

на

Вкупната актива на кредитните институции со седиште во Европската Унија достигна 34,33 трилиони евра на крајот на март 2026 година, што претставува раст од 3,63 отсто во однос на 33,13 трилиони евра во март минатата година, покажуваат најновите консолидирани банкарски податоци објавени од Европската централна банка (ЕЦБ).

Во истиот период, уделот на нефункционални кредити во банките во ЕУ се зголемил за 0,02 процентни поени на годишно ниво и во март изнесувал 1,98 отсто.

Според ЕЦБ, агрегатниот принос на капиталот на кредитните институции во ЕУ изнесувал 2,44 отсто, додека стапката на основен сопствен капитал од највисок квалитет, односно CET1, била 16,27 отсто.

Објавените квартални податоци опфаќаат 335 банкарски групации и 2.284 самостојни кредитни институции, како и подружници и филијали под контрола на субјекти надвор од ЕУ кои работат на европскиот пазар. Според ЕЦБ, податоците покриваат речиси 100 отсто од билансот на банкарскиот сектор во Европската Унија.

Базата содржи показатели за профитабилноста и ефикасноста на банките, структурата на билансите, ликвидноста и финансирањето, квалитетот на активата, капиталната адекватност и солвентноста.

ЕЦБ посочува дека повеќето институции ги применуваат Меѓународните стандарди за финансиско известување и техничките стандарди на Европската банкарска управа, иако дел од малите и средните институции користат национални сметководствени стандарди.

Поради недостапност на податоците за Данска за првиот квартал од 2026 година, при пресметката на агрегатните податоци за ЕУ биле користени податоците од четвртиот квартал од 2025 година, а кај одредени показатели и податоци од првиот квартал од 2025 година.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со каматна стапка од 4,9% за купувања со Mastercard Standard

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди каматна стапка од 4,9 проценти за сите купувања направени со Mastercard Standard кредитна картичка до крајот на годината.

Од банката информираат дека заинтересираните граѓани можат да поднесат барање за кредитната картичка онлајн преку интернет-страницата на Стопанска банка, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала.

Понудата е наменета за корисниците кои сакаат да ги користат можностите на кредитната картичка за своите секојдневни и летни купувања, со промотивна каматна стапка до крајот на годината.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со поволности за корисниците на Mastercard World Debit

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди повеќе поволности и премиум привилегии за корисниците на Mastercard World Debit картичката, меѓу кои и бесплатен пристап до аеродромски салони ширум светот.

Според информациите објавени од банката, корисниците на картичката добиваат шест бесплатни посети во повеќе од 1.500 Lounge Key аеродромски салони низ светот, при што поволноста важи за сопственикот на картичката и неговиот сопатник.

Во пакетот е вклучена и асистенција на пат за Европа преку Халк Осигурување.

Дополнително, корисниците имаат бесплатно електронско и мобилно банкарство, бесплатно СМС информирање, како и можност за повлекување готовина без надомест од сите банкомати во земјата.

Со овие поволности, Mastercard World Debit е насочена кон корисници кои бараат дополнителни услуги при патување, но и поедноставно секојдневно банкарско работење.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange