Connect with us

Банки

Оваа недела ќе се одржи 46. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 30 март 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 46. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На сесијата ќе бидат презентирани трудовите:

„‘Преговарај за својот удел: Улогата на преговарачката моќ на работниците за трудовиот удел, со осврт на транзицијата“ од Марјан Петрески и Стефан Таневски, и „Влијанието на кредитирањето врз економската активност во Република Северна Македонија“ од Борче Треновски и Дашмир Саити.

По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 29 март 2022 година (среда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Банки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Објавено

на

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки станбени и хипотекарни  кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови.

Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти.

Тие може да изберат Потрошувачки кредит до 2.000.000 денариОнлајн потрошувачки кредитСтанбен кредит или Хипотекарен кредит и да уживаат во бројни погодности, а пред сѐ во пониски месечни рати. По нивна желба може да изберат и период со атрактивна фиксна каматна стапка.

А, доколку се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот.  

Со ова клиентите добиваат:

  • Пониски каматни стапки за уште поповолни месечни рати
  • Долг рок на отплата прилагоден на можностите на клиентот
  • Можност за осигурување на кредитот за финансиска безгрижност
  • Едноставна постапка за аплицирање

Без разлика дали планираат патување, семејна прослава, уредување на домот, нов стан или автомобил, а можеби и факултет за матурантот Комерцијална банка им овозможува поволни услови за остварување на овие убави планови.

Сите соништа и планови се вредни за да се остварат затоа што носат насмевка, возбуда и бесценети спомени!

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка најавува нов изглед и иновативни функционалности за Интернет банка за да одговори на современите потреби на корисниците

Објавено

на

Комерцијална банка со задоволство ја најавува новата Интернет банка со современ дизајн и напредни функционалности за врвно корисничко искуство.

Интернет банката ќе добие целосно нов лик и многу нови можности за да одговори на современите потреби на корисниците.

Што носи новата Интернет банка?

  • Интуитивен и модерен дизајн за лесно користење
  • Напредни алатки за подобро управување со финансиите
  • Брзи трансакции со омилени налози
  • 24/7 преглед и контрола врз финансиите

Подготви се за ново ниво на твоето дигитално банкарство!

Погледнете ги новиот изглед и новите функционалности на Интернет банката на следниот линк.

Продолжи со читање

Банки

TTK Банка АД Скопје ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на 14.02.2025 година ја исплати петтата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници – втора емисија со ISIN MKTTKS200020 и шифра TTKO2.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – втора емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.2.2025 година. 

Во февруари 2020 година ТТК Банка АД Скопје ја издаде втората емисија на корпоративни обврзници од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра и фиксна каматна стапка од 2,7% на годишно ниво.

Продолжи со читање

Популарно