Connect with us
no baners

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Службата за кредитни ризици за големи и средни претпријатија во рамки на Секторот за кредитни ризици го зајакнува својот тим на успешни професионалци.

Доколку сакате да бидете дел од тимот и имате амбиција за унапредување на активностите во сегментот на управување со кредитни ризици за корпоративни клиенти, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Финансиски аналитичар

Улога во тимот:

  • Квалитетно управување со кредитните ризици во Банката, како и почитување на минимални стандарди и методологија за бонитетна класификација и почитување на законски прописи од областа;
  • Прибирање и проверка на комплетна документација, анализа и проценка на финансиските извештаи и проекциите на готовински текови на правни лица;
  • Утврдување на бонитет на правни лица, давање на предлог мислење за пласмани како и коодлучување за пласмани заедно со релевантните сектори.
  • Следење на законската регулатива од областа на управувањето со кредитни ризици, Мерила и постапки за одобрување на пласмани во НЛБ Групација и Стандарди од областа на ризиците на ниво на НЛД ДД;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование, Економски факултет;
  • Минимум 2 години работно искуство во сегментот на кредитни ризици;
  • Претходно искуство во сегментот на кредитирање на правни лица и/или познавање на сметководствени практики; стандарди ќе се смета за предност;
  • Познавање и толкување на основните финансиски извештаи на претпријатијата (биланс на успех, биланс на состојба), како и познавање на концептот на готовински тек и неговите клучни двигатели;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура базирана на флексибилно работно време и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложиш амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV), најдоцна до 19.02.2024 година на: [email protected], со назнака за Финансиски аналитичар – Сектор за кредитни ризици.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

АЛТА банка Белград го зголеми уделот во АЛТА банка Битола

Објавено

на

АЛТА банка АД Битола информира за промени кај акционери со значителни удели, согласно Правилата за котација на Македонска берза.

Акционерот АЛТА банка АД Белград се стекнал со дополнителни 9 обични акции, со што вкупниот број акции што ги поседува достигнал 372.037.

Со ова, АЛТА банка АД Белград сега контролира 95,1557 проценти од вкупниот број на обични акции издадени од АЛТА банка АД Битола.

Известувањето е објавено на 14 април 2026 година, согласно член 38 став 2 од Правилата за котација на Македонска берза.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ќе започне со исплата на дивиденда на 4 мај

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 04.05.2026 година ќе врши исплата на дивиденда за 2025 година. Право на исплата на дивиденда за 2025 година имаат сите акционери на Комерцијална банка кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2026 година.

Исплатата на дивиденда на правните лица ќе се врши со пренос на средствата на нивните платежни сметки во Комерцијална или во друга банка.

Согласно Законот за данокот на личен доход, Комерцијална банка, како исплатувач на доход по основ на дивиденда, пресметката и плаќањето на данокот на доход и исплатата на дивидендата на физички лица ќе ги врши со поднесување електронска пресметка за бруто-доходот и за данокот по одбивка (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку системот е-Персонален данок.

Е-ППД системот не прифаќа неточни и непотполни податоци. Затоа се повикуваат сите акционери-физички лица кои не се запишани во евиденцијата на УЈП како даночни обврзници да преземат соодветни мерки за нивно запишување согласно процедурите на УЈП. Ова особено се однесува на малолетните лица и/или други лица кои досега не биле приматели на оданочив доход од кој било вид во Република Северна Македонија.  

Средствата од дивидендата за 2025 година преку е-ППД системот ќе бидат уплатени на платежните сметки на физичките лица во Комерцијална банка АД Скопје. Исклучок ќе бидат лицата кои имаат дадено овластување/инструкција за пренос на дивидендата на платежна сметка во друга банка. Комерцијална банка во таков случај средствата од дивидендата преку е-ППД системот ќе ги уплати на назначената платежна сметка. Доколку некој акционер, резидент физичко лице, нема дадено такво овластување, а сака дивидендата да му биде исплатена на платежна сметка во друга банка, треба да го стори тоа преку доставување инструкции во електронска форма, а кои може да се најдат на веб-страната на Банката www.kb.mk, во делот ЗА НАС \ Односи со инвеститори.

Согласно  Законот за данокот на личен доход, Банката по извршената исплата на дивиденда, ќе ја издаде пресметката за аконтација на данокот на доход од капитал-дивиденда остваренa со учество во добивката во 2025 година, a исплатена во 2026 година, и истата ќе биде достапна за секој акционер евидентиран во книгата на акции на 14.04.2026, преку шалтерите на Банката. 

Ги информираме акционерите корисници на електронско/мобилно банкарство на Банката дека пресметката ќе биде достапна и преку овие канали.

Дополнителни информации може да се добијат на телефонските броеви: (02)  3168-323; 3168-309; 3168-311; 3168-313.

Продолжи со читање

Банки

Старее населението во земјава: расте бројот на пензионери, здравствениот систем под притисок

Објавено

на

Македонија се соочува со сериозни демографски и здравствени предизвици, покажуваат најновите наоди на Државниот завод за ревизија, презентирани од главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Според податоците, се бележи континуиран пад на младото и работоспособното население, што резултира со состојба во која бројот на пензионери веќе го надминува бројот на вработени. Овој тренд отвора прашања за одржливоста на пензискиот систем и ја нагласува потребата од системски реформи, како и од развој на услуги за грижа и нега на постарата популација.

Ревизорите укажуваат и на сериозни слабости во здравствениот систем, особено во делот на раното откривање на малигни заболувања. Според извештајот, пациентите чекаат со месеци за резултати од испитувања, а во одредени случаи и до половина година.

Како особено проблематично се издвојува чекањето за мамографски прегледи, каде што од моментот на скрининг до реализација на прегледот поминуваат повеќе од 150 дена.

Од ДЗР потенцираат дека се неопходни итни мерки за подобрување на состојбите, вклучително и зголемување на бројот на медицински кадар, соодветно вреднување на нивниот труд и поефикасно користење на постојната медицинска опрема, дел од која во моментов не е целосно искористена.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange