Connect with us
no baners

Банки

ПроКредит ја обнови платформата “Школа за новинари” – првиот настан со фокус на ESG концептот

Објавено

на

Во пријатна и работна атмосфера помина новото издание на Школата за новинари, која се одржа на 22 јуни во просториите на Академијата на ПроКредит Банка во Велес, во организација на ПроКредит банка. Во согласност со својата посветеност за одговорно банкарство и одржлив развој, темата на овој настан беше „Одговорност во пракса: Разбирање на ESG концептот.” 

ESG практиките и известувањата според ESG брзо се наметнаа како актуелни прашања од глобален интерес, кои го опфаќаат односот на компаниите кон животната средина, кон општественото окружување во коешто делуваат и кон корпоративното управување на компанијата.

За предавачи и говорници на Школата внимателно беа избрани докажани експерти од областите на економијата, претприемаштвото, економското новинарство и комуникациите. Во своите излагања говорниците се осврнаа на значењето на ESG
(Environmental, Social and Governance) стандардот и неговата поширока примена при новинарското известување и корпоративното работење, како поттик за одговорни практики и поставување на позитивен пример во општеството. Се акцентираа долгорочните придобивки од навременото имплементирање на ESG стандардите за одговорно управување, мерење и намалување на штетното влијание предизвикано од активностите на компанијата, како и правилно искористување на човековиот капитал.

„ESG е влезено во ДНК на функционирање на системот и веќе не е прашање дали да се имплементираат овие стандарди. За да бидат прифатливи за пазарот на ЕУ, неопходно е домашните компании да ги вклучат во своето работење. Ова е трка на долги патеки. Потребно е компаниите преку својот личен пример да бидат поттик за останатите да ги следат”, изјави Зоран Мартиновски, истакнат професионалец во доменот на развојните финансии со над 30-годишно меѓународно деловно искуство, осврнувајќи се на значењето на ESG како нов концепт во работата и функционирањето на компаниите на глобално ниво.

Недостатокот на квалитетен кадар, но и на работна сила воопшто, е горлив проблем со кој се соочува не само светскиот, туку и домашниот бизнис сектор. Промена на односот кон вработените во компаниите, вистинско вреднување на трудот, континуирано вложување во вработените и респективно менаџирање со човечкиот потенцијал, се клучни за зачувување на квалитетниот кадар во државата.

Токму медиумите како седма сила, ја имаат моќта да бараат одговорност од компаниите за поголема транспарентност, редовно да ги потсетуваат за влијанието што го имаат во општеството и животната средина, но пред сѐ кон вработените, како круцијална движечка сила. Како јадро на критичка мисла и поттикнувачи на промените, потребна е соодветна едукација на новинарите како да се движат низ нефинансиските извештаи, како да itGroup откријат greenwashing (однесување или активност што ги тера луѓето да веруваат дека компанијата прави повеќе за да ја заштити животната средина отколку што навистина прави), како и кои прашања да ги постават за да стигнат до вистината за одговорното однесување на компаниите.

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит банка го истакна позитивниот пример на банката во имплементација на одговорни практики на работа веќе 20 години.

„Концептот на управување според ESG стандарди е длабоко интегриран во работењето на ПроКредит банка веќе долги години, и споделувајќи го својот успешен пример, нашата цел е да поттикнеме позитивни промени во општеството и во бизнис заедницата. Неслучајно и ја одбравме оваа тема како прва во низата настани кои следат под платформата „Школа за новинари”, со цел да ја потенцираме улогата и одговорноста на сите страни во градење одржлива иднина. Горди сме што сме лидери во банкарскиот сектор во примена на ESG практики, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Соочени со предизвиците на денешницата, сметаме дека овој принцип на работа станува сè поважен во периодот кој следи, а тоа дополнително нè мотивира уште повеќе да се посветиме и активно да инвестираме во долгорочен развој на економијата, општеството и екологијата”, додаде тој.

Промовирајќи позитивна и одговорна култура на работење, ПроКредит транспарентно ги објавува своите резултати во ESG извештаи, кои се достапни на нивната веб-страница.

„Извештајот за одржливост е документ кој ПроКредит го објавува јавно на својата веб странца секоја година, како нефинансиски извештај за влијанието кое сме го оставиле позади нас изминатата година, вклучувајќи транспарентни и мерливи податоци за нашите еколошки практики, намалување на ЦО2 емисии, поддршката на МСП секторот, начинот на управување, третманот на вработените. Целта на овој извештај е да ги следиме трагите кои ги оставаме позади нас, и да инвестираме во подобрување на перформансите. Само на ваков, транспарентен начин на известување, можеме да зборуваме за систематизиран пристап кон одговорни практики”, истакна меѓу другото Добринка Стефанова, координатор на секторот за управување со животна средина во ПроКредит банка.

На панел дискусијата „ESG во пракса на локалниот пазар”, на која земаа учество и Зоран Радоњанин, ко-сопственик на Фејдом, Владимир Златковски, директор на продажба и маркетинг во Винербергер, Ирена Јакимовска сопственичка и управителка на Комфи Ангел, се отвори прашањето како да се мотивираат домашните компании да го применат овој концепт, при тоа не стравувајќи за својот опстанок. Искуствата на овие компании се позитивни и претставуваат светол пример за навремено фаќање ритам со светските новини во бизнисот.

Панелистите се согласија дека профитот не треба да биде единствено мерило за успехот на компанијата. Напротив, модерните компании кои тежнеат само кон профит, се заглавени во минатиот век, и како што истакна Мартиновски „се најсиромашните itGroup компании”, затоа што „најголемата вредност на една компанија се среќните и задоволни лица на вработените”, дополни Ирена Јакимовска. Клучна улога во менување на јавната свест играат медиумите, банките и компаниите.

Последниот, едукативен дел на тема „ESG во новинарството (CSR vs ESG)” , и припадна на Билјана Трендафилова, долгогодишна уредничка, економска новинарка и креатор на повеќе приватни медиуми во Македонија, чиј фокус е ориентиран кон комуникациите, односите со јавноста  и интерниот маркетинг. Таа упати апел до новинарите да се борат позитивните и успешни корпоративни приказни да се позастапени во нивните медиуми, како би поттикнале други компании да го следат нивниот пример, од што секој од нас би имал корист. На тој начин би се изградила подобра иднина за следните генерации.

Темата поттикна плодна дискусија меѓу присутните новинари и претставниците од приватниот и банкарскиот сектор. Се разменија корисни мислења и искуства за ESG, но и генерално за транспарентноста на компаниите и нивното влијание во општеството.

Школата за новинари на ПроКредит Банка побуди голем интерес кај нашите новинари кои обработуваат теми од економска, финансиска, банкарска сфера, како и од доменот на заштитата на животната средина и одржлив развој и нивните долгорочни придобивки за градење на подобро општество за сите. По повод својот јубилеј, ПроКредит ја возобнови оваа школа која била активна и пред 10-тина години и најавија дека истата ќе стане платформа на која редовно ќе комуницираат со новинарите, и преку која ќе инвестираат во едукација на теми кои се важни за целото општество.

Банки

Добивката на УНИ Банка намалена за 61 отсто во првиот квартал

Објавено

на

УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката.

Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра.

Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите покажуваат значително послаб финансиски резултат во однос на првиот квартал минатата година.

Продолжи со читање

Анализи

Монетарни движења во април: Пад на депозитите, но силен раст на кредитите

Објавено

на

Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%.

Во истиот период, вкупните кредити се зголемени за 1% на месечно и за 13,3% на годишно ниво, што укажува на континуирана кредитна активност кај компаниите и домаќинствата.

Кредитирањето на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 15%, додека кредитите на домаќинствата се зголемени за 11,9%. Кај граѓаните, најизразен раст и понатаму имаат потрошувачките и станбените кредити. Потрошувачките кредити во април пораснале за 1,2% на месечно и 11,2% на годишно ниво, додека станбените кредити бележат раст од 1,3% месечно и 16,2% на годишна основа.

Од Народната банка посочуваат дека депозитите на домаќинствата во април се зголемени за 1,6% на месечно ниво и за 10,5% на годишно ниво, поттикнати од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута.

Податоците упатуваат на комбинирани движења во монетарниот сектор – умерено забавување на депозитната динамика во корпоративниот сегмент, при истовремено засилена кредитна активност и стабилен раст кај населението.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со нова инвестиција од 40 милиони евра го зајакнува капиталот во Македонија

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје доби нова докапитализација во вредност од 40 милиони евра од матичната банка Halkbankası AŞ, со што дополнително ја зајакнува својата позиција на македонскиот банкарски пазар.

Со најновото зголемување на капиталот, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигна 2,15 милијарди евра, додека вкупниот капитал на Банката сега изнесува 412 милиони евра.

Од Банката посочуваат дека ова е уште една потврда за континуираната поддршка од матичната банка, која и во изминатите години инвестираше во развојот и капиталното јакнење на Халкбанк во земјава.

Новата докапитализација, според Банката, ќе овозможи поголем кредитен потенцијал, поддршка за компаниите и граѓаните, како и натамошни вложувања во дигитални и финтек решенија.

„Оваа докапитализација е потврда дека Халкбанк не е само финансиска институција, туку долгорочен партнер на македонската економија. Со поддршка од нашиот силен сопственик, продолжуваме да градиме банка која е синоним за доверба и напредок“, велат од Банката.

Оттаму додаваат дека со засилен капитал и стабилна актива, Банката ќе продолжи да финансира развојни проекти и да обезбедува поддршка за домашната економија во услови на глобални економски предизвици.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange