Connect with us
no baners

Продукти

Продолжено уживање со Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка со најдолг рок на отплата до 120 месеци

Објавено

на

Разбудете нова енергија во секојдневниот живот! Внесете нова убавина во домот! Дозволете си нови доживувања! Уживајте во пролетта со задоволства што се паметат благодарејќи на атрактивниот Потрошувачки кредит од Комерцијална банка, кој е со најдолг рок на отплата од дури 120 месеци.

Сега е и со продолжен промотивен период до 30.04.2023 година, во кој со ненаменскиот потрошувачки кредит на Комерцијална банка си обезбедувате и помало месечно оптоварување на семејниот буџет.

Кредитот е со максимален износ до 30.000 евра и со вклучено осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со што е вистинско решение за задоволување на вашите желби и потреби како што вам најмногу ви одговара.

Повеќе информации за условите, калкулаторот за рата и потребните документи за аплицирање за потрошувачкиот кредит ви се достапни на следниот линк.

Продукти

Одмор или реновирање? Сега не мора да бирате

Објавено

на

Флексибилно решение за сите летни планови

Понекогаш не станува збор за избор помеѓу одмор или реновирање, туку за желба да се реализираат и двете нешта, без финансиски компромиси. Летото е период кога сите се стремиме кон промени – некои ја бараат свежината на нов простор дома, други посакуваат позитивна промена од секојдневието. А честопати и едното и другото се подеднакво заслужени.

Халкбанк, како банка која што гради долгорочни односи со клиентите и нуди производи според реалните потреби, овозможува потрошувачки кредит што се вклопува во секојдневието, со поволни услови, стабилни каматни стапки и поддршка која носи сигурност. Со овој кредит, можете да аплицирате за износ до 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата од 5%, што значи дека ги знаете вашите месечни обврски уште од самиот почеток. Аплицирањето е ослободено од провизија, а доколку во иднина се решите за предвремена отплата – и таа е без дополнителни трошоци. Сето тоа ја прави оваа кредитна понуда транспарентна и лесна за планирање.

Поддршка без компликации

Да се биде примател на плата во Халкбанк значи да имаш пристап до поддршка што функционира лесно, навремено и во твоја корист. Тоа се оние мали, но важни предности што прават голема разлика во вистински моменти. Кога планираш реновирање, патување или нешто трето што не трпи одложување, времето е пресудно. Токму затоа, процесот е прилагоден за сè да се заврши со минимален напор и максимално брзо. Сè е поставено така што ќе знаеш каде си, што те чека и кога ќе ги добиеш потребните средства, всушност како што треба да изгледа секоја вистинска поддршка.

Кога знаете дека зад вас стои стабилен финансиски партнер, секој ваш план може да биде остварлив. Со потрошувачкиот кредит од Халкбанк, не се откажувате од едно за да добиете друго, туку добивате поддршка да ги реализирате сите ваши замисли, со сигурност, контрола и без дополнителен товар. Изберете решение што се прилагодува на вашиот живот. Изберете паметно. Изберете Халкбанк.

Продолжи со читање

Продукти

Комерцијална банка влегува во СЕПА системот – нова ера на трансакции со Европа

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје официјално доби одобрување од Европскиот совет за плаќања за приклучување кон СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) шемата за кредитен трансфер. Банката ќе биде формално вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА кредитен трансфер на 8 август 2025 година.

Во периодот што следи, Комерцијална банка интензивно работи на спроведување на потребните технички интеграции за да им овозможи на своите клиенти – физички и правни лица – брзо, безбедно и едноставно извршување на еврo-плаќања кон земјите од Европската економска зона, како дел од СЕПА мрежата.

Ова претставува значаен чекор во модернизацијата на платежните услуги и нова можност за клиентите кои имаат деловни и приватни трансакции во евра. СЕПА системот обезбедува стандардизирани, ефикасни и поевтини трансакции во евра – со исти услови како домашните плаќања во националната валута.

Со ова, Комерцијална банка ја зацврстува својата позиција како водечка финансиска институција која прави стратешки чекори кон европските интеграции на македонскиот банкарски систем.

Продолжи со читање

Продукти

Халкбанк од денеска е комплетна дигитална банка – пристап до сите услуги и онлајн

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје продолжува да ги поставува стандардите во домашниот банкарски сектор со својата дигитална трансформација. Најновата иновација, можноста за онлајн отворање платежна сметка и електронскобанкарство значи чекор поблиску до концептот на комплетна дигитална банка, каде што клиентите можат да пристапат до целосната понуда на банкарски услуги од каде било и во секое време.

Од денеска, сите заинтересирани граѓани резиденти може да отворат платежна сметка и да станат корисници на електронско и мобилно банкарство без физичко присуство во филијала. Постапката е едноставна, брза и целосно безбедна, преку OneID – националниот систем за електронска идентификација, корисникот се најавува, а потоа се пренасочува до апликацијата за отворање платежна сметка и електронско банкарство. Дел од личните податоци автоматски се внесуваат, а договорите се потпишуваат електронски. По завршување на процесот, клиентот добива ЛИБ код за активирање на електронското банкарство.

Со ова, Халкбанк овозможува целосен дигитален пристап до своите услуги. Откако ќе отворите сметка, можете веднаш да аплицирате за дебитна или кредитна платежна картичка, дозволено пречекорување, кредитни производи и депозити, сè преку електронско банкарство.

Со воведување на вакви функционалности, Халкбанк ја потврдува својата посветеност кон унапредување на клиентското искуство и градење на модерна, технолошки напредна и достапна банка. Притоа, сите дигитални решенија се надополнување, а не замена за постојната банкарска инфраструктура – филијалите и понатаму остануваат на располагање за сите кои имаат потреба од физичка поддршка или консултација.

Започнете го своето дигитално банкарско искуство со Халкбанк уште денеска, брзо, сигурно и целосно онлајн.

Продолжи со читање

Популарно

no baners