Connect with us

Депозити

Комерцијална банка ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 01.05.2023 година, банката ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци (CHF), и тоа:

  • Укинување на надоместокот за водење девизни платежни сметки во валута швајцарски франци (CHF);
  • Укинување на провизијата при уплата на готовина во валута швајцарски франци (CHF);
  • Намалување на провизиите за исплата на готовина во валута швајцарски франци (CHF) од 0,50% по поединечен налог (мин. 250 ден. – макс. 6.000 ден.) на 0,10% по поединечен налог (мин. 30 ден. – макс. 500 ден.).

За повеќе информации може да ја контактирате Комерцијална банка АД Скопје на адресата на електронската пошта: stedenje@kb.mk, или на телефонскиот број (02)3168-165.

Депозити

„Растеме заедно“ – Детско штедење од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка 4,1%

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Одбележан Светскиот ден на штедењето, промовиран Букварот за финансиска едукација и доделување детско штедење на Идолите на Халки

Објавено

на

Со целодневна едукативно-забавна работилница за деца, промоција и видеопроекции и многу музика, Халкбанк АД Скопје вчера во Градскиот парк во Скопје го одбележа 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето. Со тоа беше заокружена кампањата „Среќата е во малите чекори“ и низата активности со кои банката го одбележа месец октомври. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

31 Октомври – најсреќниот ден за „Верверичката“ на Комерцијална банка

Објавено

на

Децата се нашата среќа, нашето наследство и иднина, но и нашата одговорност. Нашиот влог е да израснеме образовани, одговорни и амбициозни млади луѓе кои ќе можат понатаму успешно да се носат со предизвиците на животот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно